Рече една кафена лажица два пати дневно... јас и давам со шприц сакам по детално а вонаптека рекле 2,5мл дека 3год
Прв пат ни се случува ова..и дадов далерон симна температура заспа за 6 саати се разбуди се тресе детево не знам што да и правам тем 37 со 2 37 со 4 и давам вода пие ја гушкав со јорган покриени се тресе упорно дури и ми поврати ... сакавме да ја носиме на лекар се смири па качи уште температура и дадов пак сируп и заспа после.. Што да правам во таков случај кога се тресе? Стварно немам искуство... ме факс паника за мене знам ама за дете стварно не знам
При треска треба да се покрие убаво, јас со два јоргани го покривам така, додека не каже дека му е ок. Претходно исто бев на нигде дете се тресе јас убедена дека треба да го ладам не топлам. После докторката ми кажа дека штом има треска значи ќе качи тт ама сепак треба да се стопли прво. Така што добро си постапила, ако е испотена пресоблечи ја, под 38 не давај сируп. Со лесно и брзо оздравување.
Па треба да каже точна доза, не е ова витамински сируп. По килажа иде мислам, 5мл знам е за поголеми деца, 2.5-3 мл може кај помали.
Мене ми има така направено од Бруфен, на 2 пати, со тоа што имал и грчење и превртување очи. Ми кажаа најдобро би било кожа на кожа и покриен со волна, за 5мин се стабилизира, ама беше ладен мојот многу и многу се тресеше. Нејсе треба да качи во таков случај тт и најчесто ова после вирус се дешава, значи загревај додека не се затопли па после симнувај тт, во овој случај не се дава антипиретик, кај мене и ладни биле екстремитетите. За вирус антибиотик не ти врши работа, знаеш.
Здраво, дали има некоја мајка чие дете има шум на срце? Сега кога бевме во Козле му го најдоа. Претходно и во Систина е носен и на матичен никој не го слушна. Денес бевме кај новиот матичен и он потврди и рече да одиме на детски кардиолог. Го најдов Иван Милев од Жан Митрев. Секој совет и позитивно искуство е добредојдено. Иначе синко е скоро 20месеци.
И мојата има поминато конвулзии нагло и падна температурата и знам сеа што да правам тогаш ама ова беше друго подолго се тресеше со се уста баш треска .. не знам дали има врска шо и дадов далерон и антибиотик во размак од 1 саат ама спиеше и после 5 саати се разбуди и почна да се тресе.... знам за вирус и антибиотик само ова рекоа по крвна слика најверојатно е бактерија само криво ми е што не испитавме која и каде е бактеријата почна со антибиотик..предходно скоро цела недела веќе држеше 37 со 2 3 4 па ќе спушти
Другарка моја уште во средно имаше тој период и рекоа дека ќе и исчезне. Веќе нема. Како што ми кажа од бебе го имала. Чадиковски во систина е кардиолог хирург мислам ако прави прегледи.
Мој другар имаше од раѓање и некаде кај основно се изгуби. Сега е супер, не дека и тогаш имаше проблем ама на пример, на физичко не смееше да се преморува. Обично поминува со тек на време.
Moето имаше шум, го глеаше Милев на ехо и излезе дека е бебешки шум што се очекуба до 2г да се изгуби. И повеќе никој не го слушна тој шум, го гледаа на ехо некаде околу 18м кога имаше.
На првото дете уште во болница му дијагностицираа. Кога имаше неколку месеци го носев на ехо и ми рекоа дека е ок, дека се работи за невин шум (така го нарекоа) демек не е ништо страшно. За второто тек на година ипол ми спомнаа и исто ме пратија на ехо, таму ист муабет, не е страшно, невин шум е
Здраво , ве молам препорака за стварно добар кожен лекар во Скопје . На малото му се појави како инфекција на прстот на дланката , го носев кај нас во ср не сум воопшто задоволна , полошо му се направи после терапијата . По можност кожен каде што може да земат и брис да се види што е и да се третира правилно. Прикачувам слика можеби некој има слично искуство.
Кажа дека е габично , терапија 10 дена и ова е по терапијата сликано, предходно не беше до толку лошо
Јас имав вака слично на на врвовите на прстите,показалец и малиот најмногу.Мене дерматолог ми рече дека е егзема,мачкав со белогент помешан со пантексол крем навечер и ги виткав прстите со најлонска фолија (пред спиење и така спијав) преку ден сапунче и крем за раце на еуцерин.Малце подосадно за лекување е
Фала ти за споделеното искуство, мачкавме и белогент и ројазол и бањање секој ден со кетоконазол и ништо спас ...затоа сакам и брис за да знаеме точно што лечиме .
Мене ова ми личи на егзема. И јас ја имам на истите места. Само кај мене никогаш не била толку лоша. Сега имам еден гел ектоин, од Србија ми е, кај нас го нема. Помага колку толку. Ова кремата на Скендер може да го излечи за два три дена ама по групите имам прочитано дека ја тестирале и е прејак кортикостериоид. Е сега за дете не знам дали може, и дали може ако има рани.