1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.900
    Допаѓања:
    4.811
    Пол:
    Женски
    Седи мирен да дури он сак асам да држи интересно му е зошто јас ја ставам маската за восразни дмеек и јас правам исто, ок е вкаа само многу е бучен :) инаку во право си битно е да седи и да работи како што треба инхалаторот ако не седи се друго е џабе.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.157
    Допаѓања:
    18.261
    Од што може да му се прави сува и рапава кожичката на палчето и петата? 2г.има
     
  3. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.220
    Допаѓања:
    18.962
    Земи септаназал како отпушува да извинете на израз ама цели мрсули искачаат одма по прскање. Се заебавав со солен раствор 10 дена
     
    На Snowflake97, Happyinlove, RAK91 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.900
    Допаѓања:
    4.811
    Пол:
    Женски
    Кај моето е лошо шо не одат низ нос 90% се низ грло се дави од нив дури. ;(:sweat: неможе ни да спие само плаче :drunk: ќе пробам и тоа ќе ја прашам после за секој случај матичната
     
  5. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.778
    Пол:
    Женски
    @Jana06 Пробај со спреј проанги, ние бевме далеку полошо. А зошто Вентолин? Ларингит, бронхит нема...:^)
     
  6. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.220
    Допаѓања:
    18.962
    Тоа е лошо дури не знаат да издуваат џабе. Мене др за уво нос грло ми ги препиша иначе мојов матичен само солен раствор. И од ток солен раствор 2 пати воспаление на уво и антибиотик.
    Оперил еднаш во систина ми дадоа.
    Знам дека се мали сите капки се за над 2г ама еве џабе прскав
     
  7. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.866
    Допаѓања:
    30.993
    Пол:
    Женски
    Не можеш да му ги извадиш нит со аспираторче? КОга беше помал ние само така ги вадевме, нема како поинаку. По милион пати дневно влечевме мрсули.
    Од мака сирото дете научи да дува нос пред 3 години, а на 4 научи да плука шлајм кога ќе се закашла. Иако сеуште му се случува ако е ептен затнат да поврати заради наталожени мрсули во грло.
     
  8. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    8.313
    Пол:
    Женски
    Ако добро прочитав антибиотикот го почнало завчера, така?
    Најбитно е да не се паничи. Иде викенд, ама има дежурни служби. Ако треба ќе се однесе таму за викенд и ќе го прегледаат и лабораторија ќе направат и се што треба. Мислам дека не е паметно брзо да се смени антибиотикот, после 1-2 дена пиење, освен ако не предизвикал алергија или несакани ефекти. Сепак треба да му се даде време да делува. За инфекција на горни дишни патишта амоксиклавот викаат дека е добар. Правило ми е 3 дена. Значи сум чекала три дена за секоја терапија. Сум пратела дали после три дена од почеток на антибиотик се подобрува или не. Да се подобрува значи дали температурата има тенденција да се намалува после тие три дена (значи не да ја нема скроз и ич да не крева, туку периодите помеѓу качувањето да се подолги и кога ќе качи температура дали максимумот е понизок од претходно). Ако е вирус антибиотикот не помага, ама матичната на моите деца ми има кажано дека кога има висока температура од вирус исто е ок да прима антибиотик (да не се плашам дека непотребно го пие). Не се плаши што не јаде, телото само така му бара. Варењето на храната му е товар на телото ако треба силата да ја насочи во борбата со напаѓачот. Ќе надокнади со храната кога ќе е подобро. Најбитно е да пие доволно течности, за тоа само нуди му нон-стоп. Голтка по голтка, малку по малку ама цело време, и ноќе потсетувај го. Нареди му да му се пред очи бистри течности, сокче, вода, чај, и сл. пијалоци. (на моите од млеко и јогурт кога имаа температура им се лошеше). Храна нудам само после препотување и спуштање температура, колку може толку, без форсирање. За висока температура - додека тресе и му студи го загревам, покривам и не давам одма апче. Кога ќе дојде до тоа веќе да не му студи, кога „гори“ (значи дошло до највисоката температура до кај што секако ќе оди, без разлика што и да дадеш од лекови) мерам т. и тогаш давам апче за температура. Кога ќе му биде жешко, добро е да се препоти и да издржи да не се соголува, отскрива и сл. Знам дека старските начини сега се критикувани, се гледаат како мачење за детето ама мене само така ми спуштаат до ден денес. Кога ќе рече ми е жешко, заедно со далеронот/бруфенот им правам масажа на телото. При масажата ги мачкам со раствор од вода и згреана ракија (пола, пола) некогаш ставам и здробен пола андол. Знам дека некои педијатри ова не го одоборуваат, ама се имав пробано (туширање тело со млака вода и сл), само ова им помагало. Стискам добро дур масирам, не ги разголувам, да не ги ладам, само рака брцам под облеката. Ги боли допирот не па масажата и викаат ама нека викаат, брзо сето тоа го правам, издржуваат 2 минути. После одма убаво да се покриени и да издржат да се препотат. Вода дур не му тече од челото. После преслекување и менување постела па им е полесно.
    И ова едит: Што на нозете- топла вода или растворен оцет. Ако горат и стапалата, растворен оцет на чорапи, ама само под услов да ги суши - ќе го проверуваш. Суши, пак ги мокриш, ставаш, додека не престане да ги суши. Ама ако се нозете мраз, стави му ги во леген со малку топла вода, некој сантим значи и дотурај со друг сад топла вода да му ги прекрие стапалата. Доволни се неколку минути. Секој е различен кога е болен па применувам за секој дома различно.
     
