Леле жени веќе не знам што да правам. Детево го однесов на уште едно мислење ништо немал. За то шо е затнат ми даде да инхалира 5 дена со дексазон, спреј ацидосалус и лоратадин да давам 1 месец. Поминаа 3 дена со терапија детето кај не е подобро почна да дува пак зелени мрсули. Ова не се ни крајници ни ништо туку е бактерија недолечена според мене. Почна и да поткашлува пак. Кажете ми совет што да правам се пореметив веќе. Сакам само да му дадам антибиотик на детето да му се скратат маките 1 месец ни јас ни тој не сме нормално спиени не може да дише детето нерви искинав со овие докторите. Ќе правам пак брис од нос понеделник ама до тогаш што да правам ќе полудам веќе. @BirMelek кај вас како е ситуацијата?
Исто отприлика. Јас бев на второ мислење, да не давам атб. Ама, веќе 4 недели дете со мрсули, кашла влажно и длабоко... Мојата теорија беше дека подобро е да испие еден антибиотик, отколку да се прскаат секакви можни капки и да влечам мрсули, пишти дете, носот го боли. Или да спушти на гради, па сепак да заврши со атб, а добро истоштен 4 недели. И така, денес почнав со антибиотик. Сто пати се премислив, тешко ми е, криво на моменти ќе пукнам. Не знам што да кажам, матичниот ме поддржува. Ми вика пробавме, се мачи, а и да не ја оштетуваме слузницата повеќе. Ми се плачи
4та недела со густ секрет и кашлица,после кортико само 3 дена не кашлаше. Антибиотик,сируп за алергија,инхалации со кортико и Оперил П и иста е состојбата. Во меѓувреме уредна кр.слика и брисеви чисти. Гледам сите деца исто минат...
Само кашлица? И тоа интензивна наврчер? Што даваше? Правам инхалации со синомарин, сопругот вика повеќе кашла од нив.
Инхалирав сo физиoлoшки и нoсoт сo синoмарин гo прскав. На пoследиoт преглед матичната кажа да престанам сo инхалациjа. Да навечер мнoгу кашлаше ,а и преку ден.
Леле јас ми иди на своја рака да дадам антибиотик, знам дека детето ќе оздрави тогаш. Зелени мрсули се бактерија и ништо друго. Колку и да не сакаме да даваме некогаш мора и тоа е. Колку пати инхалираше кортико па и во носот стававме. Демек подобро е кортикото? Те молам кажи ми дали ќе има подобрување кај вас од антибиотикот. Дај Боже да има
По антибиограм го давам, стрептококус пнеумониа има и не можам веќе да чекам сама да помини. Ќе пишам како е, само една доза испи сабајле.
Кај мојот беше мораксела, секако на своја рака нема да давам јас така ми беше зборот да објаснам колку сум очајна не се трпи веќе. Ќе се молам и колам со доктор да препише антибиотик.
Мoра да се избoри сo бактериjата и дс дадеш антиниoтик ќе jа среди привременo па пак ќе се пojави. Чим нема темперстури, сериoзнo кашлање... Чисти нoс пoчестo. И лoкалнo да jа лечиш пак нема ефект...
Колку време да чекаме да се избори? Не може ни да спие нормално, без воздух останува во спиењето, ни да јаде нормално...1 месец е така ...
Aj da prasam ovde, dali ima nekoj virus samo so temperatura 11g. ima cel den e so tem od 37,7 do 38.5. Test kovid od apteka negativen.
Не, а гледа дека не поминува. Ќе се убедваме да препиши оти не се трпи ова не е недела или две, месец замина.
Женски, ми се осипа малата низ цело тело со црвени ситни брунки , ама баш низ цело тело. Има на лице цело, уши и позади нив, на меше, под пазуви, на ножиња , на табани, на препони. Ама баш насекаде. Од вчера и се појавија, не се чеша, докторката ја виде прееска, и исклучи алергија, сипаници исто така не е. Крвна слика направи, рече само ок дека е , а претходно спомна дека е вирувче. Од неделата беше ќенкава, вчера поручек ги извади, ко да се потсмири малце. Да напоменам дека не се вруќаници, тие се на едно место, и минат за еден ден . Дали знаете да има некое такво вирувче, и за колку време мине осипот?
Розеола да не е? Имала скоро тт? Инаку моиве сега прележаа сипаници, и баш така почнаа, со црвени точки. Големата имаше баш секаде како што опишуваш, дури и на дундето и во косата. Малава драстично помалку. Не велам дека е тоа, само споделувам искуство. Со таа разлика што моиве уште од старт се чешаа и знаев дека се сипаници. Побрзо да помине
Има големата прележано сипаница Варичела, знам како изгледа, се полнат се меури брунките. Не е тоа, оти вие така си стојат, плус и не се чеша. Помислив и јас на розеола, ама не знам точно како изгледа. Ќе пребарам на нет сега. Температура некако како внатрешна да има, појма немам искрено . Фала, нека мине побрзо