Може да нема никакви симптоми. Таа живее во носот и на кожата. Ако човек е здрав, со силен имунитет, може да биде бацилоносител само. Големиот син така, беше бацилоносител, правевме брисеви за да видиме дали ја има, кога едно дете од неговата група во градинка доби шарлах. Ја имаше и син ми, ама беше здрав, и поради позитивен брис пиеше десет дена Оспен да се исчисти. Инаку сите бактерии може да предизвикаат проблеми кога лицето е имунокомпромитирано или пак има инфекција која избегала од контрола. @AngelOfArh нема доктори, има сериозен дефицит на педијатри. И овие што ги имаме, генерално се постари, за пет години драстично ќе се намали бројот кога дел ќе отидат во пензија.
Ана искрено не сум знаела дека може да е опасна. Ама верувам дека непосредно со терапија соодветна, подигање на имунитет дали со препарати или избалансирана исхрана, прошетка на чист воздух ( планина ) и многу овошје дека све би се средило. Дека дополнително би придонело да се среди ситуацијата. Спомна јазик со изглед на малина. Што значи тоа? На што би адилирал таквиот изглед? Те прашувам за недај Боже да би знаела во иднина.
За шарлах, или скарлатина. Тоа е малку посериозно заболување предизвикано од стрептокока. Висока температура, 40 или повисока, јазик со малинест изглед, црвен со бели точки, и осип по телото.
И дадов сируп не симнуваше само идеше нагоре, 39,5. Ја завиткав се испоти ја пресоблеков и само така спушти. Па се отспа добро. Дури се исплашив одамна не спие вака. Знам дека може да се ноќни терори, зошто реално само во сон е таква и дур се расони, целосно развојот во се друго е супер. Ама ме плаши што е секоја ноќ буквално, еве скоро месец. Плус ова со тт. А кога ќе ја прашам нешто така сонита кога плаче, пример сакаш ова она, ми одговара скоро стално. Се надевам е само фаза.
Fala mnogu.9 god mi ima sinot 3 odd.i ima streptokoka Da prviot pat bese uspesno so ospen ama ovoj pat ne nazalost,vo vtornik ke pravime alergotest za penicilin da go bockaat Ne se morbili,tuku streptokoka,3 meseci sme po doktori Fala mnogu.9 god mi ima sinot 3 odd.i ima streptokoka Moze da nedava simptomi samo da e nositelot na bakterijata ama sepak treba antibiotik da pije za da se icisti Mojot sin seto toa go imase,momentalno e dobar vo vtornik na klinika na alergotest za penicilin da se bocka bidejkinospen 10 piese i nese namali astoto tuku plus se pokaci
Син ми фаќа стерептокопа и гнојна ангина, кај него делува и Амоксиклав и Оспен. И јас фатив, и кога бев на Реума морав да спомнам за стерептокопа, плус стои во извештај. Не третирана знае да даде сериозни последици.Син ми и јас поминавме со една доза, првиот пат тој немаше симптоми освен болки во меше и јасик како малина. Кога откривме, вечерта качи т. Вториот пат не проверивме, температура 39 со 7 и наслаги на грло, т.е. ангина. Стертокопата ја предизвикува. Со Оспен се среди.
Една третина од населението се носители на стрептокока без притоа истата да им ствара инфекција и немаат никакви симптоми. Едноставно се работи за клицоносителство кое не се третира, зашто кратко по терапијата бактеријата повторно се населува и си живее во организмот. @Emi Slatka од каде сте? Ако е толку лоша состојбата зошто не ве хоспитализираат додека не откријат што е причината? Не виделе дете во толку лоша состојба, а ќе ве остават до вторник во неизвесност, не разбирам! Терапијата барем ви ја сменија ли? Резултатите од микробиологија ги имаш ли? Дај сликај има тука медицински лица може ќе помогнат.
