1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.866
    Допаѓања:
    30.992
    Пол:
    Женски
    Како замена за електролит можеш и Кокошја супа од Подравка таа со петел. Прилично е концентрирана и има слично дејство со електролит.

    @mal.ecka ќе даваш тоа што на твоето дете му одговара. А нема да знаеш што одговара што не додека не пробаш за жал. На пример на моево освен Парацетамол од Алкалоид ниту еден друг не му спушта температура. Кога беше бебе се намачивме со чепчиња Ефералган. Се губеше дете од температура и морав да ги комбинирам со Дијазепам за да спушти температура. Маж ми е алергичен на се освен парацетамол па на матичната и беше страв да ми рече дај ибупрофен се додека не порасна. Прв пат проба бруфен во Германија во болница под надзор на лекар зашто така мораше. Немаше реакција и продолживме. Откако почнав со бруфен спушта температура одма и без никаков проблем. Така што ако на твоето дете му одговара ибупрофен давај, ако не му одговара не давај. За нус појави секој лек ги има и тоа е тоа.
     
    На mal.ecka и srekice им се допаѓа ова.
  2. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    126.444
    Од сируп и чепче Ефералган не спушта.
    Од блок макс ми е страв дека се тресеше,ма да следниот пат ок беше.
    А има мислам и парацетамол чепчиња?
     
  3. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.104
    Допаѓања:
    10.415
    Пол:
    Женски
    Каде носите на дежурен ако треба?
    Тие со ковид ? Државна ли само
     
  4. nadenadia

    nadenadia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    863
    Допаѓања:
    2.236
    Козле се за ковид позитивни.
     
    На srekice му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    Кај нас овај се покажал најефикасен. Бруфен ама од оваа фирма. Исто кога крева од 37 дирек на 40 во рок од 15 минути.
     

    Прикачени фајлови:

    • OIP (1).jpg
      OIP (1).jpg
      Големина на фајлот:
      39,7 KB
      Прегледи:
      20
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.986
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    нити Панцеф нити сумамед се за гнојна ангина. За бели дамки на грлото земи нистатин капки. Прскај му прополис во грло. Некои ставаат и ракија со бибер.

    Дојдов јас да си кажам како можам да сум олку неспособна мајка. Значи подобро да ме нема. Малото си ја залепи раката на шпорет (камин) и на две места му отече и му се направија пликови. Многу лошо изгледа. Едвај се смири. Мачкав кантарион и цело време ми вика дувај па и повремено мраз ставам. Одма му ја ставив раката под млаз со ладна вода. Како ќе поминеме вечерва не знам. Спие ама се буди одвреме навреме и вика дувај. За болка не знам што да дадам. Утре ќе купам јекогал крем. Значи не е можно ова мене да ми се случува. Се несреќа до несреќа. :(
     
    На mal.ecka и SunnyBunny2016 им се допаѓа ова.
  7. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.157
    Допаѓања:
    18.261
    Малиот мој кога се изгоре, матичната ми рече да му ја намачкам раката со паста за заби ( ова како прва помош) . Веројатно флуорот или некоја состојка од составот на пастата помага да се смири.
    Кантарион не ти врши работа сега, подобро да купиш Дермазин маст за изгорено . За болката исто така можеш да дадеш и Далерон сируп.
     
    На mal.ecka и marchi-cool им се допаѓа ова.
  8. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    17.439
    Пол:
    Женски
    Majka ni jekoderm ni mraz ne stavaj, dikrektno na bolnica, stom izlezele plikovite ne e izgorenica od 1 stepen baska se pravi muabet za malo dete, nosi go na bolnica ke mu ja prevrzat rakata, taka bese i brat mi, 1 nedela odese na prevrski pa posle ja mackavme so mast
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  9. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.986
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    за пастата не ми текна а знам како мала и мене ме мачкале. За болка имам парацетамол ама се двоумев дали да дадам или не. За првото дете сум користела јекогал, се случувало и тој да се изгори ама ова сега некако ми изгледа многу. Се сопнал и сакал да се фати за шпоретот.
    цело време ми вика дувај и сакала неќела морам мраз. Ми се сврте од дување. Заспа па ќе видиме како ќе поминеме вечерва. Ако има болки морам на лекар. Додуша му викав на сопругот да не однесе ама вели ќе пројде не е многу страшно. Може и не е ама на мајка се и изгледа престрашно.
     
  10. SunnyBunny2016

    SunnyBunny2016 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2019
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Фала за споделеното искуство, 5 години и не знае да прави гаргара за жал. Инаку за нишадорот такво искуство ни споделија со дување со цевка во грло и тоа се лепело, ние прв пат користиме па така пробавме.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.866
    Допаѓања:
    30.992
    Пол:
    Женски
    Пробајте со обична вода да научи да прави гаргара па потоа со сода или сол.
    За нишадорот знам од лично искуство. Лекар така ми има вадено чепчиња од крајници. И сега на ОРЛ ми вадеа чепче (ама со стапче и со некој друг лек). Не знам тоа со лепење нишадор дали има ист ефект за чепчиња тие се обично заглавени во дупчиња на крајниците.
     
  12. trouble

    trouble Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2012
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    132
    Мајки здраво, имам проблем со малата, 2 год и 8 месеци е, се одвикнуваме од пелени, ја бришам со влажни на база на вода, и на неколку пати со тоалетна, пред 3-4 дена приметив чудна миризба на дудата, и како жолтеникави партали, вчера ми качи тт 38.4 ја симнавме со далерон, сабајле имаше 36.9 и толку беше. Дали некоја мајка се соочила со ваков проблем, јас мислам некоја бактерија дека е, ама не ми се чека до понеделник да ја носам
     
  13. Јова

    Јова Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, дали има стомачен вирус? Малото ми е за никаде, почна со пролив потоа еден ден температура, па наредниот ден, пак пролив. Денеска имаше уште два пати, и многу омалакса докторката вели дека е вирус. Од терапија прима linex, prolife и ОРС електролит секако и послабо јаде, и е видно изнемоштен. После ќе идеме да правиме крвна слика. Секој совет и искуство би ми помогнало.
     
  14. Resana

    Resana Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    374
    Има ,да моиве се исто два дена
     
  15. Јова

    Јова Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Искрено незнам што да мислам, сабајлево одбива и да јаде. Многу е омалаксан, во принцип е многу живо дете а сега не мрда.
     
  16. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.900
    Допаѓања:
    4.811
    Пол:
    Женски
    Многу течности, млеко избегнувај оризова вода свари. Пробиотик електролити и обавезно консултација со матичен . Да не дехидрира детето.
     
  17. Јова

    Јова Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Давам електролити со сила и на крај ги поврати. И ја се плашам од дехидрација. Не можам да го гледам такво детето. Ми одбива и јадење, со сила ништо.
     
  18. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.900
    Допаѓања:
    4.811
    Пол:
    Женски
    Јадењето не е страшно, гледај да не дехидрира мали деца мн лесно може да дехидрираат. Моето од хип најдобро ги прифати тие тегличките како сокче нешто со вкус на јаболко. Пробај различни фирми може некоја ќе бендиса. И најбитно се дава по малку на почесто не одеднаш голема количина.
     
  19. Јова

    Јова Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Го чекам да стане и ќе продолжиме со електролити те. Од кој електролити ти даваше? И за колку дена ви помина?
     
  20. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.900
    Допаѓања:
    4.811
    Пол:
    Женски
    Од хип орс. Само дијареа имаше моето за 2 3 дена се смири