Да. До душа јас не сум во Мк па тука не се прави КС воопшто за вакви разболувања. Еднаш така имаше темп како твоето, ама проверија дишење кажаа дека е спуштено на гради и ми препишаа антибиотик
Почни со зголемена доза пробиотик неколку дена, вари чај од кантарион неколку пати на ден и стави во легенче да седи во чајот, мачкај често со канестен крема. Кај нас судокрем воопшто не помогна. Му помина за 3-4 дена само со седење во чај и канестен неколку пати на ден.
На 39 тт ич не мислам дали да дадам или не, особено ако доктор видел црвено грло и таа тт. Малку повеќе доверба во докторите, во времето кога бевме ние деца нит крвни слики ни правеа нит ништо, првата меморија од крв зимање ми е на 7г, мајка викаше дека тоа било прв пат од бебе на раѓање да ми земат крв. Има ситуации кога треба, ама вакви ситуации се јасни и нема потреба да се сомневате. Дур вие чекаме крвна слика, па брис, дете ќе гори и може да ви направи грчеви, гнојна ангина и многу полоши работи од еден антибиотик.
Зошто да не чекаме, децата знаат да креваат над 39 тт. Најчесто се разболуваат од вируси и најчесто беспотребно се дава антибиотик. Не е едно шише испиено и толку, ќе падни имунитет, ќе закачи одма нешто друго па трето... Еве јас за мене ќе кажам, јас не давам без да се консултирам со нивниот педијатар. Последно ќерка ми имаше 39 и повеќе тт, на грло наслаги, без антибиотици помина, со локален антисептик само. И следење секој ден од педијатарот.
Мајката рече дека има воспаление на грлото, додека чека да направи брис, крвна слика и се со ред ќе гори детето? И јас сум против антибиотици, особено овие на итна колку се замараат чудо едно, ама висока температура од грло удира малце поише незгодно.
А мојата меморија е дека буквално на секое разболување добивавме инекции или во најмала рака таблети антибиотик. Вирус со 7 инекции пеницилин лечевме. Затоа сега имам алергии на куп лекови и крш желудник, а и децава наши патат заради резистентноста на бактериј која ние ја направивме. Ако рекол доктор, нека пие антибиотик, ама 39 темп ако е од вирус проаѓа и така.
Го лечам кај два педијатри зависи од ситуацијата ама и двете секогаш му прават крвна слика. Сум дала антибиотик и без крвна слика ама испадна погрешна одлука. А не е дека не можеш да дадеш, некогаш грлото знае таков проблем да направи да подобро почнете со антибиотик. Се останува на тоа колку добро докторот проценил.
A од кај знаеме дека е вирус, што ако е стрептокока? Факт, нас не лечеле многу лудо, мене Макропен и Оспен ми беа ко добро утро, ама па и до толку да не се верува на доктор, зошто тогаш отишла мајката. Јас лично до дете досега не сум добила беспотребно антибиотик и може затоа имам верба. Ниту на итна, ниту кај матичен, без потреба не ми дале антибиотик. И крвна слика не правиме на секое едно, еве ковид прележа дете без кс, немаше потреба едноставно, само еднаш бевме да го наслушаат.
За макропенот и оспенот зборував, макропен ние (јас)како бомбони ние пиевме. Не му правам крвна слика ни јас на секое, оставам 3 дена за секоја температура/вирус да помине, ако не проаѓа, секако дека ќе направиме. За гнојно грло секако треба антибиотик и се гледа и без к.слика гнојно грло. Така да, советот е секако да даде мајката ако видел доктор гнојно грло, ама општо коментирав, мајки да не бараат сами антибиотици за да 'пројде побрзо' ако нема потреба.
Син ми до сега три пати качуваше температура, до 38,5 чекам и давам парацетамол. Грло малку црвено и ниту еднаш антибиотик не даде матичната. Крвна слика обавезно правам при висока температура. И брис ако има потреба. На вирус џабе ке даваш антибиотик. Само штета ке направиш. Крвна слика од прст кан дете за 30-40 мин е готова. Нема зошто да гори дете, ке даваш парацетамол. Тоа не смета на крвната слика. Плус јас пиев антибиотик за грло без брис, па испадна џабе пиење, морав уште една доза друг антибиотик кој не е резистентен како првиот од рака даден.
Мами не дека е итно,ама ми треба совет од вас кои дечињата ви имале ешерихија во урина.Ќерка ми има 2год и 10м и моментално пија Пиелосептил сируп,освен антибиотикот што друго сте давале и ви помогнало?Прашациве што се со д.маноза не ги пија никако,одма повраќа.
Консултирај се со уролог, фати ја на време бактеријата, ако треба и тројна терапија нека пие, ама мислам дека кај деца Пиелосептилот има најдобар ефект. Исчистете ја на време и внимавајте во иднина на бришење и на пелени, редовно менување пелени особено после голема нужда, бришење обратно и работете на имунитет. Не велам дека не бришете како што треба или не менувате пелени, туку тие се општи препораки кај деца, затоа ги спомнувам. Ако ја чуваат и други напоменете да внимаваат.
Фала ти.Ја однесов на уролог одма со резз од урина,тој ни го даде пиелосептилот.Од антибиограмот и единствено тоа и беше дозволено за деца а да е сензитивна бактеријата.Ја виде и на ехо,ништо конкретно не ми кажа освен дека бубрезите се ок.Пелени не носи.Со бришењето сега ќе внимаваме повеќе,мада што оди и во градинка.Инаку ја мијам секојдневно,незнам како ја закачивме.Прв пат се соочувам со бактеријава,не сум имала искуство до сега,затоа побарав и совети
Чим оди во градинка ќе напоменеш таму за бришењето. Закачуваат од нехигиена во градинка, тоа со сигурност, друго детенце ако мочнало на шоља доволно е, или пак лошо е избришана. Миј ја одвреме навреме со сода бикарбона, не секој ден, повеќе течности и не и давај да трпи за мочкање, по можност нокшир избаци, витамин ц навечер ќе и даваш и тоа е тоа.
Малтофер за 3годишно колку капки треба да дадам? И шо да и дадам да и шомогнам за носот мн и е затнат, септоназал и ставав пет дена ама уште и е затнат ... вчера со кромид малце спиеше као се подобри ама се слуша дека има секрет мн во носот а со црево ништо не вадам
Малтофер се дозира според тежина. Има во упатството колку се дава. Јас сама не сум дозирала, само педијаар до сега ама знам дека по тежина дозираше. За затнат нос пробај и со капки од диво оригано.
Големиот (9 години) го следам подолго време крајниците му се отечени но не се жали на болки гребење и сл ни па кренал температура. Пред 2 месеци кога го носев малото на преглед го ѕирнаа и него и докторката рече крајниците тапан ама штом нема реакција и симптоми нема што да го лечиме. Еве го сега пак е така. Не знам што да правам. Имам некои немир страв да не се разболи. Не знам како да постапам. Дали некој имал слична ситуација?
И на мојот се исти има и трет крајник. До сега сме немале проблем, 6 години е, ама на секој преглед ми кажуваат дека се огромни. Ако нема проблеми јас не би гибала, не се разболуваат од нив, од бактерии и вируси се разболуваат.