За крајник незнам. На малиот му ставаа цефчиња, операцијата трае 15тина минути. Не пуштија дома наредниот ден. Ако те интересира било што слободно пиши ми.
Мед не се дава под 1 година зашто има ризик да е контаминиран со Clostridium botulinum бактерија која може да го нападне недоволно зрелиот дигестивен систем кај бебињата, и тешко се лекува. Над 1 веќе можеш. Но јас прв пат не би давала во случај како твојов кога веќе има вирус/бактерија. Да помине па можеш да дадеш. И јас уште немам дадено, 13 месеци е малата. Инаку за кашлица е супер медот, и за имунитет, баш Сајковски збореше за тоа во 0+ емисијата и он беше на став дека може и пред годината да се даде.
@Katerina94 јас не би давала антибиотик симптоматски. И некои доктори навистина претеруваат. Антибиотици како бонбинчиња шиткаат. Затоа после се чудиме како луѓево стануваат отпорни на антибиотици. Ова и за возрасни важи истото. Направи си брис и крвна слика прво.
Фала ви за одговорите. Уште ова да прашам, заби кога растат па толку многу да ги боли? Се утепа од плачење, денес особено многу нервозно се однесуваше и мене рамото ми го гризеше, играчките абе со залет ќе ги зареди до последна со отворена уста им иде аааа и ги џвака. Кога плаче со завивање како да ја боли нешто. А непцата и се оѓин топли, едвај ме остава да ја намачкам гел. За 4ки станува збор. Се изнамачи детево барем температурата се повлече за сега...
Па тоа беше пред 2ипол години. Инаку и тие ги ставаат со целосна анестезија. До скоро со уши немавме ниеден проблем, сега после сипанициве 2 пати фаќа инфекција полесно минува. Инаку ако имате мака со уше може да е и од крајниците.
Од антибиотик имсше и мојот 2докторки прашав ми рекоа од тоа е. Пролајф давав неколку дена и се среди
Значи со деца раат да не си. Со малото ( 2 год и 4 мес ) вчера се си беше во ред. Приквечер почна слабо да поткашлува весело си јадеше си играше ноќта заспа па стана не можеше да дише. Носот затнат се мачи да кашла ќе раскошна шлајм. На допир топол температура најмногу 37.4 ама солзи му течат ќути се мачи... Дадов парацетамол не можев да гледам, капак на се и кавгите со мм дека којзнае што ми правам на детето што е болно. кога носот пушти, некаде крај 3ипол ноќеска дишејќи кромид тогаш заспавме. Не ми е јасно што се случи. Сакале неќеле ќе се маткаме по лекари а ич неќам пошто не се замараат толку. Се плашам да не е наплуќа, бронхитис нешто такво. А од дома не сме мрднале. Кај не наоѓаат болестиве не знам.
Каде бевте на ОРЛ? За син ми во Систина кај др. Македонка го добив истово одма операција на крајник, цевчиња не знам што. Не слушал добро дрн дрн Го однесов кај Мирка Шалиќ и со прскање Назонекс 1месец се намали крајникот и 2 години немаше проблем. муабетот ми е дали побаравте второ мислење
Бевме ние кај др Мирка шалиќ она убаво го прегледа и рече дека лај него не би реагирало антибиотик или терапија, туку дека е потребно да се отстрани крајникот и да се стават вентилациони цевчиња заради чистење на секретот во ушињата, истото ни го констатираа и др Софија Николоска и др.Елена Димескс
Мајки ај ве молам совет или искуство. Детето од 9 часот почна да повраќа, веќе на вториот пат поврати се што имаше и од тогаш има само нагон на повраќање, се напнува ама нема што да повраќа. Никогаш до сега нема вака повраќано и веднаш во аптека прашавме ни дадоа реглан, не се смири. Го однесов во болница ни дадоа локомотив и електролити и бидејќи ми заспа по пат накај дома кога стигнавме му дадов само од сирупот и веднаш го поврати. Пролив нема, не кашла, нема ништо друго само почна од еднаш да повраќа и многу е ладен, му мереа температура во болница 35.5. Се тресе цело време. Не знам што да правам, прв пат се случува вакво нешто.
Ако не му даваш електролити може брзо да ти дехидрира.Капнувај му по лажичка две.Не му ги давај нагло ќе ти поврати пак.Ако не се подобрува оди на дежурен на инфузија.
Зависи за што, во каква состојба е, ако сте испитале црп колку е високо. Син ми пиеше алицеф (мислам дека е исто со трицеф само различна фирма) 7 дена, а сумамед 5 дена така да мислам дека не ти рекла лошо. Подобро 2 дена плус отколку недолечено. А и најчесто нели ги следат децата на контроли, па така знаат кога треба да се прекине.
Двајца го прегледаа и двајцата различни Гради чисти, тт нема, а мрсули си има и поткашлува од нив. Докторката рече мрсулите ќе потраат ( изгледа вечно ). Утре ќе се слушнам пак, ама мислам да пие пет дена, оти една недела претходно пиеше амоксиклав. ЦРП 29, а леукоцити мирни. Инаку алицеф е послаб од трицеф, трицефот е понова генерација на панцеф. Јас го ставив на црна листа, дете се искина пролив, па и смрдлива столицата, страшно.
Obavezno koga davas antibiotik davaj i probiotik, gi stite crevata od antibiotikot, preporaka od doktor
Таман работа уште без пробиотик да беше. Секогаш давам, ама или не му одговара овој атб, повеќе не го земаме.
Вчера правев муабет со стоматологот наш за јазикот, рече не е страшно, повеќе да се четка јазикот, ме праша дали става работи во уста, ама тоа не можам да контролирам мала е уште, и да се билда имунитет. Рече ако не и смета при јадење , нема потреба од секирации.