Каде можам да ја однесам малата на преглед утре, козле примаат ли, или детска клиника ? Матичната и даде инхалации со дексаметазон, кашлањето никако да сопре, се задави детето. Еден ден беше и со температира, направивме и тест за ковид, негативен е.
Јавете се во полиција дека излегувате и носете дете на лекар. Не знам од каде сте,распрашајте се во која болница би примиле позитивно дете. Немојте да оставате на случајност
Ако ти препорача матичен. Иначе, ако е затнато од бактерија во нос, со инхалација може да ја разнесеш надолу.
И јас го знаев ова вака, ама матичниот ми рече да го инхалирам два пати со физиолошки по 2мл, а три пати да прскам антибиотик спреј во нос, за моракселата. Помислив на разнесување, ама....Тој вика физиолошки ќе го омекне секретот за да го голтне побрзо....
Затоа велам ако препорача матичен лекар. Јас на своја рака не би инхалации, макар и со физиолошки. Моиве никогаш не сум ги инхалирала, еве малово има некоја ужасна сува кашлица со отечена ресичка, најверојатно алергиска, само сируп пие. Инхалации не ми препорачаа воопшто.
Исто правам во моментот, има зелен секрет од нос и сува ужасна кашлица, чекаме резултати од брис, во меѓувреме прскам антибиотик во нос и инхалирам, препорака од матичен.
Ти кажа ли по колку време да очекуваш подобрување доколку реагира на антибиотикот од спрејот? На мојот секретот е бел, леплив и густ, мораксела е, прскам гентамицин со физиолошки и инхалирам два пати со физиолошки од 2мл. Носето помалку течи, ама уште има баѓи секрет, кашла од тоа, па и дека цица е многу нервозен, му смета. Жими се нема крај ова, три, само три дена беше во градинка, па стварно, дотолку ли? Нерви кинам....
Ништо само дека чекаме резултати од брис па ако има нешто ако треба да се смени терапија. Еве го спие и како трактор да има до мене. Грчењето не е влажно како да врие туку како суво еден ужасен звук уши ми пара. Ни кашлици ни ова грчењето веќе не можам да ги слушам. С да и во последно на декоја настинка ми повраќа се дави во мрсули Па и малото почна да грчи и да му течи носето не знам што ќе се прави. А и јас и мм грло почна да не боли сите се префативме Ми иди да го отпишам од градинка. И кај нас така, до вторникот пиеше антибитик во четвртокот пак беше затнат. Баш пред некое време го пофалив негде по групите дека 5 недели издржа да оди без прекин и ете. До тука било почна забавата Јас ќе се онесвестам ни спиена ни јадена сум веќе со недели.
Same here! Цел месец не беа во градинка, пола се лечеа, а пола демек да зајакнат, аха, важи, зајакнаа за три дена одење, малиот се затна топ, а големата кашла и зборува исто како бронхит кога фати, чупето веројатно има проблем со грлото кој мора да го испитаме, а можеби се и крајници, не може толку често ова да се случува. Јас искористив боледување и одмор, буквално нема кој да ги чува, мораат во градинка утре Тт барем немаат, се надевам така и ќе остане. Ако имаш кој да го чува отпиши го, па после ќе тргнат со малото пак. Мада, гледај и од седење дома ние не се опрајвме...
Dali nekoj moze da mi kaze sto moze da bide mnogu potenje na 3 i pol god dete, i preku den i preku nok se poti mnogu vo glavata i vo grbot . Izvinete ako ne e za tuka prasanjeto no ne zanev kade da pisuvam
Испитај Д витамин. Ама не мора ништо да значи, зошто машки особено се потат баш во глава и грб многу. Моето е на мене, не се поти многу.
И моето се поти прилично. Главата знае и ноќе да му биде мокра од пот. Ама и маж ми исто така се поти многу баш глава и грб па јас на тоа го припишувам. Ако ептен те замислива прашај лекар.
Ве молам за помош Бевме во маркет и ќерка ми со уста скина капсула за перење алишта. Не знам дали голтна ама околу уста, јазик беше цела лом. И дојде веднаш нагон за повраќање, малку поврати, а дома ја исплакнав со вода, дадов пробиотик и сега заспа со млеко. Што се прави во вакви случаеви има некаков лек да не дојде до труење?
Супер е сега. Весела е, вечераше. Се јавив кај матичната ми рече смекта или јаглен да и давам. Ама олку немам испаничено одамна.