Опасен е шарлахот и кај нас во градинка го има баш во групата на ќерка.Јас го помешав со коксаки , а имало разлика од бактерија и вирус. Туку да прашам како ги терате деца да пијат прашок за пролив во течност?Мојата не сака да проба само бљак вика , а еве ја веќе неколку пати оди во веце поретко.А добар лек е со електролит внатре,па не мора да мислам двапати како да и дадам.Ама ај натерај ја
Ова за кој вид стрептокока се однесува? За нос знам дека може да ја има и да нема симптоми, а во грло? И таму ли може да ја има и да нема симптоми? Прашувам бидејќи ќерка ми во два наврата ја имаше пиогенис во грло и има алергиска реакција на токсинот кој го испушта бактеријата (така ми објаснија) Се исфрла околу вратот а не е шарлах бидејќи јазикот и е чист. Прашањето ми е дали може да ја има а да нема симптоми? Јас цело време се водам по тоа дека ќе препознаам кога има стрептокока во грло бидејќи сигурно ќе се исфрли, ама сега ме замисливте
И што треба да значат покачените лимфоцити? Вирус? Се е нормално,нема некој знак на вирус...а се спремавме за вакцина... И какви се овие лимфоцити, гледам два има, едните во нормала, другиве високи
Пиогенис? А нема да има алергиска реакција? Може да е носител а да не заболи и во тој случај организмот нема да и изреагира на токсинот од бактеријата? Извини, те нападнав со прашањава ама многу ми е страв од бактеријава. До сега два пати ја имаше (барем колку што знам) и страшно беше.
Точно во нос е доста почесто клицоносителството, но исто и во грло може да се случи да е присутна бактеријата а да не ствара инфекција, било да е пиогенес или пнеумонија или некој друг вид. Но, ко што кажа Лили при пад на имунитет може да се активира и да створи инфекција. Кикин бројчано се во ред, не се покачени, процентуалната застапеност на различните леукоците е малку измрдана ама не е страшно, скоро кај секој се случува тоа. Не е лоша крвната слика за вакцина.
Леле,фала @Lolipop23 сеа пак реков ако не е нешто.како што треба кој ќе чека. Секако на матичен пак ќе го однесиме на преглед ама немав мир додека не го види некој .
За пиогенес зависи од возраста и имунитетот. Некој ќе пројде со благ осип дури и неприметен а некој ќе изгори од темп и осип ќе има јак. Лично мое мислење за стрептокока било каков вид-ако остане долго во организмот при прв пад на имунитет може да направи и те каков проблем. Се во зависност колку одстојала во детето. Сега скоро имаше смртен случај 5 год дете од пнеумокок.. @Alishan30 @Annath ако нешто испуштив ве молам допишете.
Да, да, обавезно нека погледне и матичниот. Мислам дека ќе одобри, така да со лесно. Според мене штом организмот дава алергиска реакција нема шанса да не забележиш, ако од тоа се плашиш.
Има ли некаков начин да се примети дека ја има бактеријата во организмот? Кај ќерка ми ја лечевме со оспен, па две недели подоцна правевме и асо да видиме дали ја има и ја немаше. Значи излечено е детето, така? Е сега, според ова што го читам може да се зарази, а да не заболи или да има благи симптоми па да не се примети дека ја има? Ко што кажав погоре, ќерка ми има алергиска реакција на пиогенис, дали може да се зарази и да нема реакција организмот ако не заболи? Ако знаеш, те молам одговори ми, оти јас до сега се водев по тоа дека нема шанса да не приметам бидејќи веднаш ќе се исфрли (во двата случаи кога беше заразена имаше идентичен осип) Инаку сме имале и стрептокока пнеумонија (така мислам се викаше) во нос и немаше никакви симптоми освен затнат нос, за кој мислевме дека е резултат на алергија, па го лечевме безуспешно цел месец со Аериус, се додека не направивме брис и излезе стрептокока. Таа потешко ја излечивме од пиогенисот а клиничката слика и беше далеку поблага т.е скоро и да немаше симптоми. Леле маки, ме загриживте сега
Не се загрижувај, само кога ќе падне имунитетот односно ќе фати нешто како што правиш кс прави и брисеви. Така ќе лечиш. Зошто кога нема симптоми не даваат антибиотик. Барем мојот матичен не.