Малото стана после саат време немирно спиење и исповрати се што јадеше денес. Татко му е со стомачен вирус па сигурно префатил. Дента беше весел, убаво пиеше и имаше 2 пати течна столица. Сега не сакаше да испие електролити, малку цицна и заспа. Температура нема Што можам да му дадам друго освен електролити? 16 месеци
Кај моето се намалени гранулоцити, а лимфоцити и леукоцити покачени. Има бактерија во нос, со симптоми,веќе почна да пие антибиотик (според антибиограм).
Od sto moze malata da mi se zatnuva? Bese pred nekolku dena, pocna so zatnuvanje, pa posle tecenje nos i sega pak. Vekje mir nemam sto se veli. Inaku pravevme brisevi od nos i grlo- negativni.
Колкаво е детето? Можеби е алергиска реакција, крајници ако се големи од тоа и потешко дише особено 3от ако се зголемува, а тој не можеш да го видиш тој е поврзан со носот.
@wannaBeMomma @Septemvri фала ви мајки за советите. Од синоќа два пати што поврати, утрово е подобар нема столица ниту повраќање, малку негодува како да го боли меше и има гасови. Касна малку и по малку чај од анасон и водичка. Дека 12 часа е без други симптоми значи ли дека поминало или пак може да се влоши? Немам искуства со стомачни проблеми. Благодарам
До кај 39. Најчест друг симптом им беше затнат нос. Едното дете малку поткашлуваше и толку. Имате дијагностицирано КОВИД или детето има температура па се мислите дали е КОВИД? Ако имате дијагностицирано без паника обично поминува за неколку дена. Ако се мислите направете брз тест од аптека (во Зегин има со плунка, со брис од нос и мислам има и некој нов со крв од прст).
Двете деца ми се со слабо железо,пробав доста работи но најмногу ефект имаа од малтоферот но им прави запек,незнам што да давам за да не им прави,пробиотик давам редовно дали има некој вакво искуство ?
Jas sum pozitivna so izguben vkus i miris bez temp. Deteto mi kaci ednas temperatura 38 i deneska ne oseka miris. Maticnata mi reci dokolku kace temp duri togas testiranje. Nz sto da pravam dali da go testiram(jas mu ukluciv vitaminski sirupi od pred 3 dena). A kolku vreme mu bese zatnat nosot. Blagodaram odnapred
Малтоферот знае да даде запек. Сите препарати за подигнување железо даваат запек. Форсирај овошје како сливи и круши и давај повеќе вода. И давај повеќе целозрнести житарки (просо, цело зрно пченица, овес и овесни снегулки, пченични никулци или било какви други) за да има повеќе влакна во цревата и полесно да ги празни. Кај мојот кога беше помал баш пробиотиците му ствараа запек. Тогаш му ги давав само по потреба (само со антибиотик и неколку дена после тоа). Може да пробаш и со друг пробиотик или да даваш повеќе. Ама се е принцип на обиди и грешки додека откриеш што му одговара а што не.
Да. Јас ги имав комбинирано био гаја и линекс 1 недела и после тоа си продолжив со Линекс само. Сабајле дај од едниот, а вечер од другиот.