    Последна измена: 23 декември 2021
    На Jana06 и JoyJoy им се допаѓа ова.
  9. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.900
    Допаѓања:
    4.811
    Пол:
    Женски
    Не не излегуваат а баш седи мирен. Само ептен малку излегува. Овој и сеа дува да речам не како ние, ама пак излегува секрет. Ама со ноусфрида влечам нема не излегува се низ грло му одат.
    @Milkiway знам најчесто сите се над 2г ретко кој е за помали. Ама се даваат.

    Ептен беше мачно и жално прееска му се спие кенка не може се дави кашла на крај се исповрати и заспа пак со често кенкање и будење.
     
  10. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.866
    Допаѓања:
    30.993
    Пол:
    Женски
    Пред да влечеш прскаш Синомарин спреј во нос за да го разводениш секретот малку. Потоа влечеш.

    За спиење го ставаш на спиеш со подигната глава (не со перница ако е мал, туку ролаш крпа па под душечето од креветчето). Спиење обавезно со кромид исечен на парчиња ставен под креветче. Се мириса на кромид неколку дена ама па ептен помагаше кај моето дете.

    @Jana06 на мојот при температура многу му помага електролитен раствор. Дури и му помага да спушти температура. Давам Алвоген ОРС (најубав вкус има и најмногу го прифаќа). Исто така давам супа од Подравка со петел (таа е како електролитен раствор) со малку двопек (Бејк Ролс обично грицка уз супата - едно ако изеде супер).
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.900
    Допаѓања:
    4.811
    Пол:
    Женски
    Се исто правам и пак не бива. Ништо не вадам со аспираторот еве сеа го бањав го испарив почна да тече носето прскав и спреј и пробав ништо скоро не излезе . Само се разлути почна да се лигави и повеќе се наполни секрет.
     
  12. RAK91

    RAK91 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    2.578
    Пол:
    Женски
    Верувам. Малиот 2 месеци беше болен, секоја недела температура и одење до Систина на ургентно.
    Ја се исцрпев, а за синко ич да не праам муабет.
    Ослабен е, уште не можеме да се доведеме во ред.

    давај му и про анги бејби, и јас тоа му давам секој ден @Chuchanov

    Што ви кажаа на доктор?
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    @BirMelek Вентолин зашто слушнала нешто на левото крило, изгледа почнал да спушта. Го осетив и јас денеска, ми хрчеше на гради.

