Исти симптоми да,вчера и препишаа инхалации со кортаид,на гради нема ништо,брис чист ,крвна слика на ништо не укажа ,дури и црп мирно и леукоцити
Е мојата 3та недела тера,и мене ми рекоа дека може ама искрено не ми е за носење затоа што кога ќе се закашла буквално се дави ,ем она се мачи ем ќе ги буди другарчињата.
Значи мислам дека некој модератор ке ме банира. Не сум вејќе интересна да пишувам тука. А побогу и смачено ми е ама навистина немам сила. Во wc влегов за да се изнаплачам. Што деца ке беа вакви без имунитет? Најново големиов 2 и пол год. почнува да крвари многу од нос. Мијам,бришам , навалена глава не престанува никако. Точно 11 мин крвареше. Општо премногу ми е страв од крварење на нос. Особено вака од мирно седење. Заминав на преглед,сите крвни садови распукале. Значи ми вика др како ерозија е направена на слузницата. Ако почне повторно го врајкаш на тампонирање , не испрати дома со совети,септаназал и СУМАМЕД. Ваква останав,ни кс да направам сега него после 2 недели. Зарем се дава сумамед за крварење од нос? И зошто. Некако се преизуплашив,како да онемев да немав сила да го прашам зошто? И да напоменам два месеци постојано давам вит.ц и пак дојде до вакво крварење
Нелиии... Од орл е еве го и извештајот. некако инстинктов ми вика да не го давам.. многу е јак... а и зошто би се давал што унапред ке заштитуваме доколу дојде при контакт со вирус и бактерии бидејќи се распрснати капилари? Не ми врајќа ни матичен како за беља....
Оди на ОРЛ супер се на дежурен, нема гужви сега. И ќе те смират и ќе кажат што е како е. Бар специјалист за нос ќе ја види. Сега прочитав дека си била. Почекај ако не да ти врати матичниот.
Тоа и мене ме јаде црвот. Каде се не ми прошета мозоков. Да не го чепкал,да не се удрил,слаби капилари... А во моментот беше буквално седнат на стол чекаше да му дадам јадење пред мои очи. Ми кажаа само да бил прстнат еден капилар ке го гореле и немало повејќе да се случи такво крварење,но на него многу му биле прснати
@Happyinlove ние кога бевме позитивни од ковид на малата неколку пати почна да и тече носот крв од нигде никаде. Баш од седење како што велиш.
Maliot 2 godini od ponedelnikot so rastecen nos , od sinoke tt do 37.9 i sam ja simnuva zq brzo , ama kaslica se ubiva od kaslanje.Deneska bevme ba lekar uvo grlo gradi cisti obicna viroza ni dade sirup kapki i za isfrlqnje nq slajm. Deneska onaka pomina bez tt i retko kaslanje ama eve kako sto legna se ubi od kaslanje ne prestanuva i zabrzano dise nemam um veke a ni ideja kako da mu pomognam da ja ublazi kaslicata i da ospie malku .I mislam deka sum nemokna veke da se spravam .
Не се обесхрабрувај. Периодов скоро секое дете е така. Земи кромид, исечи го и нареди го во тегла. Полеј го со 3 лажици мед и стави го во фрижидер. Сабајле дај му лажица/две и така неколку пати во денот. Стави го да спие на повисоко да не му се слева од носот, па затоа повеќе кашла. Инаку каков сируп за шлајм ви дадоа? Ако е за искашлуање тој не се дава навечер зошто предизвикува кашлица.
Синчето ми е 3 год. Од синоќа наеднаш без никаков показател претходно качи температура. Ја има цело време до сега ,се искачува до 39.5. Поврати два пати ,пие само вода и одбива храна. Стомачен ли вирус е ова или кружи нешто друго по градинкиве?