Вакво и препишаа последно и веднаш ја одзатна и многу ми се бендиса пумпицата не е како на оперилот да се мачиш додека да прсне. Се користе 7 дена .
Прашај кај др. Роберт Ристески. Кај беверли е ова. Мислам и со деца работи. Јас за мене одам тамо и супер е стварно 023211027 @Milkiway Фала ти жено до небо,и назад. Септо назал ни помогна на двете.
Што давате/не давате кога дете има стомачен? Прв пат ни се случува да повраќа, никогаш не повраќала и немала пролив(нема ни сега). Ама тт скоро 39, два пати поврати денес, и на неколку пати ја гледам дека има нагон,па некако ќе подригне ќе се смири. Се е супер иначе, весела игра пее, само тт ја бутна ептен овој пат, ни тоа не ни се случило никад. Наусолвит(ваљда така беа) ни дадоа и пробиотик.
Јас сум мн задоволна од неговиот пристап. Смирен, внимателен и трпелив. За разлика од Стојановски кај ЈБТ, одвратен однос со синот, дури го направи дека не е добар ментално.
Можно е од тт да е толку изнемоштена да сака само да дреме? Детево ми е многу активно и оваа состојба скроз не личи на неа.. Месеци уназад е болежлива, ама само еднаш крена тт, другото повеќе беше затната во носот, си беше активна нормално. Сега се измачи цела ноќ, утрово сака само гушната во мене и да дреме... Сум немала ваква ситуација претходно, не знам што да праам..
Moјот таков беше кога имаше Коксит. Рачунај дека сменивте место на живеење и сега и најмала промена ќе реагира поинаку.
Мојава вчера беше така, коа има тт само дреме ко изгубена, еве денес со тт е ама весела е... А денес па потешко спушта тт. Ништо не капирам искрено. Весело дете само со тт, апетит има, слуша се, се смее, пие вода, течности. Битно пред пат да не сум раат.
Мене ми е што нема тт во моментов а е многу падната. Гревче е. Ништо не јаде, ама пие течности. Се дава ли нешто во ваква состојба?
Јас давам виранто кога ми е сомнителна и дупло вит ц. Друго не. Еве ја уште не симнува тт скроз од 5 сабајле. А на нога е откако е станата. Вчера симнуваше скроз,качуваше на 6 саати а беше успана.
Мојов еве 4ти ден е со тт, сношти со 39 си играше ко ништо да не му е, дур не измерив немаше шанси да познам дека има толку. Сабајлево пак со 37,5 лежеше, помачно му беше. На лекар бевме, нема ништо, чисто му е се, а пак не му спаѓа.
Од саботата е иста. Само и се спие,еднаш имаше тт. Вчера два паати преспа дури. Не јаде изгледа има изгубено осет за вкус. Вода многу пие.
И даваш нешто суплементи? И кај мене вчера преспа 2 пати, а дремка одамна нема ниедна. Не знам, многу чудна ситуација. Челото не и беше жешко, телото и гореше. Стапалата исто. Обично се ладни и знам дека додека се ладни качува тт, сега топли и беа. Ептен е без енергија. Не знам што да очекувам. Ми е страв да не почне да кашла. Или го зачеша увото на 2 пати, па тоа се мислам сега, да не нешто е со увото.. Носот и е затнат, стандард. Можда најдобро до доктор да ја носам...
Кашла мојата. Во сабота ми се исповрати 4 пати. Качи и тт еднаш. И ставив чеп. Во недела почна да кашла и нос да и тече. Само аспирирам нос,ставам септоназал и инхалации. Вчера немаше тт ама беше светната во очи. Пак ставив чеп да ја крене малце. И јас сум иста
Офф беее... Септоназал и јас ставам. Еве од сабајле околу 4 веќе не крена тт. Ама што викаш светната е во очи и јас се мислам некако да и дадам бар пола доза парацетамол да ја крене малце ама ми заспа сеа.. Ваква да лежи и да дреме цело време никогаш не била.. Аман веќе...