1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.220
    Допаѓања:
    18.964
    Не можам да ти помогнам. За споредба, немаше такви столици како пролив што викаш син ми кога пиеше амоксиклав. Ама ја давав пробиотик 2ч после антибиотик. Не знам дали даваш...
    Тек ви е 3 ден од утре или од 5ти ден би требало некој резултат да има од антибиотикот...
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SarChee

    SarChee Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2013
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    368
    Несакани реакции на амоксиклавот е пролив..
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  3. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.720
    Допаѓања:
    145.085
    Клавуланската киселина знае да предизвика пролив и осипи.
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.401
    Допаѓања:
    200.953
    Пол:
    Женски
    Проливот е од антибиотикот, а ако си дала најмалце 3 или 4 дози и температурата уште не спаѓа, или антибиотикот не е погоден (амоксиклав не е прв избор за стрептокока) или се работи за вирус. Со црп 35 многу е веројатно дека е вироза, оти ако е стрептокока како што се сомневале, црп ќе беше многу повисоко, 70-80 можеби и повеќе.
    Трпение, течности, пробиотик обавезно два часа после антибиотикот, побрзо да поминува.
     
    На Panovic, DarkStormm, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.496
    Пишував пред некој ден тука баш за истото. Кај нас немаше гној ни бактерија и добар хемоглобин исто весел, јадеше антибиотик примаше но имаше 2 дена со течна столица, не беше од антибиотикот беше стомачен вирус што го префати и мм. Скоро една недела беше со темп 37 со 5 и последни 2 дена сабајле качуваше 38 и се спушташе со ибупрофен после една недела се помина. Анатх ти кажала веќе вироза е, според мојот матичен си кружи вирусот и кога телото ќе твори имунитет само преносител ќе си биде. Трпение само.
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  6. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.866
    Допаѓања:
    30.993
    Пол:
    Женски
    @DarkStormm може и да не е погоден антибиотик ако сеуште крева висока температура. не знам што толку ве исплашило кај матичниот (освен тоа да прими инекција), ама тоа е што е. Некогаш е подобро со покај антибиотик со поширок спекар да се дејствува (ако веќе е јасно дека е бактериска инфекција) отколку да се почне со послаб и на крај пак да се заврши со јак.
    @Annath ние сме добивале и антибиотик со ЦРП 15, зашто крванта слика сме ја правеле дента кога качил температура и сме добивале одговор дека на ЦРП му треба околу 48 часа да се покачи убаво (без терапија) кога имало индикации дека навистина се работи за бактерија (покачени гранулоцити, преглед кој укажува на бактерија и слично).

    Пак ќе кажам терапии, одредување дали е нешто вирус или бактерија и слично може само лекар да даде по претходен преглед.
     
    На Larahappy, Bella* и mal.ecka им се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.401
    Допаѓања:
    200.953
    Пол:
    Женски
    Во петок детето кренало температура, а како што разбрав, крвна слика е правена во понеделник после викенд со температура без терапија освен антипиретици. Ако беше бактерија, црп ќе беше плафон, не 35. Кај моево од бактерија црп било 75 после 24 часа од кревање температура.
    Предлогов на матичната ми е нонсенс, на црп 35 дава Сумамед?!
     
    На mal.ecka и DarkStormm им се допаѓа ова.
  8. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.866
    Допаѓања:
    30.993
    Пол:
    Женски
    ОК. Нон-сенс е. Нека не дава ништо членката. Има доктор што видел гној на крајник и дал Амоксиклав. Членката одлучила тој да го послуша и ти си ја поддржуваш.
    Ама совет за терапија стварно не можеш да дадеш ако ти лично не си лекарот што го прегледал/а детето. Нели? Или сепак можеш пошто златното ЦРП тебе ти укажува дека е вирус во прашање?
     
  9. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.883
    Пол:
    Женски
    Не знаеме што е.. Жива ќе се изедам зошто не го однесов за брисеви. Ама во цела таа паника не знаев кај терам.
    Прво крена малку темп. во петок, во неделата поизразено и повисоко. Ете сум се збунила, сум пишала понеделник, сма во вторник беше крвната слика и прегледите кај доктор. Простете ми расеана сум.
    Денес немам дадено антипиретик од 6:20 утрово. Еве сега пак качува накај 38, ама спие..
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.401
    Допаѓања:
    200.953
    Пол:
    Женски
    Па зошто тогаш се прави крвна слика и црп?
    Нормално дека не можам да дадам совет за терапија, ама Сумамед на ај да речам ниско црп, навистина не е во ред. Или само дава, колку да се покрие докторот дека дал терапија.

    @DarkStormm ќе пројде и ова, без нервози. Температурата значи дека организмот се бори. Би требало веќе да се подобрува.
     
    На Panovic, DarkStormm и mal.ecka им се допаѓа ова.
  11. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.866
    Допаѓања:
    30.993
    Пол:
    Женски
    Е па еве од искуство. Со ниско црп само Сумамед во комбинација со инхалација со Гарамицин го оправи го прави моето дете пред 2 години. Гнојот беше позади крајникот. На антибиограм не се фаќаше (имаше само од тие бактериите секојдневни што не даваат таква лоша клиничка слика). Бевме на ОРЛ и ваму и таму и на крај пак матичната што го познава и следи детето ја погоди терапијата.
    Многу лесно на форум да се рафрламе кој колку знае.
    Кај нас мода стана секоја да толкува крвна слика и да дава мислење само врз основа на крвна слика.
     
