Епа он нема проблем со затнат нос ама температурава не утепа. @Milkiway му дадоа инфузија ама не помогна за темп
Многу ми е жал што те читам. Најстрашно е кога немаш како да му помогнеш. Секако сте во добри раце. Ако нешто те теши, јас кога се разболував темп до 39 со денови и се бев по инекции и инфузии со ништо не ми паѓаше тоа на 6,7 години. Друго нешто ти кажаа ли како е на гради, пневмонија да не има? Ви направија секвенца дали е омикрон или делта?
Нема на гради сега за сега ништо. Сабајле го слушаа. Утре сабајле пак ќе не проверуваат. И мене ме преслушуваат. Сигурно е омикрон, два дена после контакт добив симптоми јас. Немам изгубено мирис и вкус. Бев кај мајка ми на ручек и она испадна позитивна, после неа одма јас добив симптоми. Значи не татко ми што спијат во иста спална него јас. А ние не се гушкаме нит бацуваме, само јадевме на маса заедно. Синко од мене фатил и мм исто. Зашто синко вчера вечерта доби темп, а мм нема за сега симптоми а позитивен е на пцр. Дури и мајка ми и татко ми го поминаа на нога шо се вика, нит темп нит ништо. Само син ми го извлече најдебелиот крај.
Душиче многу ми е жал. Ајде пуштаме среќа и пишувај ни како ќе проаѓа само побрзо да оздрави. Верувам дека веќе од утре ќе го попушти Пиши и во корона темите можеби таму повеќе имаат искуство сп деца
Ќе му помине температурата до утре најкасно. Толку трае, 2,3 дена мн висока температура што не паѓа и проаѓа после. давај му после 1 месец нешто за зајкнување имунитет. А сега не форсирај храна, само нека пие колку може повеќе течности.
Истo беше цела нoќ еден степен не му падна oд сируп, и oцет ставив самo качуваше ништo не пoмагаше. Пoсле гo масирав сo алхoкoл и вoда па малце спушти.
Кај нас излезе температурата од црвено грло...направена крвна слика и ни даде антибиотик...се сомневаше на корона ама ваљда не е зошто леукоцитите беа покачени. Два дена со темп...денес и 39.5 крена ..свеста ми се зеде и и дадов блокмакс па еве од тогаш нема кренато. Ваљда и антибиотикот почна да делува. Со помин на сите дечиња.
Син ми почна да си шмрка денес и се затнува. Дадов виранто. Е сега прашање ми е дали додека е вака со послаби симптоми да прскам септаназал или само обична морска вода или ацидосалус? Не знам што да правам да спречам полоши симптоми Еден месец не оди во градинка и џабе еве го пак настина
Можеш морска вода имаш марисол имуно. Ако нема зелен секрет не му ставај септаназал или оперил. Пробај 1-2 дена би требало да има ефект и чаеви давај. Ацидосалус е повеќе за бактериска инфекција
@SanelaS @kanella @Butterfly1107 И мојата 2,5 год Омикрон помина. И тоа потешко. Цела недела со тт до 39, кашлање, се давеше во шлајм. Вчера И денес е подобра. На почеток кс мирна, потоа покачено црп. Со антибиотик заврши. За кашлицата ништо не помогна. Инхалирав И бронлес пиеше. Сега со хербион завршивме. Важно не дехидрира иако ништо не јадеше, пиеше течности и цицаше. Ќе помине без паника. @srekice јас породилните ковид болки лани ги поминав. И сега Омикронот не ме скокна, но со поблаги симптоми. Иако на пср бев негативна. @Septemvri да декември 2020 бевме позитивни, сега пак. Само да поминува
и јас дојдов за тоа да прашам. Значи со затнато па растечено носе и опет затнато раат не сме. Декември речиси цел месец беше со инхалации. Почна со носот па со кашлање па шлајмови да се дави и речиси цел месец инхалации. Сега еве го пак. Како во синусите горе да има заглавен секрет па грчи. Мрсулав леле мајко. Навечер му се затнува. Не знам што да правам веќе. Да носам на лекар само за тоа па и не бива ќе фати нешто друго таму. Почнав со инхалации само со филолошки еве веќе 3 дена. Сега ставив кромид до него да дише да не му се затне носето. Ставам еднаш на ден диво оригано капки. Имам спреј синомарин се мислам да го отворам и да му прскам, немам друго чаре
Џабе е се и виранто и спрејови еве како што легна по два саати стана со плачење и се давеше за малку ќе повратеше. Му се слева веројатно во грлото. Не знам како да му помогнам малце поткренат гледам да спие ама се врти. @marchi-cool еве ова го пишав пред пола саат сум ја згрешила темата И мојот се дави неподносливо ми е веќе тоа. Во последно така настинките се со носот со кашлање и повраќа од мрсули. Јас утре ќе го носам нека го видат нека ми дадат нешто да му олеснам. Ние секогаш надвор чекаме на доктор, се надевам нема да фати уште нешто таму. Викенд е ме фаќа страв Еднаш така си играв виранто, виранто цела недела затнат на уста дишеше, па испадна црвено грло антибиотик требало, го мачев детето. Вака нека го видат да ми олесни и мене. Да не знае човек крајот кај да го најди веќе.
@SophiaBella @marchi-cool Можете на ОРЛ специјалист да појдете. Зашто долго време ве мачи, ќе видат и грло и нос.
Мајка знам како е. Ние делтата ја поминавме во Козле, две најдолги недели во животов. Малиот имаше лоши резултати, но на крај се добро се заврши. Сега го поминуваме омикронот, но со многу полесни симптоми и на домашно лекување. Во сигурни раце сте таму, навистина многу внимание ќе ви посветат и на двајцата, и знај дека само со добри резултати ќе ве пуштат. Малиот на крај беше добар, но додека и мене не ме долечија не не пуштија. Ќе следат подобри денови, ќе видиш
Здраво мами,ќере е 2год и 10м.Сабајлево од ко стана ми се жали дека ја боли дундето,ја измив ама нема ништо па највероватно ја боли бешиката.Денеска немам каде да испитам мокрача,се консултирав со матичен ми вика да земам сируп ТРИМОКСАЗОЛ бил поранешен Бактрим.Дали вака на ништо неиспитано да го давам,искуство со сирупчево?
Не давај никаков лек се додека не се испита, така нема да добиеш точни резултати. Ако можеш пожелно е денес да однесеш мокрача на приватно. Ако не си во состојба давај повеќе течности, чај од брусница во меѓувреме.
Исто и мојата. Дури и не сакаше да моча. Тоа беше за водици кога беше неработен ден. Испитав мокрача на приватно чиста беше. Потоа кај нас испадна вирус(татко и позитивен) Но јас не би давала сируп на неиспитано. Членката ти пишала повеќе течности чај од брусница, јас и топло и ставав на мешето. Женските се почувствителни во уринарните патишта. Мала настинка ми се жали на дундето. Инаку 2 год и 5 месеци е
Фала ти,и дадов одма чајче од брусница.Ќе тераме така викендов,во понеделник ќе испитаме мокрача.Зедов и кесичка Уриројал на природна база.Дали кај вас беше од ковид? Јас и татко е пред две недели бевме позитивни,ама таа не појави никакви симптоми.
не ми текнало за таму. Е сега кај нас не знам орл дали има.. знам за ушен специјалист дека има ваљда тоа е тоа.