Немаме правено никакви испитувања освен крвна слика и црп се си беше ок. Прашав за брисеви ми рече нема потреба од дополнителни испитувања и носење по лаборатории без потреба Навистина незнам што да правам
Dali ste davale rinostop na pomali deca od 6god. 3 godini i 3 meseci sme, mi go dadoa vo apteka no sega procitav deka e za nad 6 pa neznam dali da dadam a doktorkata nemozam da ja dobijam
Зголемена циркулација во пределот на главата(лицето) има кога растат заби може да влијае да биде детето потопло на допир и со црвени образи и уши, ама температура до 38.5 не баш. Ако немаш причина не гледам зошто постојано му мериш температура на детето. Никогаш во уво не сум мерела, само под мишка и на чело со бесконтактен, па не би знаела да кажам зошто е постојано тт во уво 38.5. Моево кашла исто, преку ден скоро ич, сабајле кога ќе стане, навечер пред заспивање, како да го иритира нешто. Други симптоми нема. Ниеден сируп за алергија не помогна, а докторите ми викаат со чајчиња и мед да ја смирувам кашлицата (помага мед и чај од босилек), ама моментално е тоа. Денес ќе му правам пнеумослајд да исклучам бактерија. Верувам дека ќе биде џабе, ама ај да го направам тоа.
Малиот од вчера пие антибиотик. Јас како што пишав мислев дека оздравува, крвната слика не беше лоша, црп 15 ама матичната вчера го ѕирна и рече грлото е ептен црвено. Очекувала да се влоши ситуацијата и препиша амоксиклав минимум 5 дена. Она што ми е чудно е што со саати нема температура и само навечер качува до 38 (качуваше 38.5). Не давам ништо, го оставам така да се избори ама ич не сака да јаде. Вода почна да пие, а со јадењето не знам веќе што да правам. Ни лесна храна, ни готвено, ни грицки, ни благо. Ништо. Од што би можело се уште да качува температура? После колку дози од амоксиклавот вашите биле подобри? Цела недела е вака. Инаку, многу е кенкав, плаче за во раце по цел ден го држам, цревата низ уста мислам ќе ми искочат. Ушите се добри, гради чисти.
Еве како што пишував повеќе од две недели е со температура качи-симни, со пауза од неколку дена. Прво демек вирус 3 дена, после некој ден доби амоксицилин, ама нам ни рекоа мин. 7 дена се земал а по потрева и 10. Не ни знам дали беше детето за антибиотик, па не би можела да ти кажам за колку дена би бил подобар. Ама штом смета докторката дека за грлото ќе помогне, може и од тоа да ти качува. Ние само што завршивме 7 дена атб, утредента кашлање и нос, пак температура! Денес 4ти ден се исфрли по цело тело. За јадењето исто по неколку залчиња ќе касне, ми рекоа битно е да пие течности додека е болен. Форсирам сокови, чај и вода, буквално со шишето по него одам. Пробај шмукалчиња со залажување тие проаѓаат Исто, плачлив и во раце, не се заигрува, капак и јас префатив од него, и сега сме таман @Annath фала ти, мерам бидејќи е болен, ама го баталив тој за во уво а и бесконтактниот, мислам дека ректално е најпрецизно
Најверојатно тт е од грлото, и кај мене секогаш навечер качува ама јас не го оставам така одма го туширам и му ставам чепче. За амоксиклавот исто докторката ми рече да го пие 5 дена, ама јас му давав 8 дена на своја рака бидејќи не ми се гледаше долечен. Исто и еден сируп за имунитет му давав, па толку една недела беше само со црвено грло, а температура само два дена имаше.
Дадов ефералган одма го поврати. Смеам чепче да ставам одма? Не е мн. висока темп. 37.9 ама скроз е паднат и ништо не е јаден цел ден.
@eli25 Штом одма повратил веројатно смееш. Ако сакаш почекај не брзај, не е висока. Ако не спушти малку тогаш стави чепче. И мојот не е јаден 2 дена, паничам веќе. Ајде пак да позамарам. Значи, една недела е болен, температура до 38.5, последните 3 дена до 38. Денеска од никаде почна да качува над 39 и тоа на 3 саати. Ситуацијата иде на полошо, а 3 пати антибиотик прими од вчера. Утре сабајле пак ќе правиме кс и ќе го носам на контрола ама од искуство можно е антибиотикот да е слаб? Пие амоксиклав.
Излечивме бронхит со амоксиклав пред 2 месеци, сега пак му го даде како послаб зашто според кс не беше за антибиотик ама грлото рече црвено е и ќе се влоши. Во право беше. И сега на пример може да се прекине и да се почне нов антибиотик?
На мојава кога и го смена го прекина и си продолжи со новиот. Ќе ти кажат,јас само споделувам искуство.
Една недела го пиеше малиот и не делуваше, наредната недела пак болен со температура и со сите пропратни симптоми. Ни дадоја сумамед и подобро му беше.
И кАј нас исто не делуваше амоксиклавот и Трицефт ни препишаа па од него повраќаше премногу,ситуацијата и се влоши таман мислев дека заздравува 39,4 тт дигна,пиеше сумамед и подобро и беше.За грлото и ставам по 10 капки 3 пати на ден Proangi Baby
Дали осипот кој се јавува после вирус/темп е испакнат или само како црвени дамки по телото? Утрово на некои места му е како воспален, немазен на допир и цел е од глава до пети и ушите не дава знаци дека го чеша
@RAK91 @Chuchanov Изгоре од температура цела ноќ, не знам кај се наоѓам. Сега татко му ќе го носи на доктор, му кажав да не се враќа без појак антибиотик. Душата ме боли колку е малаксан.
Јас го поминав ова со друг антибиотик. Супер излечена ангина со него ( лекоклар) и по два месеци девојчето пак болно, грло партали и ајде пак лекоклар. Еден ден тргна кон подобро и наредна вечер пак високи тт, по четири дози дете уште гори, ајде да смениме. Сменивме и дадоја инекции, линкоцин со дексазон три дози, а две обично. Помина една недела беше добра, ама поради тоа што лекокларот не ја "заврши" работата, по една недела се раскашла и фати бронхит, инфектот слезе долу. Ајде бронхит без атб, со инхалации, добра две недели и пак тт со кашлица. И што? Пак атб, само овој пат алицеф. Оттогаш наваму детето не ми е салам оздравено Ја издолжив, ама поентата ми е не е до слабиот атб, туку атб во моментот не е соодветен, а најчесто и е непотребен.Ете кај син ми трицеф, јак е, па не заврши работа, му помина од протек на време, не од него. Дали проба и со антисептик? Кај ќерка ми состојбата со грлото многу ја подобри маслото од кантарион да пие. Кој атб ви го дадоа сега?