1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Не го однесов овој пат кај матичната, директно на пулмолог бевме. А пред некој саат дознав дека родниниве се позитивни, не се консултирав со доктор. Се мислам дали утре да го носам да го тестирам. Веќе е покриен со терапија, не се влошува ситуацијата, па не знам дали да чекам да помине. Во четврток сме на контрола инаку.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.158
    Допаѓања:
    18.262
    Ние кога бевме позитивни (јас и мм) педијатарот рече да не го тестираме мали.
    Тој веќе беше болен од претходно, заради бактерија и си пиеше антибиотик. Кога добивме позитивен тест педијатарот му вклучи само витамин ц и виранто. Можеби и пробиотик не памтам. Појави еден ден тт до 38 и тоа беше се.
    Крвна слика само проверивме.
     
    На mal.ecka и Jana06 им се допаѓа ова.
  3. Girly90

    Girly90 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    1.104
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    Малово кашла скоро цел месец.
    Кашлаше една недела, па имаше тт, па завршивме 10 дена со антибиотик, помина уште една недела од тогаш и еве го уште кашла.
    Матичнава го слушна, вика се е супер, до мрсулите му е, ако му се слеваат надоле.
    А носот е чист.
    Сега поткашлува, еднаш до два пати у денот обично за време на спиење, ама кашла, мислам ќе се удави и тоа трае едно 3-4 минути.
    Имал ли некој вакво искуство или предлог да ми даде што да правам и кај да го носам?
     
  4. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.496
    Ние се тестираме и ако немаме ние не го тестираме мали. Но ако го носиш на детска клиника обавезно ќе ти бараат ковид тест од аптека.
     
  5. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    И јас така правев, не знам веќе колку пати се тестирав.
    Не го носам на клиника ама еднаш кога бевме не ни бараа, а баш се сомневаа на ковид според крвната слика.
    Овој пат е различно дека он беше директно во контакт, а јас не, плус веќе 8 дена качува температура само ноќе и има бронхит. Ептен сомнително и ова денеска како ми кажаа дека се позитивни... Знам дека малите лесно поминуваат со исклучоци, па затоа мислев да не треба нешто да испитаме како возрасните што ги праќаат.

    Кога веќе пишав, да прашам и ова. Дали сте имале проблем на година ипол со ноќното спиење во смисла да се буди на 15мин со плачење, си ја удира главата, ме удира мене и ги фрла нозете нагоре надоле? Втора вечер како ме остава без спиење, таман ќе задремам ќе се разбуди, зомби сум веќе.
     
  6. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.496
    Моето е 13 месеци и сега удира со нозете и се буди и со викање некогаш продолжува сам да спие некогаш ќе се разбуди зависи ама недела дена око немам склопено ми се врти во главава едвај функционирам.

    За температурата мојот немаше бронхит ни црвено грло ама една недела веќе му се фати 37 со 5 температура и сабајле во 3-4 качува 38 и еве 2 дена е добар па ќе видиме. Не мора да значи дека е корона ние па и малиот беше во контакт со позитивни и тоа пример денес биле на гости после 2 дена се тестираат и се позитивни а никој од нас не беше :) индивидуално е. Може да му е температурата од бронхитот.

    Едит: Ако ти е шубе напрај му брз тест од аптека и ќе видиш.
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. CatL4dy

    CatL4dy Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2017
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки. Синчето ми е 3 години, пред 3 недели имаше температура со кашлица, негативен ковид тест, брис од нос streptococus pneumonie и мирна крвна слика. 5 дена изгоре од темп. и ни дадоа две дози амоксиклав. Се опорави, по 3 дена пак температура, пак правиме крвна слика, покачени леукоцити, гнојна ангина, завршивме со панцеф 10 дена. Првите 5 дена пак изгоре од температура. Се опоравивме, го испивме панцефот и два дена по прекин еве го пак температура. Немам памет веќе од што може да биде, каде да одам што све да испитаме, ве молам за помош
     
    На Ana.Jones му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.158
    Допаѓања:
    18.262
    Антибиотикот по антибиограм од брисот го пиеше?
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.004
    Допаѓања:
    21.555
    Пол:
    Женски
    Од 2 роденден до скоро 3 години, секоја ноќ беше таква. Имам пишувано по темиве. Ако сакаш пиши ми пп.
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Јас ја тестирав пред 1г,толку беше 1г и 10м .2 сек работа никакво мачење ни трауми .
     
    На mal.ecka, Jana06 и Mila_Skopje им се допаѓа ова.
  11. stoimanovskamarija

    stoimanovskamarija Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2013
    Пораки:
    506
    Допаѓања:
    1.527
    IMG_20211026_131120.jpg
    Од сабајле и се појави вакво на лицето, дали некој се соочил со вакво што може да е?
     
  12. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.866
    Допаѓања:
    30.993
    Пол:
    Женски
    Ние кога имавме КОВИД се тестиравме цела фамилија вклучително и бебето од 4 месеци. Ако не му направиш тест од каде ќе знаеш дали е или не е позитивен. Му ја претераа кај нас лекариве со заклучување дали е Ковид или не врз основа на крвна слика. Кај двете деца крвните слики беа нормални, само бебето имаше покачени леукоцити, гранулоцити и ЦРП (што во принцип укажува на бактерија), а имаше КОВИД.
    Е сега не знам дали има симптоми детето пред контактот со нив или додека имал он симптоми бил во контакт со позитивни. Ако му се симптоимите од претходно не е баш дека ќе е КОВИД веројатно е претходен вирус и/или бактерија.
    Ако само он имал контакт не знам колку е твојот тест валиден. Ти си посредниот контакт во случајов и тестот од аптека не би требало многу да даде валиден резултат. Тие даваат валиден резултат само ако имаш симптоми (или неколку дена по ризичен контакт).

