За правење го правев од око, да дојде како сируп, и само по една или две кафени лажички му давав зошто не го сакаше и едвај, ама му ја најдов цаката на крај додека го ранев и уз јадењето му давав од ова.
Девојки колку е страшно често користење на Вентолин? Децава мои се чудо немаат секрет чат пат ќе поткашлаат скоро па ич а спуштаат на плуќа.Има ли нешто што можам да го превземам за да не дојде до тоа спуштање?До сега со инхалации не сум играла,секогаш сум чекала потврда од доктор па макар и за физиолошки ама таква паника понекогаш ми се ствара што од нигде никаде спуштаат.
Прво, отиди на друго мислење, нека ги слушнат, и види дали е за вентолин. Малку чудно секој пат така да е..
И мојата е така, еве за 2 месеци четири пати спушти на плуќа, и ренген и правев и алерготестови, и на имунолог бевме, пнеумослајд се е супер а она од ништо одма спушта. Исто на вентолин сме често, мене ми рекоа дека тоа е по не штетно од антибиотик
Leukozyten 6-17: 25.87/nl Thrombozyten 200-360: 413/nl CRP <0.5: 3.6mg/dl Лимфоцити и моноцити исто малку покачени Веќе 3ти ден со висока температура, од синоќа почна на подолги интервали да качува до 40, инаку два дена моравме да комбинираме парацетамол и ибобруфен дека на 3 часа макс. нагло качуваше темп. Други симптоми освен малаксаност кога крева темп нема, и кога спие се слуша некој секрет при дишење. Гради, уши и грло во ред. Дали овие резултати покажуваат вирус или бактерија? Рекоа не е за антибиотик Фала Едит: пред 2 нед беше исто така 2 дена со мн висока темп но тоа беше реакција од ммр
Исто. Сега е на вентолин сируп на 8 часа а навечер лоратадин сируп. Почна со сува кашлица сега е развлажнета. Многу антибиотици прими и сега вака ке тера 10 дена. Но и секрет има во носе. Чистам со оперил п.
Вентолин нели се даваше до 5 дена? Дека ствара тахикардија. Ела да се гушнеме јас и ти со децава немаме мир. Поминааа две недели и двајцата пак полни секрет
Па толку ни е мони даде повеке од две недели не сме издржале.... 7-10 дена ми кажа,и после не рече цели 10 ке го даваш. Очекував да дава тахикардија и вознемиреност но еве до сега фала богу не покажа такво нешто. И плус и 4ките излегуваат. Имунитетот му е во минус
Гледај некако пред спиење не го давај два вечери со големото се журкаме до 5. Јас ќе го паузирам малце големиот од градинка ептен и за бебево се исцеди мислам. Туку си им правела ли пнеумослајд? Јас сакам на големото да видам да не има нешто ова е многу често веќе. А маж вика ги луфтирале многу во градинка.
Немам правено и баш тука прочитав доста што го правеле. Морам да направам. Не е хумано ова што му се дешава... Јас исто сега ги ставам на пауза неможам мрп да го вакцинирам од што не е во добра здравствена состојба подолго време. Двајцата дома ке седат.
Нашата прво даваше дексаметазон или пулмикорт, секој ден одевме на слушање, ако немаше подобрување тогаш и вентолин, ама вентолин како последно беше, не како прво.
Малиот е 13 месеци. Преку ден не кашла ама за време за дневната дремка и во текот на вечерта кашла. Малце е настинат, носето му течи малце. Не му е затнато. Утре ќе го носиме на педијатар ама сакав и од вас да слушнам мислење како да ја третираме оваа кашлица? Ми е страв да не спушти на плуќа. Значи не е постојана ама навечер му го ремети сонот, ни ние со него сме спиени ни тој. Вчера едно 5-6 пати се разбуди од тоа кашлање.
@simona_baby, @Dikinzi различно дејствуваат Пулмикорт и Вентолин. Пулмикорт намалува оток колку што знам, а Вентолин прави дилатација на бронхии. Лекарот одлучува што кога се дава. Инаку Вентолинот ако не се користи правилно може да даде тахикардии затоа се препорачува голема претпазливост со него.
Добро вечер, дали некоја мајка користела риностоп кај деца помали од 6 години ,дали има несакани резултати ако се даде на помало дете ?
Незнам во која тема да прашам. Дали сте користеле бејбихалер со пумпица флексоназе? Бебето е 14 месеци ,покрај терапија од вентолин нема подобрување има оштро дишење и кашлица која наликува на детска асма. Прими урбазон инекција,утре уште една и продолжува со ова што мене ми е тотално непозната направа. Дали има подобрување дишењето?
Нашиве се со два отворени прозори. Имаат јако парно и демек ради тоа. И ние овој месец сме на вентолин. Последните два пати му почнува со кашлица која буквално не се смирува. Почнува со вентолин и синомарин, се смирува и се навлажнува. Толку мал, а како буфта леле мајко Никогаш не давам инхалации без да го слушне. Е онојпат во неделата се откорна од кашлање, не се смируваше од саботата, дури пребледе цел од шо се измачи и се јавив и и опишав и ми рече одма со вентолин. Од втората инхалација стана подобар. Доколку добие напад на кашлица навечер ми рече да дадам пак вентолин, да го разбудам. Инаку, одиме со 0,3 вентолин и пола ампула синомарин. Максимум 5 дена ми рече се дава. Кога имаше ковид, беше ептен затнат и даде декса. Мониче правевме ние пнеумослајд, синко ми припадна тогаш зошто треба поише крв, го стискаа од неколку прстиња оти нејќевме од вена, кога заврши се изгуби , одма кока кола Не излезе ништо. Фаќаат се и сешто од градинка. Пред 10 дена чист брис, 5 дена во градинка, пак зелен секрет, истите симптоми ко стрептококата Викам јок веќе правење брисеви , џабе е . Цело време ќе си циркулираат бактериите
Него едвај му зимаат од прсте вака ќе се откорне. Јас обочно кога настинува и мњ хрчи не го ни носам на лекар. Ринистоп и сируп за кашлица и добаре е. И сега мислев така е ама не утре ќе го носам. И проблем е што он нејќе инхалации нема шанси. Затоа сируп вентолин, само што ќе сетам кашлица нападна и одма давам не се ни конслутирам со матичната. Ова е веќе премногу пред две недели беа двајцата он настинка бебе бронхит. Брисеви ми се чудат и за бебето на секое што му правам. Нема ништо чисти се а зелени мрсули. Јас незнам какви вируси се ова комплет дома не фаќа.