Дали знаете во која аптека има пулмикорт односно неговата замена кортаир? Половина Скопје го свртив, не можам да најдам
Јас купив од еурофарм кисела вода.Исто ги барав на неколку места немаше.Во тој еурофарм имаше 0.2 кортаир.
Вчера син ми 2 год. се изгоре на стаклото од печката на рачето поточно кај лактот од горна страна. Нема плик количката настрана му е собрана. Изгореница е голема околу 5 см обем . Мачкам со дермазин и ациди. Сакам да прашам дали треба да се дава антибиотик ради инфекција да не фати. Ваши искуства дали сте давале
Побрзо да поминува. Мојот лани на 14-15месеци си ги залепи прстите на олук,мачкав само дермазин и се среди. Кај него се направи и меур на едното прсте,ама сам играјќи си го пукнал во градинка. Мачкав подебел слој ,мислам два пати на ден. Му дадов и далерон за болката.
Mу дадов синоќа Далерон и заспа. Утрово не се жали на болка весел си е, цел ден е супер. Само дека поголема раната се дума за антибиотик алмацин така ми рече матичниот, превентивно да му давам.
Detevo ima 5 godini kasla so slajm i polno e so sekret i mrsuli,eve veke 6 dena,maticnata vika viroza ,CRP, nisko dali da odam vo KOZLE bez upat ke me primat li?
Ќе те примат ама на дежурен вечер да одиш иначе упат ќе ти бараат, македонска работа. Дај му сируп за искашлување или пробај со виранто сирупот превентивно и следи го.
А зошто би одела во Козле ако нема ништо друго освен секрет. Дај нешто за искашлување за полесно да искашлува и толку. Мојот има скор 6 и две недели беше таков. Направив и КОВИД тест и кога испадна негативен не го ни однесов на лекар. Само се јавив и прашав што да правиме. Ставав неколку дена Септаназал во нос за да сопре малку носот. Прскав диво оригано во нос два пати дневно и прополис во грло. И толку. Помина само од себе по две недели.
Мислам дека нема потреба од Козле. Има вирус таков моментално и моите се и од сите комшии и пола група од градинка. Кашлање, тт еден ден, црп малку покачено. Немаат спуштено на гради, нема бронхити, нема антибиотици. Само инхалации чаеви, спреј во уста и во нос, мед, маџун, супи, цедени сокови. Зошто би оделе во козле?
Majki help. Od vcera malata krena temperatura i celo vreme naizmwnicno cepcinja i blokmaks po preporaka na lekar davam na sekoi 4 saati kacuva do kaj 38,7. Napraveno i krvna slika i crp osven malku epten pokaceno crp niso drugo nema. Denes i dadoa i cefaleksin sirypce inace e 16 meseci. Panika me fakja eve veke vtor den non stop e vaka. Vesela e Si jade, osven koga ke se po kaci do kaj 38,7 malaksuva ama za brzo od sirup simnuva i se razveseluva. Nemam pamet vekje i maticnata ne znae so bi mozelo da e drug simptomi nema osven sto i probi denes ednata trojka i drugata uste da probie se gleda. Sekoj sovet e dobredojden
После колку време би требало да делуваат капките за нос, детето има моксарела бактерија. Диши на уста, се затнува па дува нос густи зеленкасти мрсули, по некое време пак се полни се затнува. Ваков е точно една недела. Кашлицата се развлажни, не кашла многу често. Во спиење исто е затнат едвај диши. 2 дена ставам капки дадени по антибиограм, кога да очекувам подобрување? Или да одам пак на доктор да не треба да се сменат капките? Немам памет веќе крај не се гледа
А цефалексин за што даде ако нема бактериска инфекција? Грло, урина, уво? На нешто се жали? Како што пипав погоре има некој вирус со благо покачено црп и кашлица... Кашла ли вашето дете?