На овој нокт ,маж ми вели се ударила ,ама ми се во мисла и другите што почнуваат да се лушпат.И кај вас беа повеќе нокти? Д витамин давам,ќе земам после и Ц.
На ногата два палци,на раката средниот прст. Сам го тргна на рачето на ногата паднаа во чорапче. Јас се мислев гливично е нешто се изуплашив нo еве сега нови има. Ова во летен период му беше него. @maja.mitrova некој вирус покажува. Штом има и температура а и крвнава слика си покажува. Најубаво на педијатар. Може грло да е,обично грло дава висока температура
Вироза е. Да не има осип по телото? Ќе пројде, кај вируси може да трае температурата и до седум дена. Реултативе од денес се?
И мојот е така не кашла веќе, нема ни секрет освен утрово еднаш ми дувна зелени мрсули, ама диши на уста и во спиењето ужасно е. Пред една недела завршивме со капки хлорамфеникол+дексазон, имаше бактерија мораксела. Не сме правеле контролен брис ама јас мислам не е долечен. Докторката ништо не даде друго, не даде ни брис контролен да се прави и премногу се нервирам. И јас ќе го носам на друго мислење се плашам дека ќе се влоши. @BirMelek вие што направивте со бактеријата како е малиот?
Зошто не ве праќа на брис? И така не пие антибиотик, може да направи. Провери си па после ставај антибиотици. Секако хлорамфеникол ќе среди локално ако има нешто, ама не е лошо да се провери пред тоа.
Јас искрено мислам дека нема бактерија затоа што излечивме мораксела пред 3 недели, беше во градинка 3 дена и почна да се разболува. Од тогаш не бил во градинка, па не знам кога би фатил. И јас сум иста како него, во исто време се разболевме и затоа мислам дека е вирус. Поточно јас сакам да прашам што е решението за недолечен бронхит кој се третирал само со вентолин? Може да си помине само од себе?
Можеби се работи за розеола, вирус со тридневна температура, со осип кој се појавува на грбот, градите и стомакот, поретко на другите делови, и трае обично колку што траела и температурата. Вироза е секако, само течности, одмор, по потреба антипиретици, и многу трпение. @Jana06 хрчењето не мора да значи дека има бронхитис уште. Тоа може да биде од трет крајник или од носот. Поверојатно од трет крајник, ама неблагодарно е од мене да нагаѓам. Кај бронхитис има типично свирење кое се слуша при дишење, не само ноќе.
Досега кај мојот вака не било да хрчи. Значи хрчел кога има секрет, кога е настинат и кога ќе помине тоа поминува и хрчењето и си диши најнормално. Прв пат вака остана како недолечен. И мене ми спомна докторката трет крајник ама не ми е верно мене. Дали вака од никаде можно е да се појави тој трет крајник на 4+ годишна возраст или да си сметам дека ова кај нас е недолечено? Кажав и дека утрово дувна зелен мрсул исто како кога ја имаше бактеријата пред две недели.
И мајка ми беше исто вака само што кашлаше многу, премногу. Сега е малку подобра ама уште кашла и тоа после терапија со Сумамед, а за секретот од нос исто ми рече густ, леплив, зеленикав. Не може да се оправи цел месец. Што вирус ќе беше ова страшно.
Читав дека може да биде последица од прележан коксаки вирус. Баш пишуваше дека се јавува неколку недели по оздравување.
@SophiaBella, @Jana06 тој трет крајник и генерално крајници најчесто прават проблем помеѓу 2 и 6 години (иако знае до 10 години да тераат проблемите, а и да почнат порано). Мојот имаше големи проблеми од некаде година дена па до кај 5 години. Посотјано беше со растечен нос од прв роденден па до кај трет. и секој вирус на крај преминуваше во бактерија После трет роденден почна со сериозно крчење, поткашлување (како да си го чисти грлото) и слично. На скоро 4 години почнаа и проблеми со уво и слично. Едно дете да имаше во градинка со растечен нос мојов одма фаќаше. И сите во група ќе поминеа со растечен нос, мојов со температури, кашлања и слично. Како расте (после ескалацијата на 4 години до 5 години) проблемите се намалуваат. Сега на скоро 6 вирусот со растечен нос и густи лепливи мрсули на нога го помина (јас повеќе заглавив) и поретко му се случува да крчи во спиење и преку ден. Ние никогаш не отидовме на проценка за трет крајник. Знаевме дека тоа може да е проблем, ама и двата крајника му беа големи (и уште му се) па не правеше никаква разлика. И да знаете дека е трет крајник и да не знаете до 6 години терапијата е симптоматска. После 6 години се носи одлука дали треба или не хирушко отсртанување на крајници или само на трет крајник и слично. Така мене ми кажаа на лекар а и од она што читав испаѓа дека е така. https://www.msdmanuals.com/home/chi...ren/enlarged-tonsils-and-adenoids-in-children За превентива секогаш му прскам во нос спреј од диво оригано во есен/зима и прополис во грло од некаде 3 години па наваму (и сега му прскам секоја вечер). Ќе почнев и порано да знаев дека ќе помогне. Или можеби како расте така анатомоијата се средува (односно му расте главата, а крајниците не па помалку проблем му прават, плус Евстахиевата труба од права станува искосена итн итн). Немам нешто многу паметно да ви кажам освен издржете.
https://www.zdravobudi.hr/clanak/pedijatrija/bolest-usta-saka-i-stopala-19654 Еве тука пишува, прочитај.
Здраво, од февруар месец до сега со седум примани антибиотици неможеме да исчистиме ешерихија коли и енетерокока уринарно. Дали покрај чај од оригано, масло од оригано, масло од семки од грејпфрут имате пробано некој друг лек.
Мајки чистев со носко на ќерката носето и во аспираторчето имаше малку крв. Сте имале вакво искуство?
Исто малиот уште пред годинка ми кажаа дека има големи крајници за негова возраст и го имаат блокирано третиот крајник. Болежлив да не пишувам,од 4 месеци негови нема месец да не е под антиниотик. Многу често спушта на плуќа де бронхит де пневмонија. Сега ми дадоја да прскам риноко два месеци минимум па да следиме. Јас искрено би ги вадела крајниците. Ова е мачење и за него и за мене. Ни до 6 години не би чекала. Ке се отруе од антибиотик како што е тргнат,а макечко е 14 месеци
Дефинитивно вадење крајници на што помала возраст е добра одлука. Мене ми одложуваа многу долго, едно време антибиотици не ме спасуваа, директно едни инекции примав, болна скоро секој месец. Ги вадев на 21 година и закрепнувањето траеше еден месец, детенце од 5-6 години со мене во соба јадеше од следниот ден. Третиот ден ги пуштија дома, јас останав цела недела, почнав да јадам после 3 недели. Потешка ми беше таа операција од царски. После тоа се немав разболено 10 години буквално ни настинка. Инаку, бевме на второ мислење и градите се чисти, грло супер, докторката рече не препорачува ништо освен солен раствор, ми падна карпа од срце.