Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Вртоглавица, гадење, повраќање.
    Чим плачел и одговарал нема ништо.
     
    На JoyJoy и Happyinlove им се допаѓа ова.
  2. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.199
    Допаѓања:
    4.941
    Пол:
    Женски
    Како ја третирате бактеријата moraxella catarrahils во нос? (нз точно дали ја напишав) Што препорака сте добиле од педијатар?
     
  3. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Ако нема никакви симптоми, ништо. Ако тече носето пробај со диво оригано ама кај моево јас не приметив разлика.
     
    На Bupalu и Lady*Bug им се допаѓа ова.
  4. Bibi30

    Bibi30 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2017
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    1.177
    Пол:
    Женски
    Јас пак. Ни прсшок, ни пробоотик не помага да се искака. 4 дена не е какано, не сака ништо во уста да става, се мачи. Дали може топломер да му ставам, немам памет веќе...
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.866
    Допаѓања:
    30.993
    Пол:
    Женски
    Нуди повеќе вода и сок од круша или од слива или нека јаде круши (сливи сега нема затоа не викам да јаде сливи). Не знам на 3 и пол дали ќе те пушти топломер да ставиш. Јас на бебе имам ставано чепкалка за уво во газе по препорака на педијатар, ама на две години не сакаше чепче за температура да му ставам. Не верувам дека моејов би ме пуштил топломер.
    На моево пробиотик му ствара запек и му давав само ако пие антибиотик (сега му давам мала доза во енти мулти-витамини што ги пие ама тоа е пола од препоарачана доза така што не му прави проблем).
    За во иднина следи што му прави проблем и не давај таква храна некое време.

    Секако прашај и педијатар за совет.
     
    На Bibi30 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.582
    Допаѓања:
    6.144
    Пол:
    Женски
    Цеден сок од портокал да му. Кај мене се чистат од тоа :D
     
    На Bibi30 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    7.345
    @Bibi30 пробај вака: суви сливи (најдобро купечки) вари ги во три води, првите две води фрли ги а во третата испасирај ги сливите и со круша или бисквити дај му ги како каша, ако ти остане вода дај му ја како сокче. Ова и помогна на Антонија, за два часа ја протера и до вечерта уште два пати какаше.
     
    На Bibi30 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  8. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    6.308
    Пол:
    Женски
    Детево ми е со затнат нос 8 дена веќе. Ставам синомарин и оперил п ама некако нема подобрување. Влечам со правосмукалка ама излегува многу малку и за кратко е пак затнат. Не знам како да му помогнам веќе...
    Да пробам да му го исперам носот со шприц и физиолошки? Страв ми е мислам ќе се удави :|
     
  9. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Јас се мислев ама не се осудив да му го исперам. Пробав прво на мене и 2 дена осеќав вода во синуси ама има мајки само така чистат носе. Пробај ако сакаш, од истата причина и јас сакав да пробам, што маки видовме 3 недели од вирусот.
    Кога сум веќе тука да прашам откако го поминаа овој вечниот вирус, после уште колку време кашлаа вашите? Веќе втора недела кашла продуктивно ама само ноќе. Вака е супер, излечен, нема ниеден друг симптом.
     
  10. SophiaBella

    SophiaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    1.538
    Допаѓања:
    4.885
    Мојот уште е затнат, брисот е чист. Неподносливо е ова. Никаква терапија нема прскам ацидосалус само и си седиме така месец и нешто не поминува. Памет немам веќе што да се прави.
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.778
    Пол:
    Женски
    Да бараш упат за орл?
    Мојот денес пак мрсули до колена на кивање извади:@
    @Jana06 ако кашла влажно нека си кашла. Давај течности побрзо да го искашла шлајмот само. Кај мојата кашлањето трае три недели, последните денови е поднамалено. После скокање и збеснувсње на спална навечер, се закашлува и плука шлајм редовно.
     
