Neofen содржи ибупрофен, а мислам дека тој рекоа дека е контаиндициран кај деца кои имаат Ковид. За да живне дај и електролити. Мојот ептен се дига од електролити. Најдобро го прифаќа Алвоген ОРС има супер вкус. Ќе и даваш голтка по голтка и ќе живне.
Вода и електролити не се исто. Од многу вода се прави исто дисбаланс во организам. Вода хидрира само ако во организмот има соли, минерали, шеќери и се останато. Инаку уште повеќе ремети баланс на состојки во организам. Затоа реков електролит. Или цеден сок од овошје. За да прими и нешто друго освен вода.
Баш Неофен, така се викаа. На крај ништо не ни делуваше како Парацетамолот на Алкалоид и само него го користевме. И од сирупот Бруфен ми направи грчеви.
Дај супа од петел да ја пие, ако не сака да јаде. Цедени сокови,смути,чај,јогурт. Да грицка крекери,соленки за да бара да пие течност. И кај нас ок се покажаа орс алвоген електролити. Со лесно и брзо да поминува.
Малава од Ефералган не спушта,морав Блок макс за комбинација и по неколку саати почна да се згрчува и треси. Следните пати спушташе со Блок Макс и бар 3-4 часа не креваше. За чепчињава прв пат слушам. И место Ефералган Парацетамол ќе земам следен пат од Алкалоид.
Ако ти напраила грчеви од Блок Макс не давај веќе. Ние отидовме одма на итна и ни кажаа дека не смее никогаш да се напие Бруфен повеќе, може појака реакција да јави. А мене само Бруфен ми одговара па.
Па баш. Мене секогаш прв избор ми е Ефералган чепчиња зашто сируп не пие за жива глава. Кога има висока температура со денови што не се симнува ги комбинирам со блокмакс сируп или неофен чепчиња. Конвулзии засега фала богу немал.
Не се разбираме изгледа, од Неофен ми направи грчеви, не смеам да ги ставам, исто и сируп Блокмакс и затоа не експериментирам со никаков Бруфен повеќе.
Ако се здрвила, ако превртувала очи и се оладила скроз, онда биле грчеви. Ако имала висока тт треска е.
Не беа. Јас испаничив,звонев кај матичната,таа рече носи ја на хитна тоа е. Кога појдов таму ќе ме отепаа а јас не дишев. Ставив дома чепче а таму и мериа 39.2 значи повеќе имала. Си креваше 40.
Не знам тогаш што да ти кажам, еве викаат дека не е добар избор бруфен за ковид. Издржи, пробувај некако низ игра да стави нешто во уста, пробувај кога ќе ја спушти температурата тогаш да и нудиш. Те разбирам како е, и моево не пие ништо освен вода, на висока температура ни вода. Јас не знаев главата кај ми е на последното разболување, ослабе детето пола кило ама ете помина, си ја врати килажата. Само издржи и нуди нонстоп течности, супи. И тоа е добра идеја солени работи да даваш, соленки, смоки било што да ожедне и пие. Со лесно