Ќерка ми извесно време кашла од ништо . И направив ренген снимка испадна дека има почеток на воспаление на плуќа и треба да се прати . Матичната вика не ке чекаме одма ке и дадеме терапија панцеф... освен панцеф што можам да и давам за смирување на кашлица?
Прашај за исландски лишај и алпенкрафт ептен е добар.Ама консултација прво на своја рака сируп не давам.
Првиот пат кога ја однесовме беба со над 40тт на болница,на саат од сирупза тт пак толку креваше. Најпрвин ја истушираа,ставија чепче и масажи со алкохол. Да незнае човек кој крај да го фати.
Мајки како се дава овој пробиотик и дали е воопшто наменет за дечиња? Во упатството стои едно шишенце на ден, ама за деца никаде не е напоменато, година ипол е синко
Може за деца над две години. Јас го давам на поголемата ќерка кога има дијареа (по препорака на матичната), одличен е. Ама не е за секојдневна употреба, доста е јак. По едно шишенце на 24 часа, иста е дозата како и за возрасни.
Зелка на гради. Сум чула и со мед намачкана. Ама прво лекар прашај, меѓутоа за пневмонија е како народски лек.
Мајки, дали знаете што може да биде ова, денес почна да ја чеша малку. На 2/3 места ѝ се има направено само на нозете. Дали да ја носам на лекар ? Иначе на напоменам дека има премногу сува кожа.
Мајки, ќерка ми четири и пол години, има секрет во нос. Ја тера и на поткашлување, особено кога ќе испие млеко. Брис од нос правевме, негативен. Детево ми е се лечено-недолечено. Што може да е? Навистина се нервирам веќе, пред три недели беше со бактериска инфекција, пиеше Цефалексин, ама носот и е полн со секрет, густ жолто-зелен.
Не е тоа што мислев. Консултирај се со педијатар ако можеш испрати слики да не го носиш детето меѓу настинати болни. За сувата кожа мачкаш нешто користиш соодветна козметиа?
Дај кажете како да се “отпуши” носот? Нејќе ни со инхалации ни со оперил.Волку затнат никогаш не бил. Не може да шмрка неможе ни да вовлече назад. Баш ништо не му помага, полн е секрет. Матичната ништо не дава локално, за мораксела немало ништо, освен некоја крема од Бугарија Цитералот не бил за у нос Нема разбирачка
Ми личи на херес зостер, а може и каснато да е. Најчесто вакви плускавчиња како купче се и многу црвени, ама ме буни што има повеќе не се на едно место само. И каснато од пајаче вака прави.