зедов на два пати и не им најдов намена. Ставив на себе за главоболка пошто на упатството пишува и за тоа се ама од друга страна сите доктори кажуваат дека ладни облоги на глава не се ставаат ради опасност од менингитис. За дете не сум ставила за температура за вакцина на два пати на боцнатото место од кое вториот пат му се вцрвени и отече и ги баталив.
Лепенките имаат дејство на ладење на телото. Ако има висока тт нема да помогнат многу, сируп подобро.
Да не те плашам, јас во моментов трпам породилни болки. Ме фати и мене. Се надевам дека не може да ја реинфикцирам малата.
Џабе Виранто, ми качи 39.5 синоќа За кашлица што давате? Кога стана утрово поткашлуваше, го имав читано еден чај од кромид и јаболко ама не паметам точно како се подготвува, ако знае некоја мама да ми каже. Секој совет е добредојден, не сум во МК и овде советуваат вода и медЧе за кашлица, и дека може да потрае со денови, да не се плашиме .
Дали има сега некој вирус со висока темп и со повраќање? Малата вечерта ми качи темп и потоа поврати. Сабајлево исто..фала и што да и давам денес за јаденје..пролив нема засега.
Да не те плашам,ама кај нас така почна короната. Прво мм,па малата и сега јас. Малата и мм повратија ,јас не . Колку да имаш во предвид .
Со повраќање?? Леле ексик...не знам од кај би можела да фати...по некоја логика само ние можеме да и го донедиме оти пак таа е дома...фала ти сепак.
Не дадов пошто и рипна температурата 38.7 па преминав на туширање и разладување, и кога ни со тоа не падна дадов парацетамол сируп. Едит: 15 месеци е.
Јас имам еднаш само користено, во декември кога имаше 39темп која не паѓаше со сируп никако. Му ја симнавме со тоа до 38.3.
Срце,не сум искочила од дома не памтам. Буквално во двор сами .Само мм оди на работа. Ама ова е чудо. Да повраќање. Мојата поврати три пати,сопругот исто. Ама можда не е тоа. Него имај предвид . Еден ден ја држеше со тт,се оправи брзо.
Е добро де, ти пак можеш Виранто да дадеш. Виранто и Парацетамол, нема врска едно со друго, едниот е лек другиот да речеме витамински препарат. Јас кај синко за 2 дена видов ефект, престана нос да тече и се затнува, тт не качи ич, весел е, да го гледаш од страна ќе речеш ова дете да е болно од корона нема шанси, активно, весело, си јаде си пие, а пред да го откријам виранто секоја високата завршувала со минус некое кило, апетит никаков и нервози. Кој го измисли Господ здравје да му дава, ем не се замарам дека давам некој страшен лек, витамински препарат е, ем делува. Немам дадено антибиотик 3г веќе, да чукнам у дрво така и да остане.
На упатството пишува дека најголем ефект има на први симптоми. Ама можеш и покасно да почнеш да го даваш. На мојот му помага кога е затнат и/или настинат. Не влијае на температура само го поткрева имунитет и помага во борба со вируси.
Дали ќе може некој да ми каже дали се во ред резултативе од крв дури чекам одговор од матична…Иначе имаме 1 година
@doubleinfinity можно е да е бактериско заболување, леукоцитите се благо покачени, што укажува на тоа. И ние сме со температура од вчера наваму, до 39 стига.. Ставам чепчиња( сирупот или го плѕука или повраќа и мора чепче) и се симнува до 27.8. Во наредни 4 саати пак качува. Не знам што да правам.. Бевме на доктор денеска и крв му земаа , црп мирно (3 и пол), железото 115, се добро само темп што има. Кажете некој ,,бабин лек,, за температурава.. Педијатарот препиша панцеф сируп рече да го даваме ако не се подобри состојбата до утре вечер..