Мене ме буни тоа што досега немал никаков проблем со кожата, он е бел многу со осетлива кожа ,но такви проблеми со егзема или дерматит никогаш не сме имале , 4 ипол години е . Најдов лекар што доаѓа од ск , ќе го носам денес па ќе видиме што ќе каже . Ќе инсистирам и за брис .
Брис ти е најпаметна опција. Ке исклучиш бактерија. Мене ми се појави во основно мислам, и си се појавува на периоди. Досадно е, ама не е нешто страшно.
Мајки помош....син ми ( 21 месец сме возрадни ) има тт 38.5 , 39. Му ставам чепчиња еферглан ама тие нели се ставаат на секои 6 сати. А мојов крева тт и пред да помине дејството од 6 часа. Совет што да правам изгоре детево. И го туширам и го расоблекувам.
Да комбинираш со Блокмакс на 4 саати? Еве за еден саат можеш да го однесеш на лекар да го прегледаат.
Сега му купив блокмакс и му дадов 5мл. Послем сме на преглед. А совет некој добар педијатар матичен ???
Немате досега педијатар матичен? Ние сме кај Паскалов ама многу не го сакаат дека не се потресува и не дава антибиотик ко бомбони.
Јас обично во Ремедика го носам има една докторка што сум презадоволна, а инаку матична му е една во Железничар, ок е докторката убав пристап има, темелно прегледува само проблем ми е што работи една смена и многу често не ми одговара тоа. Во Реоника го фалат докторот, Сашко мислам беше.
Може не сте имале потреба. На секое добивам антибиотик, за разлика од други не ме праќале на кс и брисеви. Им верувам, но 2 пати до сега згрешија дијагноза, количина и времетраење на антибиотик и остана недолечен. Ова ми е потврдено од специјалисти. Јас многу ги фалев и ми се ептен на ниво работат турбо, секогаш излегле во пресрет, ама почнав да се сомневам во нив. Ѓорѓи пред 10тина дена така ме навреди лично, што не личи така доктор да ти каже. Ама тоа го занемарувам, битно ми е детето да ми го лекуваат асално. Јас не сум битна. За членката погоре: Др Кате не би. Виктор ми е препрекрасен доктор. И многу различно лекуваат со Ѓорѓи. Едниот ти бара кс и црп другиот лут зошто ги правиш... чудни малку. Многу несинхорнизирани.
Јас би само кај Виктор ама не можеш да ги темпираш. Ќе се погоди кај здрави деца ако ти треба преглед мораш кај било кој. Од Кате многу се жалат и многу штета ми направи среќа што побарав на страна други мислења. Гого нека е лабав ама не знам како да кажам,малку претерува. Одам детето да ми го гледа и да ми дава насоки, не правам никогаш на своја рака ништо. Се правам како ми кажале и на крај испаднав ми фали нешто во главата И трчам по дежурни куп пари по систина и така... Ама тоа е нема совршено. Зборот ми е 3цата се различни немаат ист протокол така се осеќам.
Ќерка ми 4 години, веќе 4 дена е со интезивна дијареа. Посетено доктор, крвна слика одлична. Однесено и примерок од измет во микробиологија, резз дури во понеделник. Дај помогнете што да и дадам да и се смири малце мешето, се изцеди веке. Давам два пробиотика, јаглен, денес и диолин дадов, со ништо не се смирува. Ништо не јаде, само со биксвити и банани е, ништо не сака друго, вика дека мачнини има од се.
Скроз си во право за се што кажа за нив. И ние сме таму и јас на секое разболување на ќерката се нервирам со докторите. Од раѓање ја носам таму и тоа е единствената причина што не сум ги сменила до сега. Друго е кога ти го знаат детето повеќе години. Порано стриктно кај Ѓорѓи ја носев, сега многу е тешко да се погоди. Со него нема баш некоја добра комуникација но во дијагнозата не се сомневам, другите двајца доктори некако секогаш со резерва ги прифаќам. Кога некој следи болно дете со наод на плуќа важно е на секоја контрола истиот докоторот да го наслушнува зашто само така може да се приметат малите промени. Инаку како целина ординацијата е супер, сестрите, достапноста, закажувањето термини. Порано имаше и од авицена за крвна слика предпладне што се надевам пак ќе го воведат.