да видам баш како ќе поминеме викендов ако не се смири ќе одам на лекар. Сега само носот де тече де е затнат секрет фул. Ама не кашла сеуште.
Го имам носено, ништо немал, морало да го помини периодот на настинките. Носот да се третира локално, ако има бактерија антибиотски капки да пазиме да не слегува и тоа е тоа
Ве читам редовно. И јас сум со таков проблем. Од мај откако тргна во градинка нема месец без антибиотик поминато. Се трудиме еве со виранто, инхалации, проспан за на крај пак антибиотик. Пред една недела го завршивме панцеф, 5 дена во градинка еве ја денес кашла полна со секрет. Незнам до кога ќе трае овој период на настинки и стекнување имунитет. Јас полека но сигурно полудувам
До колку дена е нормално да има температура? 22 месеци има...веќе 3 ден е со темп...сега е поретко на 8 часа се крева.
Потполно разбирам. Светла точка кај мојот е што нема многу примено антибиотик во последната година откако сме кај нова докторка (претходната на секоја настинка даваше), сега само секоја настинка два три дена инхалираме со кортико па и тоа не знам колку е добро и антибиотски капки во нос. Го паузирав малку од градинка еден месец беше добар и тоа што ми дишеше на уста се смири и многу слабо се меша со луѓе сега, ама еве пак настина. Да одеше во градинка на три дена ќе фаќаше нешто. Треба да го пуштам сега пак, коски ми се тресат. Буквално за полудување е ова. Па и малото ми е 10 месеци, на 6 се разболи од него ни јадеше ни цицаше ми стагнираше во килажа, па сега и за него се плашам многу да не го префати пак
Јас не примам никаква терапија, само ми даваат инхалација со физиолошки. Денес синко е добар конечно ја спушти темп и не крена пак. Доби само една инфузија. Ваљда понеделник ќе се одлучува дали да не пуштат.
Мајки дали има некој вирус со температура висока , значи детево два дена со темп сабајле 40 кога видов ќе побудалев, на 6 саати креваше но еве сега последниве 4 саати никако да спушти , под 38 , значи варира на 10мин, те 38 со 5 па 38 па 37 со 7 , дадов блокмакс а пред да дадам 38 со нешто имаше, викам да не го мачам дете , после 5 мин 37 со 5, не разбирам, вчера и направив тест корона од аптека, негативен беше , ниту тече нос ни ништо , многу малце поткашлува , искуствоо?? Вчера се жалеше само дека ја боли главата 6 години сме
Има грип, можете да тестирате преку брис од нос. Грипот е дури со полоши симптоми од короната, со висока температура и подолго држи. Кашлица подоцна се јавува обично. И крвна слика ако правите има иста како за корона, со намалени леукоцити. Ако крева ноќта висока можеш наизменично парацетамол со бруфен на 4 часа, или на дежурна носи да ја прегледаат.
Земаат брис од нос. Не е страшно. Ќе помине што и да е не се грижи, само убаво е да се исклучат и корона и грип, а малите полесно поминуваат.
Мочањето не беше од ковид. Банско бевме сигурност настанала. А ковидот убаво ја здрма. Една недела со тт, кашлица... Од вас поминало доволно време. Не верувам да ја поминало
Бевме на клиника прво ми кажаа од грлото, ги молев крвна слика да направиме и на крај ми кажаа тест да направиме за корона , земав брз и испадна позитивен, е сега ќе мора пцр, Ве молам искуства , иначе од вечерта немаме темп
Лани во ноември мојот прележа корона, ама беа други симптоми од овој сега. Како посилен стомачен го помина, со висока температура неколку дена, дијареа и омалаксаност. Во глобала сега омикронот поминува полесно кај децата, ќе ви кажат што витамини да давате, јас му давав и електролити за освежување и плус изопринозин за имунитет при вируси.
Ве молам искуства со прележан ковид кај дете, и што да давам?? Многу ме фати страф, темп си има денес ни не страшна до кај 37 со 5 ,
Многу одмор, течности ноон стоп, било што, вода, чај, сок, витамини обавезно, витамин Ц, Д3, цинк. Ако му тече нос испирирање со физиолошки по 3-4 пати на ден, да излезе се што има внатре и после спреј од оригано. Ако кашла може некој сируп на природна база а и не мора, нај битно е да се чисти многу многу убаво носето оти од него доаѓа до кашлање. Јас на 2 саати и чистев нос и пак не беше доволно, ми направи отит од премногу секрет и завршивме со антибиотик. Тоа во кратки црти. Сепак ти си го знаеш детето, го следиш и според тоа делуваш. Со помин.
Ти благодарам мила, давам се тоа, но носето не и тече не ни кашла сега за сега , 3 ден денес ќе видиме ,