Првата крема има во Еурофарм, биди упорна со мачкање, за два-три дена ќе се среди. Ако нема потреба од антибиотска маст, оваа ќе реши било какво црвенило. Сепак би ти препорачала да ја види матичниот лекар, за да не носиш дете по ординации, прати му/и слика. Доколку треба да мачкаш со антибиотик, кремава во тубенце е магична.
Живот ми се скрати. Дете скокна и со задниот дел од главата тресна на ѕид. Замале, ама се смири за 2 минути. Еве ја сега пак пее и скока. Си паѓа таа и се удира често ама сега ударот беше стварно силен, не извади од памет. Не ми е јасно, не можам да најдам на главата кај се удри, нигде нема црвено... Освен на дезориентација, повраќање и да ја следам да не заспие следниве 2 часа, на што друго битно да внимавам?
Значи главана да знае да и збори... Проверувај зеници, види дали следи прст. Мене последно коа се акна така, и ја проверувам, па уше ме зеза со очине и се смее. Иначе се лизна на мраз, падна на грб па на глава. И да, продолжи да скока и трча, плачеше зошто се развикав. По мм додуше дека он беше до неа. Живот секојдневно ми крати, тоа ми е дневна доза. Без едно такво паѓање не проаѓа ден.
Абе си паѓа и мојава и се треска. Ама ја отрпнав и не реагирам бурно, па и таа не реагира. Ама ова како тресна помислив глава расцепи. У пи*ку матер коса ми обеле у секундата што се не ми падна на памет. @mal.ecka баш сеа, колку сум уморна сите сме поспани, се освестив, тек допрва треба да се дежура. Раат нема.
Исто и мојата, ама после неколку такви славни паѓања, се стресувам јако на се. Докторкана вика, да не ја знаев шо итрица е, ќе речев ќе ви го одземат детето Ама она уште кога малава беше 5 месеци ме предупреди, рече душа ќе ви извади само да си знаете
Мајки на машки дечиња, малото ми е 2ипол години кога сменував памперс му го подотворив курето и гледам главичката црвена повеќе од нормално. Нема оток нема болка не се жали дека го пече.... Со што да мачкам или да одам на лекар (совреме) страв ми е да не фати инфекција или уште полошо бактерија па температури и такви чуда.
Оди на лекар, од најтазе искуство, од завчера. Се јавив на доктор и ми рече мора да видам од слика тоа не се гледа. Гарамицин ни даде, ама сепак мора да види доктор.
Како се справувате со црвенило на регијата околу памперсот? Освен павличева и бебешка крема, има уште нешто што може да се стави..
Пишував пред некој месец. Баш готова беше за заспивање,јас мртва уморна,едвај чекав да заспијат. Само што направив чекор да изгаснам ламба,да го земам шишето со вода,кога скокна од кревет директ во комода,главата ја заглави меѓу полици,вратчето искривено,помодре,неможеше ни да заплачи. Таков удар до сега не сум видела. Поплаче некоја минута.Играше пееше се смееше ама мене живот ми се скрати. 24 часа незнам како преживеав. Како е малата денес?
Добра е. И мирно спиеше цела ноќ. Ја од друга страна око не затворив. Таа уште вчера се расположи одма, ама таков удар до сега немала. Мислев готово ја расцепи главата, а не можев ниту оток ниту црвенило да и најдам. И денеска само си праам филмови за последици.
Најстрашно ми е кога си ја допира главата. Таа рандом онака ќе се фати, мене срце ќе ми се стегне да не ја боли. А ја фаќав и јас, не реагира. Ја сака онаа песната 5 little monkeys jumping on the bed, и сега маж ми да и ја пее а таа да скока на кревет, па демек паѓа па си удира глава. И знае дека на под боли, па ја игра исклучиво на кревет. И така се ѕвекна од ѕид. Немам што да праам, све пробав, ова веќе месеци трае со песнава како е опседната. Не ми успева да и сменам фокус на нешто друго и многу се нервирам.
Поголемава се на под играше,не се качуваше по кревети а беше хиперактивна. Малово ем мрзле ем на 16 прооде па несака на под да игра,ем едвај се качуваше на кревет,едвај потскокнува ама успешно од кревет на комода скока Јас би за нив само една празна соба и нека скокаат колку сакаат Зидовите по можност од сунѓер