Болен е. Се надевам заврши зашто еве од вчера од 21h нема качено температура. Стана пред малку и ми заспа пак во раце. Се мислам дали да го носам после на доктор или тоа е тоа, помина. Ајде пиши како ќе поминете на доктор @KuklickaSk Аман и вие со разболувањата, ова сега мононуклеозата или нешто ново? Со лесно
Ние го завршивме трицефот, кај дете се искина пролив, па и утрово кога го носев во градинка, кивање и летнаа зелени мрсули до плафон Две дози атб, мрсулите не се предаваат, ќе си пукам во колено
Дај боже да завршило. Педијатар рече дека се собрало се нмален имунитет од вакцината(прими у петокот ммр) му растеле 5 заби одеднаш и малку црвено грлото и затоа дека качувал толку многу. Само симптоматска терапија и ако не е подобар пак на преглед. Пак правевме кс црп и урина . Црп е 10 а референтни се до 10 нормално. Кс малку покачени леукоцити и лимфоцити за разлика од вчера што беа покачени неутрофили чудно, ама различна лаб. Урина добра. Види ако не ти качува температура не го носи поминало веќе.
Истото се случи кај нас, денот кога прими ммр качи температура, па од 7ми до 10ти ден пак температура од вакцината. Ќе помине. @BirMelek Кај нас така беше последниот пат, оздраве и уште 2-3 недели имаше зелени мрсули и кашлица. Помина само од себе.
Инсистирав да докажеме мононуклеоза, и излезе негативен на серологија преку крв за мононуклеоза. Некој друг јак вирус поминал. Лечен, недолечен од саботата е со температура, црп отишло у вис, воспалени крајници, ни дадоа антибиотик сега. Ќе побудалам веќе.
Колку Црп? Оти и мојата е со воспалени крајници, ама без атб. Црп 39. @Jana06 Ако е така ми олесни, јас веќе почнав локално со антибиотски капки сабајле, може згрешив
Леле, а на мојата 39 без атб. Леукоцити сите во нормала се. Се мачи месец може отприлика. Ни педијатар, ни орл не ми даде атб, а има наслаги на крајниците.
Јас сум најискрено против беспотребно давање антибиотик и еве на 2г и 2м прв пат пие. Ама кога треба да пие, мора да дадат.
Ај кажете ми мислење за крвната слика. Спојлер Не го однесов денеска на лекар мислејќи дека оздраве (24 саати беше без температура) и еве го сега пак качи 38.5 и многу полека симнува со чепче. Би требало да е некоја вироза така? Чудно ми е дека подолго го држи, од четвртокот е болен. @Alishan30 @Annath Ако имате време, нормално и било која друга што може да ми помогне што може да е. Фала
Личи на вирусно, мирни леукоцити, а доминираат лимфоцитите. Црп благо покачено. Аденовирозите може и подолго да држат температура
Мирно е дишењето, на моменти осеќам вибрации ама мислам дека има малку шлајм што се мачи да го искашла на спиење. Носето по малку тече проѕирно, вака физички е доста активен ама денеска ич не сакаше да јаде. Се мислам да не го мачи нешто друго. Мислиш да правам брисеви и уринокултура или црп ќе беше повисоко ако е бактерија? Чудно ми е, обично вироза го држи 3 дена.
Мислам да почекаш ден два, личи на вирусно, нема индикации за брисеви и уринокуктура, моментално. Не брзај. Допишав погоре, аденовирозите знаат и подолго да држат температура. Храна може да одбива, полесно давај му и течности. Ќе се врати во нормала
15ka црп не е качено у вис, ниту е за анибиотик ако нема други показатели, односно покачени леукоцити. Ниту 39 црп ако е само тоа не е за антибиотик. Тоа е вирусен показател. За црп над 60 веќе е вис за антибиотик, додека покачени леукоцити во секој случај се показател на бактериска инфекција.
Вчера бевме на контрола му зедоа крв и мокрача, мокрача во ред, крв покажувала вирус сега ми се јави докторот. Пред 2 недели беше со вирус 3-4 дена сега пак! Инаку гради чисти, уши исто, грло малку надразнето. Дете кашла страшно веќе 3ти ден, нос исто тече. Температура ректално мерам најмногу до 38.5, а во уво стално 1ст повеќе, па дури и вака кога е весел и со ладно чело, во уво си стои 38.5, не паѓа под тоа. Последно што ми текна да не заради забите е потопол во ушињата? Сите 5ки се набабрени. Можно е такво нешто? @Annath Друго објаснување не можам да најдам, ниту матичниот нема одговор
Мајки барам искуство од вас......ќерка ми поткашлува веќе месец ипол....беше малку настината и од тогаш наваки постојано поткашлува.Нема температура нема ништо само си подкашлува навечер во текот на ноќта и наутро кога станува од спиење(тука е по лошо кашлањето).На доктор ја носам секоја недела на градите е чиста но кашлицата не престанува освен капки за нос друго ништо не ни даваат.Јас се сомневам на алергија но педијатарот е против давање на сируп за алергија бидејќи е 1ипол година. Дали вие имате некое искуство со постојано поткашлување кај децата и што ви помогнало? Ви благодарам многу
Дали направи брисеви? Мојот и пред година ипол пиеше сируп за алергија,по совет од матичен доктор. На многу лекови пипува над 2 или 3г но доктор по негова проценка дава и под таа возраст.