Не столицата и е ок.Нема бактерија во урина.До сега не е имала алерија од храна.Не знам ќе чекаме 3 недели.
Чест проблем кај жански деца би рекла со оглед на тоа што сум била иста со стомакот и јас и сестра ми. После исчезнува и се појавува пак пред циклусот зошто е тоа така не знам. Важно знам дека и јас сум имала исти проблеми и сестра ми за која што бев сведок.
@Ava.84 секогаш синчето ко ќе се разболува го боли мешето. И на ангина, и сега со грипот, и на полесни настинки. Коксаки мал беше ко фати ама сигурно и тогаш имаше мака, се виткаше од болки. Склон е и на стомачни вируси, 3-4 пати има фатено стомачен до сега. Лани ми препорача педијатар Провен подолго да му давам, ама само тој од јагода ми го пиеше, а го нема повеќе. Можеш и ти некој период да даваш пробиотик да се стабилизира мешето. Јас сакав да прашам што можам да му ставам на удрен и помодрен нокт од стапалото? Се удри во врата и му помодри, а и го болеше многу.
@kristina.k и јас помислив за пробиотик ама овде не даваат пробиотик моро на рецептАма за месец дена ќе одиме во мк па ќе си купам повеќе резерва да имам
Мајки и двајцата ми се разбудија со затнати носиња Керка ми се пожали и на грлото, ке го земам тој спрејот што го имате спомнато од прополис да и прскам Добар е, има ли резултати од него и дали може превентивно да се дава? Не сакам да ги носам по болници уште толку да ми се разболат Со грло никогаш не сме имале проблем а сега за месец ипол еве два пати ја фака грло Инхалации со физиолошки им направив утрово и имам од оние лижавчињата за грло и дадов, додека отидеме да земам прополис
Бевме сношти кај пријатели и малите цело време трчаа, се бркаа, не застануват кога се заедно и имаат една лоша игра трчаат и се пуштаат на колена со сета сила, 100 пати и имам кажано да не прави така ама џабе. Пред да си одиме ја приметив дека накривнува со едната нога, ко да го витка стапалото за да не згазне на него. Не плачеше, да каже дека паднала или сл. Мислам да не ја има подвиткано ногата. Еде денес пак накривнува одвреме навреме. Нема ништо вака, не е отечено. Кога ке ја прашам дали боли вели боли и се смее и не знам дали стварно ја боли или само повтара по мене. Не знам дали да ја носам денес да ја види лекар или да почекам до понеделник?
Може превентивно да се дава не е лек, смирува грло. Мене малава не мо дава да ја прскам па и ставам на лажичка со шеќер
Мајки син ми почна неколку дена по ред да провоцира повраќање. Значи нема вирус со повраќање туку тој самиот од инает или од не знам и јас веќе што го прави. Првите два пати реков добро, може од шлајмови што имаше малку му се гади па му сметаат и сака да ги извади ама тоа си продолжи секој ден. Го прави по еднаш во денот, обично на вечер. Преку цел ден вели ќе повраќам ама не, одбива да јаде и тоа малку што го внесува додека го јаде вели дека не му се допаѓа и ќе го поврати. Еве денес додека бевме во паркот цело време бараше вц за повраќање, му реков не може и помина арно ама, дома кога влезе да се бања рече му било ладно, почна да плаче, да се напнува и се' извади. Да напоменам дека е вечити нејадач. Градинката оваа година дополнително го изтошти и има ослабнато 1 кг. На 4+ год. тој нема 15кг. Што да превземам во ваков случај? Разговор? Кој и не ми помага многу за сега. Доктор? Имал ли некој ваков случај?
Според мене препорака сакало не-сакало мора да му даваш со сила што би рекле ние да јади, ете барм витамини цеди му ги овошјата и зеленчукот во соковник или прави му кашички. Значи секој родител е доволно возрасен за да се справи со мало дете, мора за неков здрав раст и развиток! Настојувајте. А тоа со повраќањето да се надоврзам(јас сум сестра вработена кај матичен лекар педијатар) скоро повеќето деца на тас возраст доаѓаат со истиот симптом повраќање, а кај некои изразено и со пролиф. Тогаш препорачуваат да се зема пробиотик. За повраќањето да одиш до клиника да му уклучат витаминска инфузија со улкодин да се рехидрира. Да јади лесна храна двопек, ориз варен, варен компир, морков. Ако сте во можност да му давате и електролити. Чај од нане или камилица, да внесува чист сок од јаболко за да се рехидрира, бидејќи ако често повраќа е сув и дехидрира.
Е тек тогаш ќе му направи проблем. Насила јадење доведува до поголем отпор кај детето и не дај Боже, тогаш може да се влоши состојбата со повраќањето. Тргни од себе, замисли некој сосила да ти дава да јадеш, а ти не сакаш. Ако нема апетит треба да се бара причината, а не сосила бутање храна.
Епа гледам дека ти би ги оставила гладни децата? Ако нејќи немора да јади? Крвта да му ослабни, ако родителот од мало не му створи навика подоцна на глава да ти се качи од што е размазено. Значи не за инсистирање на храна, а да за гладување! Секој со својата совест. А и гледам нешто си опседната девојко со мене и моите коментари олабави
Болки во меше, повраќање, дијареа или запек, не е фаза. Да, постои шанса да е стрес, ама секогаш има причина. Особено ако се случува после оброк. Лактоза и глутен прават вакви проблеми. Следете крвна слика и килажа. Дете што јаде, а не напредува убаво е да посетите гастроентеролог. Нетолеранција на храна, алергија и целијакија се болести кои за жал се потценти, а прават хаос во организмот.
Пристапот кон проблемот е најважен. Со сила само ќе се створи нов, поголем, проблем, не и да се реши постоечкиот.
Ако не му бута со сила нема свест? Не сум опседната со тебе. Ти се чудам на 'умот' само. Скини си ја дипломата