Дали стомачен вирус може да не се детектира на крвна слика? Четврти ден е со течни столици,од вчера зачести со повраќање. Ништо ама ништо не јаде . Залче да касне одма го поврајќа. Во спиење ноќе бидејќи е гладен станува само со нагоните за поврајќање. Давам ентерофурил и локомотив. Никако да се смири. Како ке го испие локомотив сирупот против гадење саст време е добар и омалаксува. Значи не е вирус да поврајќа по 20пати на ден него 3 пати во 24 часа и 3 течни столици. Матичен го виде вика супер си е види го свеж крвна слика супер црп негативно леукоцити мирни лимфоцити се се е во нормала а еве трае.... И само тој е ни ние ни брат му немаме ништо....
Матичната ни вика океј се резултатите, споредба со минатиот пат леукоцитите биле 10, пред тоа 9…беше болен до пред 10 дена, можеби не сме долечени…нзн што да речам
Слично еве, 14месеци е, качува до 39.4-5 и со сируп спушта до 38.5 најмногу, сега еве ни толку. Во 5ипол дадов парацетамол па до сеа не се спушти, 38.8 е... Масирам со вода/ракија, чорапи со оцет... и сирупи парацетамол и ибупрофен на 4 саати, еднаш еден, еднаш друг не заедно. Сакам да пробам со сенф на чорапчиња да намачкам. А она со рендан компир и оцет можам да го пробам? Нз што да правам, прв пат вака ме зеза со сирупите... чепчињата ги покакува, не ми се ризикува....
ама наизменично јас знам дека може на 4 часа. Меѓу блокмакс ќе дојде 8 часа исто како и меѓу парацетамол. Ако се дава само едно тогаш да, растојание меѓу една и друга доза на блокмакс мора да е 6 сати
Има вирус маjки денес ги нoсев и двете на преглед. Крвна слика каj двете oдлична сo благo пoкачетo црп и температура штo не паѓа oд 38,4. Трае oкoлу 4 дена сo пoвремена кашлица.
Вчера вечерта околу полноќ мерам и кога видов 39.7 бев шокирана. Одма рипнав,ставив чепче, сирупот го плука одма, и оцет на чорапите и на грбот, не го разредував со вода ко претходно туку неразреден, ептен страв ме фати. Спушти до 38.3 па по 4 саати пак качи. Цела ноќ неспиени, денеска цел ден во раце бара..Тешко поминуваме некако..
Ковид е кај нас, неа не ја тестирав, јас сум позитивна. Низ градинките го имало многу вирусот па ете ни го донесе дома (не живеам во мк). Подобра е денес таа, не качила многу темп до сеа да не ја заречам, ама ја сум катастрофа. Сум заборавила што значи болест, ова е страшно
Можам да комбинирам ефералган чепчиња со блокмакс сируп за температура на 4 часа? Никако не паѓа ова температурава..ексик
Колку е дозирањето...на упатството пишува 2.5 мл 3 до 4 пати на ден или 5 мл 3 пати на ден...малото е година и 10 месеци.
Како го поминавте омикрон? Ние сме во Козле, 12 саати не му се спушти температурата од 39. Јас исто имав висока 40темп ама 12ч и ми помина. ќе приумрам, не можам да се соберам од плачење...
Со лесно нека му поминува. Сите викаат деца најлесно, ама изгледа омикронов не го поминуваат лесно. Што ти викаат таму? Не му падна малку од инфузиите /инекциите?
momentalno moeto e so omikron, tt ednas do 38 i sega celo vreme e od 37 do 37.2 , od sabajlw ni jadese ni piese nesto placenje umoren e mnogu i samo vo race .Duri sega kasna supa i malku banana.Ama nosot premnogu e zatnat ni moze da spie nitu pak da se napie nesto.Jas do sabajle bev negativna sega nemam simptomi i povekenne se testiram.ako ne pokazam simptomi sekako odma se izolirav.