Јас сум давала пошто од туш, скоро никогаш не спаѓала кај него. А совет и од матичната ми беше за навечер и на 38.5 да дадам пак за да го опушти да спие а преку ден да пробувам прво природно да симнам. Лесна ноќ ви посакувам
38.5 - 38.7 сум давала парацетамол. Ама штом качува над тоа давам Блокмакс. Со парацетамол знам дека само ќе се зезаме.
Незнам , само не искараа кој ни рекол така, знам и за оние мукоплант мастите на гради ни се развика дежурната . И сега кога ќе му речам на маж ми алкохол, нејќе да чуе
Мене па во Јане ми ги препорачаа, плус сирупите за искашлување што се за над 3 години ама не земав ништо. Маж ми исто така е категоричен за некои работи, еднаш исто на дежурен ни рекоа благо, млеко и јајца никако додека има температура, а претходните денови кога не јадеше ништо од очај му нудев се што можев, сто пати ми се развика А за алкохолот секаде тоа ми препорачуваат и стварно помага и кај нас.
@eli25 50 алкохол, 50 вода и мачкај по телото. Сооднос алкохол вода 50/50 На детска клиника баш ова го применуваат за симнување тт. Лично ми е видено , не рекла казла. А мукоплант доплнително загрева и затоа не се препорачува при тт. А блокмакс со шприц дадено? Или со сокче? Ќе го сети?
Не е безбеден, се впива во кожата, се вдишува, може до труење да доведе, ја суши кожата, јас не би применувала алкохол, а какви застарени методи се препорачуваат од медицински лица
На 10 места да одиш, 10 различни мислења ќе ти дадат. Не е веќе чудно што секоја мајка прво се консултира тука и е со доза резерва. На последното идење во Јане кај дежурен лекар, таа со ташната на рамо го прегледа, вика сирупче за искашлување. Па добро викам нели се за над 3 години (не ме ни праша малиот колку е), се збуни и вика Па добро ајде прашај за некој сируп во аптека И ти после чуди се дома што му е и како да го лечиш.
Абе за моето девојче во Јане ни рекоа дека е разгалена и ништо не и е, а она се жалеше на болки во гради и грб цела ноќ и утрото ми рече дека не може да диши. Пневмонија иначе испадна.
Малата има четири и пол години. Пред да заспие ми се пожали на болка кај стомачето. Рече дека сака млеко и да спие. И дадов млеко, но само што го испи, поврати. Сега спие. Не знам дали е стомачен или и дојде нешто тешко? Пукнав веќе. Де проблеми со носот, утре ќе одиме за резултатите од брисот, сега па и ова.
Мајки првпат на малата ѝ тече носот. Прозирно како водичка. Не делува затнато, диши на нос ама на моменти се осеќа дека има секрет. Притоа и многу се лигави и со прстите е цело време во уста. Двојките горе скоро ѝ искочија но уште не се доизлезени, а нема знаци дека ѝ никнат нови заби гледајќи ги непцата. Можно е да е од забите или настинка е? Не оди во градинка и периодов немаме ни контакт со многу луѓе не би знаела од каде фатила ако е настинка. Нема тт и не е омалаксана. Ќе ја носам на педијатар ама си реков и тука да прашам. Што давате во ваков случај? 13 месеци е.
Добро е штом тече и не се затнува. Прскај солен раствор неколку пати на ден и носето да биде проодно цело време. Можеш да даваш ц витамин, ако се промени ситуацијата тогаш идете на лекар.
Да споделам... Син ми кога креваше тт на 3 часа и не беше дојдено времето за друга доза, го оставав вкоритце половина час да си игра, со повремено притоплувања на водата, после вадење уште половина час бев раат. Така добивав еден час, таман ќе дојдеше времето за друга доза. Значи ако го искапеш само 5 минути тоа само после 5 мин од вадење од вода ќе крене пак.
Те молам внимавај со капењето. Тоа е премногу. Синко доби грчеви од тоа. На неврологија Дума ми рече никако капење, макар ни малку. Ама ај вчера прв пат после две и пол години , со страв . Ништо ефект, дури и повеќе качи. Исто дете не се тушира дури му се ладни раце, нозе, зошто тогаш крева.
Плус кожа боли при настинки и покачена тт, знам по себе кога ми е така казна ми е да се туширам. Непријатно, боли штознам лошо
Дури качува ми се ладни и тогаш не се капе, зборувам кога ќе се вжешти. Неможе да го капеш дури има трески. Тогаш го загревам. Син ми уживаше одма се развесели тт му спасена и си играше. Главата не му ја воденам. Последно креваше на два ипол сати на три, мораше така да пролонгиран. А на дежурна ми рекоа дека тие не се воделе по упатството на сирупот , требало да му давам поголема доза. Јас му давам 5 мл. Требало 7,5 на 1година и 10 месеци.