Ви благодарам на сите.. Анксиозна сум ноќва како ќе биде.. Страв ме фаќа. Маж ми ќе оди трета смена, ќе останеме сами.. На спиење крева температура и многу ми е тешко, едвај се смирувам да не добијам пак паничен напад..
Тие шишенцата се монодози. Само веројатно ти објасниле дека прашокот е во капачето, прво се врти обратно за да се пукне и да се истури во течноста, мешаш, па отвораш.
Можеш и да пробаш така да и го дадеш да го испие, или пак со шприц. Вака е убав на вкус, и двете деца ми го пијат така. Поголемиот директ од шишенце, малата со шприц.
Не. Никој не ми спомна такво нешто. Фала на инфо. Ја така ќе пробам прво, ама жив терс е ако не и е по вкус нешто. Па не знам што да праам ако не го сака така. Фала ви девојки.
Ако ти е нешто за утеха, пишував и јас тука на темава дека детето ми крева температура, а кс во ред, грло,плуќа се беше супер ама сепак креваше тт и тоа до 38.9. Совет од матичната добив да давам ситуп за тт, секогаш кога ќе премине на 38.5. После 5 ден станав очајна и пишував тука и баш Anah ми даде подршка дека е вироза кога може да трае и до 7 дена, што кај моето дете се испостави дека токму вироза, после 7 ден сама изчезна тт. Да не ти е на мерак, посетувај почесто матичен или било кој доктор, ако треба повторија кс, ама бидејќи прима антибиотик сега треба само трпение ќе помине
Јас да сум на твое место ќе одам на клиника да проверат дете пак. Не е можно сеуште да крева а толку дена. Веројатно не е погоден атб. И нека направат брисеви, ако е згрешен атб ќе покаже бактерија ако има
Пролајф? Нема прашок во капачето, дирелт отвараш и пие. Инаку вкусен е, стај и го во чашка за ракија нека си испие
Следи си интуиција. Споделувам искуство Бев сама ,маж жи беше надвор од државата,не трета смена. Исто температура цела недела може и повеќе без антибиотик, со инхалации кај тебе како што разбрав нема уште цела недела,значи не е само кај вас така,прочитав и кај другите.Мора да се бори некогаш организмот,по тежок е патот ама е за долги стази.Само смирено,секогаш мисли на тоа дека така растат децата и сите се разболуваат.
Мајка па исплачи се ако ти е полесно, и јас си плачам кога е болен. Ама не се секирај температурата е веќе симната, 37.1 јас имам кога ми е топло. Ако ти е за утеха моево симна температура после 5та доза Сумамед, твоето пие амоксиклав си треба време. Ќе помине, само наеднаш ќе видиш ќе прекине и толку ќе биде. Ајде легни си со него одмори додека е температурата ниска, ќе биде подобро
Нема сон за мене. Симна на 35.7 и сега ме фаќа паника да не продолжи со потење и да не се симне премногу.. ќе полудам. целиот испотен беше, го пресоблеков, ставам ќебе и само со топломер сум. Не бев ваква, по природа не сум паничар, се има разболено и претходно, секогаш сум трезвена, ама многу денови трае веќе и се губам..
Не го покривај многу и навиј си аларм на 1 час/ 2 часа да го проверуваш..мајка си,ќе знаеш како да се справиш со ситуацијата,остани присебна зошто му требаш на тоа мало човече. Со лесно
Детето (2г) пие Зинат антибиотик. Дали е доволно една доза од пробиотиков да пие или треба две дози да давам ,бидејќи два пати на ден пие антибиотик? @Annath
Еднаш дневно е доволно. Покрива дневни потреби. Ќе продолжиш уште некое време после допивање на антибиотикот.
Мајки малово цел ден крева температура, да ве прашам за дежурен педијатар каде е подобро да се оди на детска клиника или козле? Матичниот ни препорача да го однесеме на дежурен.
Козле не, носи го на детска клиника. Козле ти е ковид и не ти препорачувам. Можеби ќе ве тераат ковид тест од аптека да правите земете си уз пат за да не се враќате и на дете јадење земи му зошто другарка беше и имало гужва минатата недела не пуштале по двајца внатре туку влага еден и ако треба крвна слика седи и чека друг не пуштаат.
Искрено не знам, на телефон да се јавиш единствено. Не знам дали имаат доктори и сестри ради ситуацијава по амбулантиве.
За овие две ни пиша докторот. Не знам во Јане дали имаат дежурен, а најблиску ми е. Ама завршивме работа во Систина. Вирусче некое. Фала мајки.
Можеби ти кажала бидејќи во клиникиве се специјалисти, а по амбулантиве се доктори повеќето. Како и да е со лесно нека поминува