    Ако сакаш да си на чисто треба на детето да му направиш тест. Кај него мислам дека и брзите тестови би требало да покажат (пошто нели има симптоми). Во Зегин има три различни видови на тестови па види дали некој од нив е за мало дете. Има со плунка, со брис од нос и еден со крв (овој им е најнов). Јас минатата недела земав па затоа знам. Јас го тестирав детето со тој со плунка ама има 5 години и можев да му објаснам како и каде треба да плукне. Тој имаше контакт со позитивно детепа 5 дена потоа имаше затнат нос. Лекар ми кажа дека и брз тест ќе покаже точно зашто затнатиот нос може да е еден симптом. Нас ни беше негативен тестот па потоа според крвна и клиничка слика утврдивме дека е вирус некој.
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. lejlla

    lejlla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2013
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    2.376
    Majki ke ve molam za mislenje. Detevo mi e 22 meseci, bese malku nastinato no sega e mn podobra, vo meguvreme dodeka e nastinata primetiv deka kazuva mn novi zoorovi, nekoi gestikulacii, pa i nekogas povrzuva po dva zborovi kako na pr daj mama, e sega dodeka se odviva seto ova detevo drasticno mi namali na hrana i mleko, mislev deka e od nastinkata no sega e super a taa prodolzuva da odbiva, duri i mlekoto sto go obozavase sega ne go saka, nike se budi za mleko i davam i go pluka ne go saka. Prasanjeto mi e dali i zgolemuvanjeto na fondot na zborovi se smeta kako skok vo razvoj pa mi go manifestira so nejadenje? Inaku go vide detevo doktor se e ok, sekoe mislenje e dobredojdeno :l:
     
    Последна измена: 26 октомври 2021
  14. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.799
    Допаѓања:
    13.371
    Мајки, ве молам за совет. Пред еден месец малата имаше затнат нос и почна да кашла, па крена и тт, матичната и даде антибиотик. Ај помина, но еве сега пак со носот проблем и како да се закаѓлува суво. Не знам веќе што е. Еден месец не е во градинка, значи од дома пак фати. Вчера ја однесов и на контрола, но матичната ми рече да и ставам Оперил П и плус инхалации со Синомарин. Но ме плаши да не почне да кашла почесто. Дали да дадам лоратадин? Претходно матичната ми препиша Лоратадин и ја смири.
     
  15. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.104
    Допаѓања:
    40.298
    Можеш. Пред спиење
     
  16. majavel1

    majavel1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2011
    Пораки:
    649
    Допаѓања:
    1.550
    Пол:
    Женски
    Брисеви правете во секој случај. Кај моево искочи стрептокока, а мирна беше крвната слика. На своја иницијатива му направивме брисеви и веднаш откако почна со антибиотик се смири секретот од нос.
     
    На europe му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.158
    Допаѓања:
    18.262
    Дали крвнава слика укажува на бактерија?
    Screenshot_20211027-104308_Gallery.jpg Screenshot_20211027-104240_Gallery.jpg
     
  18. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    На Snowflake92 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.104
    Допаѓања:
    40.298
    Што значи +- на пнеумослајд? Значи се друго си е со позитивно или негативно, а ова стои вака.
    Конкретно се работи за Кламидија пнеумоние игм
     
  20. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.883
    Пол:
    Женски
    Малиот ми е 17 месеци и од петокот е со тт 37.2. Не давав ништо. Во недела покачи повеќе и се накашла во сон. Почнав на 8ч ибупрофен. Се симнуваше. Понеделник го однесов на преглед, матичниот испаничи. Крвната слика покажа леукоцити и ЦРП 35. Рече инекција и сумамед да даваме. Плус хемоглобин низок 101. Ние одбивме инекција и го однесовме на одделение, го прегледаа и таму, констатирано е гној на крајник, се сомневаат на стрептокока. Рекоа дека не треба инекција, ниту сумамед, ќе поминело со амоксиклав. Почнав истиот ден, потоа ми се јавија да направам брис за да информираат во градинката ако има стрептокока. Но бидејќи беше почнат антибиотикот ми рекоа ништо, да продолжи да пие. Понеделникот, вторникот и вчера не сум спиена, ниту јадена. Температурата одеше до 39 и 39.8 макс. Туширан, се јавивме на доктор, рекоа алкохол со вода 1:1 да мачкаме. Дадовме и сируп се спушти. Три дена пие сирупи на 4 часа. Така ми кажаа да комбинирам парацетамол со блокмакс, бидејќи постојано се качуваше температурата над 38. Детето си е весело, пие вода, јаде по малку, игра, зборува..Но веднаш штом помине дејството на сирупот температурата пак се качува и омалаксува дете.. Лежи, очите полузатворени, забрзано дише, правиме што правиме, се симнува температурата и пак е весел и се така во круг. Утрово во 1 час имаше 4 пелени воденеста столица, докторот вели од антибиотикот е.
    Не знам што правиме.. Почнав да се плашам, и жива ќе се изедам што не направивме брис, не знам дали делува проклетиот антибиотик или не.. Трет ден е денес, во 11 ч ќе му дадам пак антибиотик. Претходно на 2-3 ден од антибиотик температурата се смируваше и детето стануваше подобро..