Меѓу стоматолозите има специјалисти за болести на уста, не сите. На мојата и е така два месеци, ама е малку слабокрвна, не знам, ќе видам ќе му пуштам слика утре, има еден, на мајка ми колега, специјалист е за болести за уста, ќе прашам ме замисли...
Искусни мајка може ли малку помош/ совет? Малата е 14 месеци, додека најдиме добар доктор не знам што ќе биде, овде каде живееме се оди на матичен, педијатар ептен во итни случаеви, или ако сакаш да го прегледа педијатар бараш упат и за приватно ми закажаа дури во март дека не е итно, не беше болна тогаш малата. Дете од нејзината група на градинка има инфекција на плуќата од понеделникот. Таа почна неќна со зелени мрсули(претходниот пат кога беше со зелени, ништо не ни дадоа само солени капки, брис ако покажувала други симптоми ама ок беше и помина тоа брзо) и поткашлуваше малку. Вчера ја носев на доктор (имаше и 3 зелени столици) и рече дека дишењето е ок, грлото малце црвено, и ми препиша amoxicillin да не се враќам ако почнала да кашла ептен да и давам од антибиотикот 5 дена. Нели треба КС, брисеви нешто пред да дадат антибиотик? Немам искуство, не е била болна никогаш, градинка почна пред месец дена некаде Докторката што обично ја прегледува не беше таму и таа претходниот пат ми збореше дека антибиотик даваат ептен во краен случај, замената нејзината ми го препиша велам како да знам дали треба да давам, ми вели епа ако почне ептен да кашла. Закажав за утре со нејзината докторка пак, не знам ќе прашам ваљда за КС? Никогаш не е била болна, не знам што да правам. А денес повеќе кашла ама не сум дала уште од антибиотикот
Дали има температура? Носето и тече и има зелени мрсули? Кашла суво или влажно? Детето е расположено или нервозно? Јаде, пие, спие? Сите овие работи кои те прашав се многу битни за да се одреди терапија на бебе/дете. Сепак ти си мајката и следи го да бидиш како ќе се одвива деновиве. Антибиотик не се дава туку така. И ја би направила прво брис ако е чист мислам дека нема потреба да се дава антибиотик. Многу убаво чистење на носето по многу пати на ден, јас чистам со физиолошки раствор од 1 кг купувам, полнам шприц, дете во мене над лавабо и шприцам во едната и после во другата ноздра и се така додека не почне да тече чиста водичка, тогаш да знаеш е чисто носето. Тоа ќе го правиш се додека гледаш дека му се полни носето и нормално само не може да го издува.
нема температура, нос тече(не многу) проѕирни и зелени мрсули. Почна со суво кашлање, сега како да сака да исфрли нешто, но не е 100% влажно. Затоа и ја однесов и рекоа дишењето е ок, немало ништо на плуќа. Си јаде, спие се е океј, знае да е малку нервозна овие денови откако почна ова. Ќе земам физиолошки. Сега ја успав, кашлаше малку. Ќе ја носам утре пак за друго мислење со нашата докторка, баш ќе видам што ќе каже. Антибиотикот не го купив уште, чистам нос со солени капки и аспиратор
Ќе следиш да видиш како ќе се одвива во текот на денот оти многу бргу се менува кај бебињата ситуацијата.
Има некоја мама давано мед на детенце под 2 год? Добив совет од мед.лице за кашлица да дадам мало лажиче мед растворено во 200мл вода. 5ти ден детево има температура и растечено носе, не е многу висока и се симнува со парацетамол и прскам спреј за нос. Едвај денес добив време на лекар (читај мед.сестра) која ја прегледа и рече дека е обична вирусна настинка и ни даде совети како да продужиме со лечење со сируп и капки за нос. За кашлицата ми рече да дадам како шо пишав погоре, тоа со недавање мед било за деца под година. А мојава е 1год и две недели на два ума сум, не кашла многу и често... Државава можеби е супер за социјала, азил, школување, ама здравствениот систем им е толку нефункционален и оптеретен... Не ја погледна во грлото и не ја слушаше диши-диши, за грлото рече ако ја боли нема да јаде и пие, а за градите рече дека премногу била весела за да има нешто, плус сосема било нормално детенца да кашлаат и до 5-7 дена... абе да си пукаш у колено. Страв да ти е да се разболиш. Едит: да додадам само дека не живеам во мк, ова во странција е...
Да син ми на 14м му дадов исто за кашлица. Дали од тоа помина не знам. Ама врв на кафено лажиче. Еден доктор рече убаво си направила, друг ми рече рано му било...
Малиот пие трицеф, трет денес, ама има неколку течни столици на ден. Инаку јади и пие, расположен и активен е. Цица уште. Дали во случај на пролив задолжително се менува антибиотик? Ептен беше шкрт антибиограмот, овај беше за деца антибиотик. Инаку давам и Линекс
По мое антибиотикот е за црвеното грло. Од досегашно искуство. Ама не сум доктор. Доктор е таа што го прегледала детето и видела дали има индикации за тоа.
@kanella мед не е за деца поед една година заради труење со ботулизам. Над година дена се веќе големи (имаат повеќе желудочна киселина и може да го неутрализираат токсинот). И исто така алерген е медот па затоа е над година. За да бидеш сигурна намачкај прво малку мед околу устата. Ако нема рекации дај малку (на врв лажице и следи). Ако ништо не се случи можеш да даваш мед. @BirMelek ако е само потечна столицата од нормално не се менува. Се зголемува малку дозата на пробиотикот. Ако е навистиниа дијареа (од типот неколку течни столици за саат/два) тогаш се менува.
Вчера имаше 4 столици за 3 саати, денеска две во пола саат Не знам стварно, а гледам и докторката не знае изгледа. Ми вели од антибиотикот е и толку. Да не имате искуство со друг пробиотик за ваква ситуација? Јас досега сите проливи со Линекс сум ги решила
Се нема закашлано пу пу. Ако почне ќе дадам. Туку друго сакав да те прашам. Те имам прочитано не се сеќавам во која тема дека од поголема доза сируп за симнување темп нагло му се спуштила на детенцето твое. Може да ми кажиш колку му се спушти и како му ја качи т.е нормализира?
За сируп не ми текнува да сум пишала. Еднаш пишав за антипиреата лепенките после вакцина ги претерав изгледа, го истуширав и нагло падна темп ме фати паника. Он спиеше само го допокрив и пуштив греење во собата. Валда за ова си прочитала?
Мајки ај ве молам совет, закажана ни е операција на моето дете за 3 крајник и цевчиња во ушиња ппради секрет и намален слух, ве молам за искуство доколку сте го имале, како сте поминале, колку ве задржуваат во болница, како било постоперативно итн