    На Dikinzi и Jana06 им се допаѓа ова.
  12. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    1.945
    Допаѓања:
    5.341
    Tri nedeli seuste slajm i ponekogas kaslica ...ne gledam kraj.Se isprobano se ispitano.
     
  13. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.220
    Допаѓања:
    18.963
    Тие кашлици и шлајмови може со месеци да траат.
    Мене ми кажаа лој од гуска да се мачка на гради ама ја сум суеверна за народна медицина. Наводно со тоа исфрлале шлајм преку каката. Еве некоја мајка ако има искуство нека сподели
     
  14. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    1.945
    Допаѓања:
    5.341
    Znam za loj od guska poracav sega ja cekam posledna opcija mi e oti maliot veke vrsti samo sto ke ja doblizam rakata do negoviot nos a i moram veke vo gradinka da go pustam.
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.585
    Допаѓања:
    3.824
    Јас ќе ви кажам еден природен лек, испробан моментално на мене и на малата оти само што прележавме ковид, кашлавме како кучиња сите дома и уште кашламе ама каде каде е подобро. Кумата ми го кажа овој лек, загревам мадлинов зејтин во едно тавче и ставам камилица чај, не во кесички туку онаков природен, наберен, јас на пазар купувам. Стои едно 10 минути и после прецедувам во тегла и се мачкаме на гради и на грбче. Многу ја омекнува кашлицата и исфрлуваме шлајм одма. Природен лек е, нема ништо лошо, пробајте.
     
    На Bupalu, Sexybaby86, SanelaS и 3 други им се допаѓа ова.
  16. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.866
    Допаѓања:
    30.993
    Пол:
    Женски
    Јас знам за сало мачкано на гради. Пошто лој од гуска потешко се наоѓа. Ми ставаа мене на гради како мала (од мала влечам проблеми со синуси). Се мачка салото на картија за печење (на која се дупнуваат дупчиња со игла) и потоа на гради. Главниот ефект е што топли и така помага да се разводни секретот и да се искашла.
    Ама сало и лој нема да помогне кај растечен нос. За носот само испирање. Искрена да бидам јас на моево во чај му дадод да се инхалира со мојто инхалатор (оној со топла вода што сега демек не се препорачува) и тоа најмногу му помогна кога му беше растечен носто годинава. Детето е скоро 6 години и прочитав на Мукоплант мастот (ова би требало да го има и во Германија) дека може да се користи за инхалација за деца на 4 години. Во многу топла вода растворив малку и му дадов да дише. Одушевен беше како промена од капки за нос и оној инхалатор за ладна инхалација. Ми виак како чајче ми доаѓа. По инхалацијата сешто излезе од носот, ама по два-три дена навистина имаше подобрување. Е сега лекари секако ова не препорачуваат ама искрено на крај баш ми беше гајле. Битно на детето да му е подобро (откако нели проверивме дека нема бактерија и слично).
    Инаку има некој гаден вирус. Имам во комшии дете што веќе месец и пол кашла ете така од ништо. Се проверено се испитано дете кашла. Се потсмирува со време, ама уште го слушаме низ влез а некогаш и од спална како си кашла.
     
    На SanelaS и mal.ecka им се допаѓа ова.
  17. SophiaBella

    SophiaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    1.538
    Допаѓања:
    4.885
    Имаме за на 15ти декември дури.
    Антибиотикот не помогна кај твоето?
     
  18. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Од Скопје си?
    Не ти треба упат оди директно, никад не ме вратиле.
     
  19. SophiaBella

    SophiaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    1.538
    Допаѓања:
    4.885
    Не, од Битола сум.
    А каков преглед ќе му прават? Јас имам одено на орл и ми правеле преглед со камера. Ако случајно таков преглед треба да се направи, син ми многу тешко дека ќе соработува, шанса нема.
     
  20. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Нас после 3то воспаление на уво едно по друго, тогаш со камера. Не верувам дека одма со камера ќе го гледаат.
     
    На SophiaBella му/ѝ се допаѓа ова.