Проливот колку трае отприлика кај стомачен вирус? Еве петти ден кај нас пролив уште има,температура и повраќање прекинаа. Загрижена сум што е толку време со пролив.
Кај нас четири дена имаше пролив, еве денеска е добар ама апетитот не му е вратен. Оваа недела што е болен ослабна доста, крцкалче ми е кога ќе го земам во раце
И мојот уште нема апетит,ама не се секирам за тоа,крупен е доста хахаха. Грев ми е се истошти со проливот,па и стомак го боли нормално. Колку време се смета како нормално да тера со проливот,да знам кога да пуштам паник аларм?!
Па не знам искрено, јас како почнав Линекс да давам одма видов подобрување. Докторката ми рече за 4-5 дена ако не помине, да го однесам да сме испитале нешто. Инаку, не повраќаше и температура само еден ден имаше ама тоа мислам од друг вирус беше од претходната недела. Ние и стомачен и бронхит во исто време
Ентерофурил денеска почнав да давам,досега беше само со пробиотик.Тестиран е,негативен. Проблемот е што не го видов,докачил чоколадо добро се најадел и таман беше подобар пак почна сега.Реагира на храна само,ако јаде само банана,ориз или компир супер е. Ама си мислев досега требаше комплетно да помине или....
Ќе се среди, јас што сум возрасна па 2 недели се оправав со проливот и желудникот од стомачниот не пак дете . Ќе се среди столицата давај ориз, компир, банана по зелена и ќе немате гајле.
Мајки плс помош, моите деца се многу приблемстични со храна ама некако успевавме да ручкаме манџички, јајце, павлака, кашкавалче…. Значи нешто се јадеше иако со молење, веќе неколку ден едното близначе одбива се, јаде колку да е живо, млеко на минмум 100-130мл наутро, по 7-8 залчиња кифле, за ручек неќе ништо апсолутно, бара млеко и давам и тоа несака да го пие, исто е и за вечера малку малеко 130-150мл и 5-6 залчиња леб сув. И течеше носето, бевме на доктор, испитавме крв се е ОК, ги извадивме сите заби значи се е како што треба. Хемоглобин 117, задоволително за дете од 23 месеци. Давам два сирупи, еден за апети и еден за имунистет, по препорака на доктор. Што да му правам на детево, вакво ми е цела недела, трчка весело е ама како некој инат да има, сурупи без проблем пиела сега и нив не ги сака. Дали некој се соочил со ваков проблем, до кога ќе трае ова лудило, психички ќе попуштам, детево како да ми се стопи а и онака ситно ми беше. Да напомнам дека го носев во градинка оваа недела, сеуште се адаптираме, еден ден ја оставив и за ручек, се живо плукала и учителката излезе за да ми се пожали и онака жената како да ми се напна, што е ова, што ќе правиме, ме прашуваше како готвам дома, па ми реле да си го сликам менито така да готвам и дома. Се плашам да не му бутале со сила јадење, па да не направиле со тоа дополнителен проблем на и инака проблематично дете. Веќе незнам што да мислам
Од што може да се кршат ноктите на раката?Забележав како и се подига ноктот од страната на коренот и за 2 дена веќе и е скроз испаднат .Матичната ми рече да ја мачкам со белогент,но не кажа што е. Сега гледам и на други два нокти како лушпи на тој дел .
Веројатно има кожна бактериска или габична инфекција. Белогент може да помогне. Ако не ке мора на кожен лекар да одите.
А како да следам дека помага? Пошто на неа секој ден се повеќе и се одлепува ,а внатре и влева нечистотија .Еве како е. Ми е страв да и го скратам ,башка и она си го подига сама...
Сега ја гледам сликата, можеби подобро е на кожен да ја однесете. Има некоја инфекција, но можеби ке ви дадат други лекови.
На мојот на палците на нозете вака му беа. Ми кажаа дека бил удрен или неудобен кондур и при мал недостаток на витамин доаѓало до ваква повреда на нокт. Сами му паднаа не го болеа и изникнаа нови . Давај ц и д витамин
3 dena temp duri do 39.. nos zatnat, proziren sekret... zakasluva retko od mrsulinjata.. vo prilog vi e krvnata slika.. sto mislite
Девојки ајде мислење што да правам. Малиот е болен веќе 10 дена, секрет обилен и густ, нонстоп се затнува носот, не кашла веќе. Пред неколку дена матичната рече спуштил на гради ама не ни даде антибиотик зашто црп беше 10. Правевме инхалации со вентолин, вчера ги завршивме. Денеска на контрола рече подобар е ама го слушам на спиење хрчи, едвај спие од затнатиот нос, со оперил завршивме и не помогна. Сега рече хлорамфеникол да ставам во нос 5 дена. Мене нешто не ми штима, го слушам дека не е долечен убаво, што ќе направам со локален антибиотик? Да барам второ мислење?
Ова што хрчи на спиење ме мачи, да не стане полошо. Не можам така да оставам. Ќе го однесам вечер кај друг доктор да видам што ќе каже. Може и брисеви да направиме. Фала
Da si go odneses vo sistina kaj dr.Obocki Katerina,pulnolog e,zakon e zenata,doktorka iskocena od kozle,so mnogu iskustvo,ona najdobro ke ti kaze