Мајки сипаници ли се? Вчера вечерта имаше само 2-3 на градите и не се посомневав. Сега има на гради и во глава и се чеша. По грбот и нозете нема ништо. И да пишам секако дека ќе го однесам на брза помош, педијатри не работат денес. Едит: како пликови со вода се.
Не немаше температура и сега нема. Значи вака, пред 3 недели јас бев многу болна и од како ми помина малку, пред 2 ипол недели ми излегоја исти вакви мазолки, бев кај матичната и таа не ми даде точен одговор дали се варичела или не бидејќи имав околу 10 тина мазолки само. Таа рече личи на варичела но ако е варичела треба да имаш повеќе, па кој знае како е. Но кај мене ете варичела било. По две ипол недели и кај синко излегоја само што тој има многу повеќе од мене. Му дадоја течност за мачкање и капки против чешање да му ги давам по потреба. Не прашав само дали смеам да го бањам или подобро не? И колку дена не треба да излегува надвор? Дали варичелата е опасна кај мали деца?
На 1.5г прележа мојава, пази го сега имунитетот му е слаб и може лесно да закачи нешто друго. Не го мешај со деца за негово добро, и тоа ако можеш и до 1 месец. Точно по книга фатил ако си имала ти, па 2 недели после тебе он избил. Смееш да го бањаш ама да не ги триеш со пешкир пликчињата, полека тапкај со крпа. И подобро е да се бања од прљаво и пот да не се инфицираат раничките. Течна пудра или една пена јас користев поксиклин. Со лесно да помине само
Малата пред 12 дена ми прими ММР вакцина, од синока до сега и излегоа 3- 4 брунки со пликче Ми личат на варичела , температура нема весела си е и не ја чешаат Мозе ли да е осип од вакцината?
Да. Може да јави и ситен осип, покрај температурата. Ако си во можност и за мирна глава, сликај осипот и прати кај педијатарот.
Има ли некој стомачен вирус?Завчера качи температура и утредента помина,дента имаше течна столица 4 пати за цел ден,а денес 2 пати поврати.Му дадов пробиотик друго немам ништо дадено.На лекар одма не ми се оди.Ако продолжи да повраќа кај да го однесам денес каде се има педијатри?
Денес малава падна надвор, не плачеше затоа не обрнав многу внимание. Но сега приметив очниот капак и е вцрвенет и има оток кога ќе го развлечам окото(незнам како да објаснам), како камче да има испод, но ја прегледав убаво нема. Оток на капакот е ваљда. Не се жали на болка, не солзи нема ништо. Што мислите дали треба да ја носам на очен дежурен или да почекам до утре?
Што е сега ова?? Откако еднаш ја избањав со мустела кожата и стана барут сува, никако да ја оправам. Сега и вака, црвено и рапаво, само на грбот.
Муателата ја користев поодамна. Па кожата и стана сува, сега и црвенилово и се појави. Никакви проблеми сме немале со кожа. Па ме збуни ова.