    @Cosmic Girl Да, завчера го почна и утре ќе биде трети ден. И јас така се смирив со надеж дека утре веќе ќе има подобрување. Денеска вака така поминавме добро, издржа 4 саати без да качи и беше весел само што се уште не сака да јаде.
    Инаку вака се што ми имаш објаснето почнав да применувам, исто како што мајка ми ме лечела мене. Додека беше околу година се плашев да го прегревам до испотување зашто еднаш беља направив, качи 40.5 и не искараа на детска клиника. Сега веќе гледам дека функционира добро и после сируп го покривам да се испоти. Малку е проблематично со помало дете знаеш и сама, не прифаќа ништо, мора на сила, не разбира дека нештото мора да го испие/изеде. Ќе помине знам, свесна сум кога треба друг да советувам ама за свое се губам малку.

    @JoyJoy И јас имам дома Алвоген, само тој го прифаќа кога е болен ама сега не знам што да правам, едвај вода пие. Ми рекоа мокрача да проверам, два дена го чекам да се измоча не можам моментот да го погодам од што ретко моча. Земав од тие кесичките сабајле да му залепам да пробам така, а и денеска испи повеќе вода додека немаше температура, се надевам крајот на одвратниов вирус се ближи.

    Ви благодарам девојки, прекрасни сте :hug: Имајте мирна ноќ.
     
  14. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    8.313
    Пол:
    Женски
    Нема на што. Ајде со лесно да пријдете вечер! Ќе му помине ко на кутре, не му се секирај.
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.866
    Допаѓања:
    30.993
    Пол:
    Женски
    Баш дека малку вода пие мораш да му дадеш електролити. Инаку секој електролит се дава голтка по голтка. Така што со мало лажиче ќе му даваш на секој пола саат по лажиче/две.
    За температура освен ракија и чорапи со оцет можеш да пробаш и компир во чорапи (исто помага). Ама само ако нозете се топли. Ако се ладни не.
     
    На Cosmic Girl и Jana06 им се допаѓа ова.
  16. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.986
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Ми треба итно одговор - искуство со АЦЦ сируп за деца од 2 ипол години. Веќе 10тина дена малото корне кашла плука се дави во шлајмови. Две дози антибиотик ни пишаа (иако просто се чудам од каде антибиотик за шлајм) ни воведоа и дексазон во инхалациите а од денес и АЦЦ сируп. Освен кашлица ништо друго нема. Инхалираме цело време. Правевме 3 пати контрола матичната вика нема ништо на плуќа од синусите бил шлајмот. Сега дилемата ми е дали да земам АЦЦ ( како што читам тоа е за секрет од белите дробови а тој нема ништо на плуќа ) или да земам чај од бел слез.
     
  17. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.778
    Пол:
    Женски
    Јас имам давано, исто немаше шлајм на бели дробови, од мрсулите се давеше. Му помогна на мојот.
    Антибиотик се дава ако има синусит, по процена на доктор, не е грешка.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MissBreezy

    MissBreezy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    2.053
    Пол:
    Женски
    Најверојатно е во право матичниот за претпоставката дека е од антибиотик осипот. Баш како црвени дамки, како што опиша. Сум имала таков осип по целото тело и знам како е, по примање терапија Оспен од 1500 за мононуклеоза како тинејџерка и ужасно беше. Дамките стоеја долго и дури од црвени се менуваа во виолетови, како помодрени, особено ако малку ми застудеше на нозете. А еве по најново, за мононуклеоза не се дава антибиотик, ама тоа време дури и на непроверено инекција ми дадоа, па ми ја влошија состојбата дополнително.
    Можно е, особено ако рутински сте применувале антибиотик, или повеќе антибиотици за краток период.
    Сепак проверете со преглед. Се надевам подобро е малиот.
     
  19. Филотеа

    Филотеа Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    1.091
    Пол:
    Женски
    Синко(18м) синоќа падна на глава од повисочко, вака нормално се однесува, не повраќа, но има голем оток и не спиеше убаво синоќа... Дали да го носам на лекар или да чекам?
     
  20. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.986
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    исти сме, значи да купам.

    Во меѓувреме штотуку сосем случајно на големиот (8ипол год) му мерев температура, очите му беа крвави а и изгледаше вџашен на лице. Излезе 38.7 :@ епа да не си раат со деца. Вторникот кога бевме на контрола со малото ајде викам и него да го прегледаат докторката рече крајниците топки ама ништо не даде зашто никакви симптоми немаше. Сега пак треба да одам за него. Срам ми е веќе. |(