Не знам во која тема да го поставам прашањето. Ме интересира дали била некоја скоро во козле за редовен преглед за здраво дете. Знам дека е ковид центар, имаме термин на 17 па не знам како е процедурата сега.
Малце глупо прашање: сирупи за искашлување како им давате на мали деца? Нели практично тие се за исфрлање на шлајм преку плунка? Моево не знае да плука, а многу кашла овие два дена, му се слеваат мрсули од нос и не знам што да му дадам
Побитно е дане залепи на бели дробови. Затоа се дава да го искашлува ако не знае да плукне ќе голтне и ќе отиде во желудник и ќе искака . Највеќе помага инхалација зошто ги топи и не се како густ секрет.
За следен пат да знаеш има Јане секогаш дежурен лекар, а ако ви треба специјалист тие ќе ве препратат. Јас еднаш бев на детска клиника и од тогаш само во Јане одам. На детска ако одиш со температура одма те праќаат во бараката кај што ќе смрзнете зашто се чека надвор, таму те третираат како потенцијална корона да носиш и не е баш најпријатно.
Јас вторникот вечерта бев на Детска со поголемиот син, гореше од температура со болки доле десно во стомакот. Се извадивме од памет да не е слепото црево. Седевме внатре зашто малиот грозница го тресеше, никој не ни рече да искочиме ни па крвна слика да прават. Окапавме внатре, луѓето и пауза голема си истераа, внатре фул деца сите со по двајца родители внатре. Секое второ кашла директ во тебе, се чудам како не не фати нешто од таму. Кога дојдовме на ред, ради реда го прегледаа и ни кажаа на хирургија да идеме. Да не зборам дека со се стетоскоп искачање на пуш пауза, па после ти слуша дете, па на пола да им текне: ооо ти го присвоив јас ова, чекај барем да го издезинфицирам колку деца поминаа ?! На Хирургија, таму па општо лудило, кога ми кажаа дека треба да чекам 30души фативме патот во систина. Голема среќа што не било слепото црево, уринарна инфекција што почнавме да ја третираме. Многу се разочарав вечерта, не дај боже на човек да му притреба итно да оди таму
Ти благодарам многу за информацијава. Ептен ми е блиску Јане, ама не сум знаела. Денес бевме Систина кај Христовски, тој прегледуваше деца со температура. Вака фин, ама малку чуден. Во понеделник ке го носам кај матичен ако не е подобар.
Јас еднаш бев на ургентен во државна, поради искуството тогаш, не ми се идеше пак во државна. Катастрофа сме. Моево не го ни прегледаа, од шалтер само прашаа што му е. За паузите и да не ти кажувам.. Хаос невиден. Мн поголеми очекувања имав, се разочарав
Во Јане тој ми рече разгалена е затоа вика ја болат градите и не може да дише а на клиника дадоа ртг па се воспостави пневмонија и црп 146. Така да јас Јане не би стапнала со дете
Па не знам, веројатно од пандемијата зашто пишува ковид 19 нешто така на бараката. Јас во мај го носев. И нас никој не ни рече да искочиме надвор, надвор чекавме зашто браќата насобрани 30 души за еден пациент, без маски. Вработениот на шалтер и една сестра без маска. Во монтажна барака колку место може да има за да чекаме сите внатре. Не знам што да кажам, не сум изненадена. Ги има секакви по државните болници ама има и добри доктори.
Ние годинава два пати бевме, во февруари и во јули бевме со тт,па никој не не изолирал, внатре во клиника беше хаос,ние чекавме надвор со дете,мм внатре ред. А во бараката бевме само за кс. Што фајде и од клиника,препишаа антибиотик за "гнојна ангина" а всушност тт беше од мрп а "наслагите" во грло од соленки..
Од петок вечер детево (4.5 год) е со тт која оди до 38.5 (само ноќе, дење нема тт), омалаксаност, затнат нос, чат пат протекуваат мрсули и кашлица (како да се дави од шлајм), се мислев да го носам денес негде (пр. Во Јане ако има дежурен педијатар) и во случај ако не отидеме денес, утре сигурно ќе одиме а докторката му е 2 смена. Дали е паметно да направам брис и крвна слика утре сабајле или да чекам она што ќе каже па тек во вторник да правиме? Кое беше правилото за крвна слика, го имам читано не ми текнува во моментов на ништо од замор и 2-3 ноќи не спиење
Може ние ноќе дека бевме околу 2h, па затоа не примија во бараката. Во клиниката само за хоспитализација. Две докторки работеа и една сестра. Во Јане среќа ми се погодија докторките, ок беше, нема гужви и не чекавме надвор, одма завршивме работа. @Lady*Bug Идете барем нека го слушнат детето, крвна слика утре може да направите. Исто беше малиот само ноќе качуваше со денови, искочи сезонскиот вирус и бронхит.
Дали јас не можам да се снајдам, на пр отварам за Јане и пишува саботни дежурства (само за во сабота) а недела не најдов?
Да само за сабота има. Мислам дека се однесува на педијатри, а тие само сабота имаат дежурен, недела не.
Моето немаше воопшто температура. Малата на брат ми два дена. Детето од комшии еден ден, другото немаше ич. Индивидуално е.