Мајки, сум го фрлила листот од Лоратадин сирупот, не знам колку да дозирам за дете од 10 кг. И дали се дава навечер или сабајле (обично за алергија навечер знам дека се дава заради тоа што предизвикува поспаност)? Дали има врска пред/по јадење??
И мојава пие сакав да ти сликам, ама и јас сум фрлила. Навечер се дава зошто успива.. Мојата е 16ипол 17кг, пие 5мл, најверојатно 2.5 треба за вас. Имаш на нет упатство, пиши Лоратадин сируп Алкалоид.
Изгледа сите мачиме маки со затнати носиња и мрсули. Беше дома 1 недела, почна во градинка и за 3 дена се затна. Вирус е сигурно, јаде, пие, весела е ама веќе не се трпи носов, не може да спие и жива ненаспана е
Исто и мене ми треба совет за носот. Оваа година првпат му тече без престан од септември навака. Премногу секрет има, му се слева надолу и му предизвикува кашлица. Во овие 2 месеци 4 пати бевме на матичен и истото, нема црвено грло, синомарин инхалации и нешто за искашлување. Нз наредно што да преземам, да испитам алергија или да земам брис.
Мојава нема мака со нос, грло ама тт чудо едно. Среда вечер качи пред спиење 37,7.. спушти сама и следен ден и вечерта ништо. Ноќта кај 2-3 38,5... Спушти со сируп за 15 мин а за чудо не беше ни топла. И од тогаш ништо буквално. Кс уредна све освен црп кое беше 16, прв пат у живот покачено. Дете без симптоми. Ме мачи да не е некој друг проблем, иако др вели вирусно е. Некој со слично искуство.
На колку време можи да се дава Виранто? Една недела и давав на ќере 2ипол год, и има само 12дена од ко го завршивме. Дали сега можи да и давам пак?
И ние овој последен вирус го поминавме со висока тт, а дете не беше топло. Односно беше, ама не како за 38.7 колку што покажуваше топломерот. Имаше благопокачени гранулоцити и црп 8.9, ама според докторите вирусно. Спуштен секрет на гради, без да се мрсулави нешто претходно посебно. Со 4 дена инхалации со Вентолин помина, ама мене ми е уште мисла до кога вака ќе тераме до болестите. Ова веќе не е "билдање"имунитет, ова веќе психички не истошти и мене и неа
Како да исчистам восок во ушите? Веќе една недела кашла а носот и течи па затнат скоро цел месец. Ја носев на лекар и докторот ми кажа дека има собрано многу восок во десното уво. Рече на памукче да ставам пероксид и да и го чувам во увото околу 15 мин и така неколку дена со ред. Е сега проблемот ми е што таа не сака да го чува памукчето ни 15 секунди во уво а не пак 15 минути.
Ви благодарам на брзите одговори. И порачав спреј, па од утре ќе го користиме, се надевам дека ќе помогне.
Мајки, ај и овде да прашам. Капки за одзатнување на носе на околу 18 месечна возраст, кои ги имате давано? Имам дома аква марис и диво оригано, ама од нив не се одзатнува а навечер кога заспива е проблемов....Некои предлози?
Ма нема она ни на гради ни црвено грло, ништо буквално. Еве 4 ден помина ништо ново не се појави, дете си е здраво. Баш и затоа ми беше мисла да не е некој друг проблем во прашање а не вирусно.
Стави го детето на повисоко да спие и нема да се затне. Оперил смееш само неколку дена да ставаш и после пауза се прави.
Дали сте ги тестирале децата за ковид или вие правите тестови, па автоматски и нив ги лечат така? Конкретно за година ипол. Јас правев од тестовите од аптека негативна сум ама и вакцинирана, немам никакви симптоми моментално, маж ми исто, малиот префати вирус од роднини претпоставувам (последен контакт пред 8 дена), а тие денеска позитивни. Се плашам дека има бронхит пие амоксиклав, дали треба да го тестирам и да му сменат терапија по потреба, некои други анализи или само да останеме изолирани?