Леле сега те читам. Висока температура, кашлање, нос течење, пролив малото. Јас неколку дена до 38, маж ми 7 дена температура, највисока 39.7 што не паѓа. Еве 15 дена поминаа, а уште кашламе со секрет. Маж ми пиеше панцеф ради почетна бактериска инфекција, јас и дете така поминавме. Правевме сите инхалации, само тоа помагаше со кашлањето. Крвната слика на сите ни беше оригинал за ковид ниски лимфоцити, ниско железо, покачено црп.. ама го докажавме со пцр дека е инфлуенца А.
Освен пролив, по симптомите истото го имавме и ние. Уште кашламе сите четворица, јас уште си качувам и температура по малку, ама сама се симнува. Криво ми е што не се тестирав за инфлуенца, ама нека поминува само.
Моево мало од денес со тт, до 39,4 качува, ништо живо не симнува. Незнам веќе што да и правам. Маж пред три часа дал блокмакс, се испотила, сега пак 39,4, дадов далерон, чорапи со оцет, масирав со алкохол. Баш сега со празнициве, да не можеш на лекар да однесеш. Зборев со матичната ми кажа вирози имало со високи тт, друг никој до сега нема ништо. А детево 2 недели не иде во градинка.
Мене малиот на секој вирус ми јавува плус пролив. Инфлуенца е чим кашлате. За да си помогнете со кашлицата и вие инхалирајте се. Еве ние 3та недела уште кашламе од време на време... Внимавајте на секундарни инфекции само. Маж ми почна да развива бронхит, па пиеше панцеф плус. Јас и дете не пиевме плус антибиотик.
Zdravo itno prasanje Malaya e 6 meseci dolu se vcrve denes I go smeniv mlekoto od aptamil alpsko Dali moze da ima zemeno alergija
А аптамилот колку време го даваше? Не би ти препорачала да даваш обично алпско пред 1г. Смени со хип, бебелан... За црвенило павловичева оригинал и смени пелени може од тоа е. Син ми скоро 15м уште знае да се вцрвени и му ставам пудра бебешка по препорака од педијатар. Ова се дешава ако остане долго со мочкана пелена и ако не ставам крема. Еве моментално 1 ден без крем одма се вцрвени.
Ако си дала обично млеко на бебе од 6 месецо дефинитивно е од млекото. Обично млеко не се дава пред годинка зашто бебињата не може да го сварат како што треба. Затоа се дава АД млеко. Плус во кравјото нема железо па може анемија да се јави. Млеко обично после 6 месеци може во мала количина само во кашичка а се почнува со фетментирани млечни производи што се полесни за варење како јогурт, кисело млеко, несолена урда. Земј Аптамил 2 и така терајте.
Кај нас среќа поминавме без антибиотик. Се тешам дека цел распуст ќе бидат дома па колку толку ќе кренат имунитет пред да се измеша големата пак со деца во школо. Како и да е, фала ти многу за советите. Чувајте се, пуштам среќа да сте ок и да не се повторува
10 пати си сменила формула или? Не те разбрав или пелени? Павловичева оригинал и мачкај ама ептен не ја штеди. И оставај ја без пелена да поседи
Вчера до 40тт ми качи па и растворив Амоксиклав. Не знам веќе што да правам. А си јаде, пие, вака се е ок освен тт. Денес сабајле пак 39,2. Се надевам дека последно качување ќе биде. Од толку сирупи и пролив има. Имало некој грип со 2,3 дена висока тт. Добро е што деновиве не сум на работа. Фала ти на помисла.
Малава кога имаше бактерија во мокрача креваше над 40тт. И да,имало грип со висока тт. Пробиотик даваш така? Нека мине за брзо
Ако истото млеко аптамил си го користела 6м не може сега да и створи црвенило. Дохрана и даваш ли со оглед дека е 6м сигурно сте почнале со каши. Од храна некоја да не и е? Алергиска реакција може да е. Секако во аптека може да ти помогнат додека ја види педијатар
Мајки керка ми веке цела недела и повеке се жали на болка во стомак Болката и е околу папок Се таму се жали Правена е операција пред 3г од кила Носена на ехо,педијатар ја прегледи,крвна слика ок Незнам каде уште да ја носам јаки болки има Инаку 3год веке пие Синтром