Да го отворам и да го намачкам? Помислив ама си викам полошо да не направам од кремата да му се собере внатре. Уф, и после жените биле комплицирани, ова околу отварањето на курето најголем стрес ми е од целата бебешка нега.
Да да,јас кога го мачкав со гентамицин и канестен педијатарот ми рече и внатре и околу главичката. Исто и јас неколку пати имав стресови кога му се затвораше..
Верувам дека немаш ништо направено на своја рака. Само ме чуди што не ти дала да испиташ брисеви прво за да се види дали постои бактерија воопшто за да не се шири. Јас со маслена купка му го чистам и брзо се чисти неколку пати му се има собрано од цефалексинот што го пиеше али со друго ништо немам третирано се има повлечено само од себе по престанок на антибиотик.
Да, од тоа е. Ништо страшно. Ќе мачкаш со антибиотска крема не знам која ја има таму, ете канестен може знам, ќе му го отвориш убаво и ќе мачкаш внатре колку повеќе можеш, 2 пати, 3 пати на ден обавезно. Јас му го миев прво со млака водичка во која ставав малку јод, во вангличка го ставав да седе така 5 минутки и после само го бришам и му ставам крем, убаво само внатре да навлезе кремот. Исто така многу добар спреј е Octenisept, ако го има во Мк, тој е антибактериски и го имам користено за мене неколку пати за интима, за малата и за син ми, секогаш со одлични резултати.
Моето е девојче но моментално сме во таа ситуација. Има 2ипол год пие антибиотик и почна дундето да ја чешка и да и собира бело. Докторката ни даде Нистатин капки 3пати по 20капки и навечер да мачкаме со канестен
Здраво женски. Ќерка ми има 9 години. Пред малку беше легната во кревет и играше на телефон. Наеднош стана од кревет и кажа дека има мала вртоглавица. Знам дека тоа се случува кај нас воздрасните, ама сепак многу се испаничив, прв пат ѝ се случи вакво нешто. Да не е нешто сериозно
Сестра ми на тие години (10-12) се онесвести 2 пати од нагло станување. Брзо се врати првиот пат, а вториот пат беше сама дома и се разбудила доле на под. Моите ја носеа секаде на проверки и се беше во ред освен ниско железо. Не би требало да е сериозно ама направете една крвна слика.
Обично на таа возраст во пубертет често се случуваат несвестици.Пишувам иако повеќето што ја пратат темава имаат мали деца,за да знаат во иднина и да не се исплашат како јас,единствено тогаш сум се преплашила со детето здраво , еег,магнетна,живот ми се скрати. Два пати се се случи и не се повтори повеќе,ама тогаш разбрав во разговор дека на многу им се случило. Секако контрола да се направи .
Zdravo. I zvonam na maticnata no ne mi kreva. Maloto koe ima 2 godini mi kasla kako raskapano. Dajte predlog za sirup. Inaku sum pozitivna i ne mozam da go nosam na dezuren . Blagodaram
Кои се симтоми на стрептокока? Маливе ми се веќе една недела со растечен нос, те.им се смири сега, им прскав солен раствор ама сепак чудно ми е што подолго ги влечи. Да не имаат закачено некоја бактерија... Од крвна слика може да се процени или мора брис?
По колку време префаќа стомачен вирус? Мм вчера со темп до 39 и пролив...кога да очекувам мене и малото да не фати или има шанса да не одмини?
Не ми се верува стрептокока да помине со растечено носе и да прекине, можеби е некоја друга бактерија. Со брис ќе покаже која е ама штом само носето било проблем, а сега се добри нема потреба да правиш.
Можеш да се јавиш на бројот од решението за изолација за да ви дозволат да одите на лекар. За позитивни мислам ви е Козле во Скопје, за други градови не знам.
Нашиот еднаш фати од градинка и супер пројде т. е. енмаше симптоми ама затоа јас и мм унаказени бевме 1 ден. После тоа повторно фати али тогаш само мм 3 дена го држеше. Не мора да префатите вие можеби само ќе го пренесете на друг.