Здраво женски. Имам ќерка од 4 години. Пред 3 недели забележав лош здив од устата. Заб нема ниту еден расипан. Денес неколку пати се осеќаше кога зборуваше, сега спие ја проверував не му мириса воопшто. (И плус не ја оставив да ги мие забите за да проверам) Немам поима што би можело да биде. Стварно ме загрижува
Крајници, проблеми со желудникот, друго не ми текнува што би можело. Провери дали убаво ги мие забите и јазикот, можеш и со конец да ја научиш да ги чисти.
Ако имате стрептокока у носе, ич немојте да давате антибиотик ако нема температура, црвено грло и воспалени уши. Верувајте..од искуство знам. Од Мај ја има таа бактерија, се даваа антибиотици, за џабе, таа не се искоренува, ќе чистите носе до недоглед, се додека детето не стекне имунитет и самото не ја надрасне.
Мојот исто со моксарелата во нос се мачи, денес завршуваме со капките, а тој освен што сега не излегува многу кога дува, уште ми диши на уста, затнат е и во спиење грчи, многу се нервирам значи не знам што да направам друго
Не, не го пуштам втора недела веќе. Ми иди д ане го пуштам никогаш веќе. Нашата нема да даде антибиотик сигурна сум. Дека е добар општо, весел, јади, нема температура, скоро и не кашла веќе.
3 недели жолто/зелени мрсоли и кашлица ,брисеви чисти ,крвна слика ок ,во меѓувреме пиеше панцеф за воспаление на уво. По препорака на доктор почнав со Лоратидин и пак нема никакво подобрување.Кашлицата е од секретот во носот.Мислење што може да биде причина?
Mojata e cel mesec de zatnat, de rastecen nos. Brisevi pravevme pred dve nedeli negativni. Pricina sto e taka? Cetiri i pol godini e. Vo gradinka odi vtora nedela.
Почна сезоната, а? Или не завршила Мојов пак спушти на гради Капак на тоа и мене ме префати. Катастрофа сме и двајцата, затнати, фатен глас, кашлица повремено. Црп 10 и не му даде антибиотик, почнавме со инхалации со вентолин, малку јас, малку тој. Сакав да прашам дали инхалацијата е успешна додека вришти? Не можам да го убедам да седи мирно туку на сила, јас го држам него, а татко му маската.
Прашајте за аериус сируп дали може нас тој ни го дадоа за алергија шпмага и за дишни патишта за кашлица и се смири после некое време...исто бевме и со панцеф...... појде 3 дена во градинка фати нешто ..првите брисеви негативни после 4 дена пак правевме сега чекам изгчеда има во носот нешто..... уште си кашла па и јас од нејзе почнав Што им давате тие два дена додека се чекаат резултати??? Има температура цело време освен далерон и септоназал друго ништо не ни дадоа ...
И кај нас беше со вриштење прво , ако се буни има ефект... ќе најдете што му одговара за да не го мисли..цртани играчка нешто што му е интересно, дај те му и да го држи тоа така ќе види дека помага ќе се привикне..дур да види дека ништо нема само воздух.... со лесно
Јас за кашлица давам кромид со мед. Кромид го сечкан на коцки, го ставам во тегла средна големина, и потоа ставам 3 лажици мед. Го ставам да стои 5 саати во фрижидер, а потоа давам. Давам по една или 2 лажици три пати на ден. За да не давам сирупи за кашлица , тоа си го најдов како спас. Ем смирува кашлица, ем одлепува се што има па полесно исфрлаат. Иначе и кај мене малата цело време е со затнат нос, зелени мрсули, кашлица. Таман ќе излечиме, по една недела пак ете ги. Било одела во градинка или не, така е од Мај, а дополнително се влошува ако фане некое вирувче. Бактериите тешко се лечат. Медот над една година, тоа си знаете
Вчера почнавме и ние со инхалации, плачеше многу. Денес ја чекав омилената реклама да му почне, не мрдна детево. Сите среќни. Види што му е интересно за полесен да биде процесот. Иначе успешна е и додека вришти.
@Kolache na mama @Bupalu Фала ви, тоа ме интересираше. Немам јас проблем да вришти, кога мора тоа е само не знаев дали има ефект. Еве сабајлево првпат да седи мирен, му ги пуштив децата од градинка на видео и се смири. Ќе продолжиме така
Докторот ни има кажано кога плаче со отворен уста дури и подобро е, отворена е плуќата и полесно се апсорбира лекот. Најлошо е на спиење.
Си ја прима инхалацијата немај гајле. Штом омекне после инхалација или ке ти објаснат или ке ти пише паталецот хепи како да го тапкаш да му направиш дренажа. Прекрсти ги твоите нозе стави перница ,главата негова да биде на удолница и тапкај горе на грбот со дланка како што се мотаат сличиња. Тапкаш лево два пати десно два пати на средина два пати. Повторувај колку што ке ти дозволува . Ајде со лесно. Смачено и мене ми е више ... Попукав
И мајка ми истото ми го кажа, на времето кога лежела со нас во Козле вака сестрите ни правеле неколку пати на ден и сме повраќале шлајм.