Има некој буден да ме смири? Големиот (8ипол год) пред 2 саати се изнајаде еуро крем, играа со малиот се беше ок си легнавме да спиеме и одеднаш поврати. Вика не го болело стомак не му се матело во мешето пред да поврати. Едноставно така му дошло. И еве си легна. Се надевам од прејадување е, сепак благо. Неисптоцесирана храна и повратил. Нема температура нема дијареа буквално ништо. Како капак на тоа сопругот прави притисок болен е леле ова леле она гарант има температура... Крај не можам да фатам, паника ме фати сериозно.
Ja primetiv kerkata 19meseci, 4-5 dena veke trepka so ocite i toa dosta cesto...milsev da ne izvodi ama ne...imal li nekoj vakvo iskustvo?
од тоа му е, немаше тт сабајлето си стана си замина на школо. Нема ни пролив денес. Ама затоа па јас и малото сме крш посебно јас. Малото не толку. Сум очекувала стомачен вирус во лето ама во декември....
Има грип по градинкиве? Во група само ние пријавивме висока темп, а еве 4 ден е со 39 никако не паѓа.
Кои се други симптоми на мононуклеоза? Аман, и тоа се појави по градинкиве? Моиве 2 недели со тт наизменично ќе и има 2 дена, после ништо, па по 5 дена пак. Вчера ги носев за потврда за градинка, ги прегледаа, супер, добивме потврди. Доаѓаме дома малата се раскашла, за 2 саата крена тт и си крева на 8 саати. Во рок од 1 месец ова е 4 пат да крене. Крвна слика чиста, црп е до 5, нејзе и е 7. Сите крвни слики последни се така.
Леле и мојата,тт крева последниот месец од никаде. Па сама проаѓа без сируп. Ама не е во ред да крева така, ум насекаде ми отиде. Во понеделникот бев кај матичен, ја прегледа, добра е. Вторникот вечер се раскашла страшно, средата станува вика ми студи, за саат време качи 39.2. Па не спаѓаше со блокмакс. По 3 саати дадени од сируп, заминавме на дежурен бидејќи беше неработен ден. Таму ја прегледаа, потечен крајникот, но рано за терапија и дијагноза. Ни дадоа упат за брис од грло за стрептококус пиогенис. Брисот негативен. Во петокот, таа се уште фебрилна до 37.7 максимум, отидов кај нејзината докторка, ја испрати на кс. КС леукоцити 10.8, ЦРП 39. Не дава атб, бидејќи имала наслаги на крајникот, вика локализирано жариште, да терам со орален антисептик. Ама мене страв ме јади, нели за наслаги на крајник значат бактерија и плус црп е високо??? Ќе терам по нејзино нормално, сакам и јас да избегнам атб, ама да не направам полошо... Жими се ова кревање тт и раскашлување од никаде, веќе анксиозност ми прави
Како помада. Можеш и на грбче. Ај и јас на темава, 28 пати и измерив температура и паничам. Ми стана топла од спиење, 37.2. Преостанатите пати измерив 36.8 до 37.3. Топло ни е дома. Ме фаќа паника дека ја фаќа нешто. Нозете не и се ладни, обично и се кога качува. Да ја изнесам да ја прошетам или да не ја пресечам?!
Искрено поима неам. Имаше нешто и хартија ставаа. Ама мислам и така загрева. Пробај, не е штетно сигурно.
Јас ова го правев кога кашлавме пред 2 недели сите дома: загреав маслинов зејтин со чај сув камилица. Го ставам во тегличка и мачкам на грбче и на гради. Помага бајаѓи. Пробај
И јас имам потврда од матичната дека е здрав, вчера ми даде. Не знам како само даваат така и не знам што ќе се праи со матичниве, буквално не се замараат. Ние откривме што му е зошто имаме инфектолог у најблиска фамилија и ги знае болестиве. Матичната вчера ни рече ништо не му е, црвено грло може да оди во понеделник. А 4 до 6 недели е инкубација, он се заразил на почеток на ноември и никој до сега не пријавил мононуклеоза. А ја поминало некое дете сигурно зошто ние му ја потврдивме, а буквално со никој друг не се меша (ни братучеди, ни комшии, ни пријатели, со сите на отворено се гледамњ) и нема кај да фати. Симптоми се висока температура што тешко паѓа, на крвна слика високи моноцити, ниски тромбоцити и леукоцити, општа малаксаност и како гноеви на грло заради што одбиваат и храна и пиење. @NewMama колку време беше болен внукот? 5 ден е болен, преморена сум. Дење ноќе за мене е залепен, тешко му е, нит јаде нит пие.
Реално може и на тоа дете што ја имало не му ја откриле. Не дека оправдувам само мисла ми прелета. Јас се пријавувам во градинка, па дури и за увото кажував иако не креваше температура. Како се третира мононуклеоза?
Да, тоа кажувам дека заради тоа што не се замараат многу матичниве, не знаат родителите што е со детето. А и тој вирус како сите, ќе помине кај некој полесно, кај некој потешко. И мене да не ми кажеа дека е личи на мононуклеоза и да немаше кој да го провери, ќе оставев така и ќе го пратев во градинка штом спадне температурата. Симптоматски се лекува. Кај помалите и најчесто полесно проаѓа, ама мора да се внимава 2/3 недели по престанок на симптоми може да се појави проблем со слезинка
@Kuklicka17 му траеше 7-8 дена,примаше и инфузии . @TeddyGrey вирусно е мононуклеоза па затоа нема мн што да се прави. Витамински инфузии и мн течности. @monik55 незнам дали си чула јас не верував, ама исто, дури и повеќе помага лој од гуска. Се мачка на гради и плеќи исто се дава и на врв од лајче орално.