  12. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.496
    Сумамедот е доста тежок антибиотик сите сме свесни дека треба последен да се даде и да ни биде на памет, ако секое ниско црп се лечи со сумамед кај ни е крајот. Знаеш дека ако примаш сумамед најмалце 6 месеци не се дава друг антибиотик? Што ќе правиш ако пак се разболи или има пак ниско црп пак ќе дадеш сумамед? Не за џабе се почнува со послаб антибиотик и со "тревки" да се лечи дете.

    Еве јас ќе ти кажам од мое лично искуство мојата матична не сакаше мене да ми даде да извадам крајници и се мачев со гнојни ангини и ми поминуваше со послаб антибиотик. Не решение одма на најјако да се премине има 1001 лек само треба да е едуциран докторот.
     
    На mal.ecka и DarkStormm им се допаѓа ова.
  13. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.883
    Пол:
    Женски
    @Annath Благодарам. Качи тт пак, ама не многу високо, околу 38 се движеше, дадов парацетамол, брзо се симна, го раздвижив, надвор го извадив, вода даваме стално. Еве сега нема ништо, ама ме плаши малку како ќе биде, многу денови е со температура, ќе го истошти.. И онака ми е слабо детето за возраста, височко а едвај 11кг, сега може и помалку..

    Инаку во однос на сумамедот. Не се плашам јас од антибиотикот, меѓутоа не му верувам на докторов. Воопшто.. Познат е овде по давање сачма терапија, за се живо антибиотици препишува. И секогаш дава поголеми дози и појаки терапии. Ние сме биле се вкупно болни 5 пати, и секогаш давал антибиотик, меѓутоа ова е втор пат да пие малиот антибиотик. Не давав јас антибиотици за розеола вирус и за стомачни вируси. Иако ми ги препишуваше, само му велев добро и си одев. Бидејќи никогаш немал малиот наод на плуча, немал проблеми со грло, се додека не почнавме на градинка во септември. Пред 20тина дена прв пат имаше црвено грло и тогаш прв пат дадов антибиотик.
    Докторов има унаказено многу дечиња.. И деца на мои блиски пријатели завршиле на ургентно во Државна и Систина.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ladymici

    ladymici Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    794
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми 6 години цело време се подмочува. Кога и да ја проверам гаќичките и се влажни.
    Дали тоа се случува поради што не отишла навреме во wc или можеби има друг проблем не можам да откријам еве веќе долг период. Ваше мислење...
     
  15. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.004
    Допаѓања:
    21.555
    Пол:
    Женски
    Може да не се домочкува убаво,или да не се избришала убаво.
     
  16. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.883
    Пол:
    Женски
    Плачам.. Попуштив психички.. Малиот пред 4 часа испи далерон, еве сега има 37.1. Изгледа пак ќе качува.. Некоја анксиозност ме фаќа. Вечер треба 6-та доза Амоксиклав да прими.. Зошто пак температура? .....
     
  17. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.496
    5 дена давав Алицеф и имаше температура, толку и требаше да прима и после тоа ја снема температурата. Давав ибупрофен на 4 саати зошто на толку и му се качуваше. 2 пати на ден по 2.5мл примаше. Предходно и др членка пишуваше дека 1 недела детето имало температура и наеднаш ја снемало после тоа.
     
    На Panovic и DarkStormm им се допаѓа ова.
  18. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.866
    Допаѓања:
    30.993
    Пол:
    Женски
    @DarkStormm сега мора да истераш со антибиотикот па ќе видиш на контрола што понатаму. 37.1 не е покачена температура. И одма менувај матичен ако не му веруваш на сегашниов. Ставај сечен или рендан компир на стапала, туширај, масирај со алкохол се до 38.5.
    @Brpbrp све што правам е со матичен. Детево само еднаш има добиено Сумамед . По него веќе две години не пиел антибиотик. Не е се црно бело. Инаку златното ви е ЦРП некои викаат дека над 30 е индикатор за бактерија https://deca.mk/pokacheno-tsrp-ima-li-mesto-za-panika/. Ама јас сто пати кажав лекар се кажува. Ние сме тука лаици, па и да сме лекари без преглед ништ.
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.220
    Допаѓања:
    18.964
    Ама зошто да плачеш. Не се секирај па ти си немала темп како мала? Ја памтам со денови со температура прво висока после 37.5 ме држело. Ќе помине не може преку ноќ.
    Ставај оцет на чорапи, туширај го...
    Ич немој да попушташ и да плачеш ќе плачеш кога ќе оздрави сега мора да си присебна :hug:
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.602
    Допаѓања:
    173.638
    Пол:
    Женски
    Дали ако го измешам пробиотикот со сокче или чај ќе има ефект?
    Ми го понудија во аптека пролајф и ми рекоа едно шишенце е една доза, дали стварно? Едно шишенце е дневна доза или да го давам на 2 пати? Ај некој што го користи пробиотиков да ми објасни.