Ако не е од градинка, ќе ја најдиме болеста и на друго место ние, не остануваме рает Што ви препишаа? Не се плаши, мојата денес на контрола, јас спремна со атб, а докторката денес вика чиста е веќе на плуќата Среќа што не дадов вчера ништо. 4 дена инхалации физиолошки со Вентолин и тоа беше се.
Му земаа и брисеви ќе ги чекаме резултатите, а секако има бактерија од претходно во носе и му препиша Амоксиклав зашто скоро пиеше Сумамед. Вика доаѓа зимата да ги 'чуваме' појаките антибиотици ако има потреба понатака. На време сме го фатиле уште не е тешка форма.
Ако нема проблем од бактеријата види прашај дали има стварно потреба од антибиотик. Ние сме решавале наоди на плуќа само со инхалации без антибиотици. За спуштено на плуќа на комшиите матичниот обавезно има дава антибиотик. Не знам зошто. и види прашак за нешто за подобрување на имунитет. Мене Сумамед ми е прилично јак. Матичната го смета за последна инстанца пред интравенозни антибиотици. До сега пиел најчесто Амоксиклав, два пати Трицеф, еднаш Панцеф и еднаш Сумамед. Антибиотик добива само ако бактеријата е во грло. Ако е само во нос сме лечеле со капки за нос (еднаш во нив имавме растворено антибиотик).
Многу почесто вирусите предизвикуваат бронхити и пневмонии, за разлика од бактериите. Вирусите се заразни, да. Ама дека кај сите заразени ќе има бронхитис/пневмонија по дифолт, тоа не. Зависи од имунитетот.
Крвната слика покажа покачени леукоцити, лимфоцити другото не стигнав да видам, Црп 50 (пред 5 дена Црп беше 1). А летото пред да пие Сумамед лечевме локално со цитерал, па следно разболување Алицеф, панцеф и тек тогаш Сумамед и заврши конечно. И докторката прееска ми рече дека не би лечела мораксела ама вика секако ќе се исчисти сега со Амоксиклавот. За имунитет ми рече секако сега пред зимата дека ќе му препише нешто ама да оздрави прво, да не го презаситиме со сирупи, капки, па да го одбива и антибиотикот (и кажав дека периодов ни д3 капките не сака да ги пие од сабајле, одбива се што е во шишенце). Да се надополнам, не е без ништо за имунитет. Му давам маџун, мед со прополис и матичен млеч, Ацерола, семе од коприва и оброците се трудам да му бидат здрави ама многу ми одбива храна периодов. Еве почна да кашла, па ич ништо не сака.
Оф леле. Душичка. Ајде ќе се среди ваљда. Јас Д3 земав директно во уста што се прскаат како спрејче лани. Чисто да не биде уште едно нешто што се крие во сок. Немаа никаков вкус или мирис само како маслена капка се. Види прашак и за нив. Солдевит се викаат. И на мојов (иако е прилично постар) интересно му се виде да се прскаме. Прскав и јас по една капка. И така како игра беше се. Убав вкус од мултивитамини му имаат на Бекутан кесичките па во нив го криев Дефендилот лани и така се снаоѓавме. Антибиотик и антипиретици му давам директно од пипетата за тоа само ми е страв да кријам во сок за да идам сибурна дека се ќе испие.
Јас д3 почнав на лепче да му ги капнувам од вчера и не ги осеќа. Од сабајлево ставам омега во сок, а сирупи за температура не сум дала одамна, само чепчиња. Порано ми успеваше на сила, се дави малку ама ќе го испие, сега порасна малку и го држи на грло, па ќе го плукне директно кај мене во лице. Шанса нема. Од вечерва ќе го почнам антибиотикот, смеам во малку сок? Знам дека теорија нема да го испие ни во лажиче, ни во шприц. А Дефендилот чудо го пиеше без проблем дури сам ми го подаваше шишето.
Мајки неколку месеци мака мачиме со крв во столица.Ќерка ми е 2 години.Правевме ,ехо,копрокултура,алерго тест се е во ред.Бевме на детски хирург во Ремедика кај Ацо Димов ја виде и рече дека е фисура ни даде само Антролин и рече дека не е страшно.Но еве месец време не минува.Не се жали на болки ,столицата и е нормална,а крв има скоро секој ден.Го прашав докторот да не е нешто друго,вика ако има друго ќе се жали на болки,ќе им грчеви во стомак а кај неа се е нормално.Имал ли некој слично искуство?
Имавме ние... Траеше 2ипол години од негови 2ипол до кај 5г некаде. Ние 100 испитувања направивме за се што може да се замисли, плус ехо и компјутерски и рентген снимки. Се во ред беше, а он со крварење. На сите клиники во Скопје бевме и дури и до Белград кај добар доктор. Кај моето дојде и до анемија поради тоа...На 5г престана само од себе и за 2м крвната слика стана одлична. Моето има вродена долихосигма, тоа е дебелото црево е подолго од што треба (тоа на иригографија го видоа), па според докторот во Белград, најверојатно беше пукање за слузницата при напон за какање баш поради тоа што цревото е многу долго и на едно место насобрано и стуткано... Но точно сепак не дознавме што беше, но можно е да е тоа, затоа што како се извиши и порасна, престана крварењето... Знам само дека се изнамачивме, некогаш беше помалку, некогаш повеќе..
Мојава денес па со подобра крвна слика од пред 2 дена. Ни сменија терапија, со Кортаир да инхалираме и Лоратадин да и давам. Се расцепи од кашлање сирота, на пола мин еден период кашлаше ептен суво На плуќа чиста, црпто пониско од пред 2 дена, еве ја дури сега после ручек смири со кашлицата и кашла поретко.
А како и беше кс до денес? Мојата имаше 14 леукоцити ( од кои покачени беа гранулоцити) и црп 9ка. И кај нас беше тоа суво нападно кашлање на почеток. Покриена е со инхалации, ќе се подобри.
Не е иста терапијата, вирусните не се лечат со антибиотик, ама има инхалации за нив. Антибиотик даваат најчесто за да не се накалеми бактериска инфекција, ама и тоа не е секогаш. Докторот треба најдобро да знае да процени што да даде како терапија. Јас лично немам познавања како би се разликувало дали е вирус или бактерија освен по крвна слика.
Еве јас од пред некој ден нели ви се жалев дека детето има 5 дена температура, денес точно 7 дена направи и тт само од себе изчезна, како што пишав и во предходниот пост кс супер се во граници на нормалата, чисто грло и плуќа, мокраќа исто така супер. Како што кажа анах кај детето беше вироза која го држеше 7дена. Не почнав со антибиотик, туку само сируп за тт давав. Да напоменам скоро секој 2 ден одев кај матичната за го наслуша и правев 2 кс во овие 7 дена
Мојава како и дадов лоратадин пресече кашлицата скроз. Вчера вечерта и дадов, кашлаше уште пола саат додека заспа и после не се искашла ич, цела ноќ мирно и еве ја сабајлево станата 2ч не кашла ич. Зар е можно да е алергиска кашлица... А ств ни мрсули, ни ништо др немаше, освен јаката кашлица....Сменив прашок за перење алишта, можно е да предизвика тој таква кашлица, а не осипи???