И јас не би инхалации, барем не на своја рака. Ако доктор препорача, да. Моиве не сум ги инхалирала, еднаш или двапати големиов, оти доктор така рекол, инаку не.
како не знаат каква бактерија е? А на кој основ процениле дека е бактерија? На брис си пишува која бактерија е и со што може да се лечи
А оти сама не си направиш брисеви? Идеш зимаш брис, крвна слика со црп и мокрача, со резултати на друг доктор или ако нема друг доктор ќе знаеш бар дали е тој антибиотик тој што треба.
Постојат, ако мора. Моево имаше многу високи леукоцити и ЦРП, па мораше да се ординира антибиотик, за брисеви немавме време. Среќа што постојат брзи стреп тестови. Испадна гнојна ангина, стрептокока пиогенис е во прашање. Оспен без брис доби.
Да, нашата која ја сменив одма после ваков случај. Ни даде антибиотик “као” според к.с. смета дека е бактерија и нема потреба од брисеви сигурно е бактерија. На своја рака направив брисеви кој беа чисти и црп мирно. Баш на форумов барав мислење на кое од Ана, Лолипоп и некој други членки добив совет да не давам ништо. Одма ја сменив и се консултирав со новава педијатарка која ни е сега. Беше збунета и изненадена од случката. Ни кажа воопшто ништо да не давам чим дете е со чисти брисеви и малку покачени леукоцити. Испадна кашлањето суво дека е од сувиот воздух дома од самото парно. Ете за чудо сеуште постојат педијатри кој на слепо лечат бактерии кој ете ги нема. Или даваат антибиотици како бомбони.
И ние зимава добивме антибиотик без брис. Високо ЦРП, болка во уво и температура над 39 што не се спушташе имаше детето па мораше веднаш да се делува. За неколку дена јас добив исти симптоми само без температура па јас правев брисеви и испадна дека сме го погодиле антибиотикот.
Според мене ако доктор не знае да процени и даде дијагноза според клиничка слика и состојба на детето, не е доктор. Ете толку имам да кажам на темава
Ама па има ситуации кога мора, висока тт, ама и тогаш сум правела брис па сум дала атб. Што знам, подобро да знам со што се борам. Што знам, јас мислам дека подобро да се има на ум, оти така се ствара резистентност на атб. Кај мене стрикно резистентност има на многу атб поради баш тоа клукање со атб од тепка а реално требало друг атб, зборам за уринарни инфекции. Имаше пред некоја година и дека многу бактерии се станати резистентни баш поради тоа.
И за тоа си во право. Факт е дека е најдобро антибиотик да се ординира според антибиограм. Ама ако докторот ја знае добро симптоматологијата може да даде атб и без брис.
Мојата матична претходната година шест пати секој месец цефалексин даваше, и тоа за покачена тт и као црвено грло. За тоа црвено грло не и верував воопшто, мислам дека си наоѓаше причина колку да даде антибиотик. Му го падна имунитетот на моето дете со тие антибиотици. Она што ме интересира, дали за црвено грло навистина се дава сируп?
Зависи од што е црвено. Не секогаш се дава сируп. Првиот пат кога матичната на детево го прегледа, ми рече дека грлото е цело црвено и претпоставува дека е вирус и нема потреба од антибиотик, може само со прополис да поминеме. Посебно затоа што детето имаше апетит. Ама после имаше веќе гнојни чепови, врз основа на тоа и брзиот стреп тест даде антибиотик. Моиве добивале антибиотик само при гнојна ангина или докажана друга бактерија на брис. Во други случаи не.
не е џабе. Има случаи каде и покрај цела примена терапија пак резултатите даваат позитивен тест на бактерија. Ако е соодветен антибиотикот веќе ќе почне да се совлада бактеријата ако не е значи бактеријата си стои а ти џабе труеш со антибиотик.
Нашиот педијатар од обичен преглед ни кажа која бактерија ја има малата у нос. Даде антибиотик одма оти имаше 39 со 5, сигурно нема 2 дена да чекам резултат, повеќе штета ќе направам. Не му треба крвна слика и брис. После преглед, не прати на крв и брис, по 2 дена се виде дека е таа бактерија што ја кажа у нос. Секако дотогаш веќе реагирае на антибитикот и падна температурата. Секогаш ист антибиотик и даваат, оти на се е сензитивна, не пиела многу антибиотици. Чудно ми е што брат ми и татко и се алергични на пеницилин, јас на 33 години станав, а нејзе и даваат без проблем.