1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.796
    Пол:
    Женски
    Носи го, може е полошо грлото, а цефалексин е послаб антибиотик. Може ќе треба нешто друго да препишат.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Amelie1708

    Amelie1708 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    Здраво мајка. Керка ми имаше стрептокока во декемви со истите симптоми. Нос течење и чат пат поткашлуваше. На брис покажа стрептокока, матичната не даде антибиотик само спреј ацидосалус. 10 дена го користевме , направивме контролни брисеви и беа негативни. Превентивно чат пат знам да ја прснам . Топла препорака за спрејот, кај нас се покажа одличен. Матичната тогаш рече дека кај деца каде што не прави проблем стрептокока не се дава антибиотик (проблем мислам на висока температура, кашлање нонстоп), и се тера лекување на природна база. Инаку спрејов е со пробиотик во него и јас лично сум презадоволна од него
     
    На KuklickaSk и babydust им се допаѓа ова.
  3. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    18.275
    Го почнавме сабајле. Од после ми пиша и др дека треба да го пие. Уште крева тт на 6 часа...се надевам ќе делува
    Не знам дали има логика сеуште да пие и Виранто?
     
  4. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.922
    Допаѓања:
    4.815
    Пол:
    Женски
    Јас во такви случаеви го прекинувам. Мада нема штета од него на природна база е, за бенефит штом не помогнал на почеток не верувам дека сеа ќе помогне . Ме има спасувано и мене вирантото ама кога е за антибиотик е за тоа и само тоа давам , плус антипиретик ако има потреба. Антибиотикот Ќе делува дај му време .
     
    На mal.ecka и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  5. SmartyWifey

    SmartyWifey Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2018
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    234
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, ќерка ми е 15 месеци. До минатата недел имаше стомачен вирус. Од Понеделникот беше супер, во четвртокот пак ми поврати еднаш и толку. Петокот сабајле правена крвна слика на која се беше мирно, за поручекта да крене 38,6 температура. Од тогаш крева на 6те часа. Сега ми крена 39,8 и поврати и и падна температурата. За 30тина минути пак ми крена. Дали некоја од вас има слично искуство? Дали да ја носам на ургентен?
     
  6. LucyLu

    LucyLu Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2019
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    1.194
    Пол:
    Женски
    Мојата од четвртокот вака знали подобрување 0. Незнам колку трае како ворусов ама се измачи. Се бори организмот цело време. Ќе крене тт ќе сакам сируп да дадам се променило спуштила. Збеснав веќе
    Многу има со стомачен изгледа само тоа читам. Матичната вика електролит,течности ама ме загрижува веќе што цело време качува тт. Зборевме не ми даде аларм како за хитно нешто
    Инаку за колку време ви спуштаат тт после даден сируп? Ефералган и давам и баш временски споро ми иде после 1 саат дури па и повеќе
     
  7. SmartyWifey

    SmartyWifey Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2018
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    234
    Пол:
    Женски
    Многу многу бавно, дојдовме и во болница. Сабајле во 10 ми крена 40.2 и дадов бруфен, до 12 не и падна воопшто. Не задржаа во болница успеаа да и а спуштат до 38,5 и надоле не оде. ЦРПто и е 15 моментално што не е ни така високо. Утре ќе и земат и брисеви и примерок од столица. Не знам што чудо ќе беше ова.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    18.275
    Оперил п има некое ограничување за користење?
    Континуирано 5-7 дена смее да се користи.
    Што потоа ,потребно е да помине одреден период за повторно да се користи?
     
  9. LucyLu

    LucyLu Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2019
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    1.194
    Пол:
    Женски
    Ох со леснон и брзо нека поминува мама. Ова вирусов ептен тешко проагаме се надевам ќе помине веќе.
     
  10. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Со консултација со педијатар го има користено 10 дена.
     
  11. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    18.275
    Во ред тоа континуирано.
    Но кога ќе заврши,дали има одреден период да мора да паузира па пак да прима?
    Пр. Користеше малиов 7 дрна, една недела имаше пауза,пак се затна и пак почнавме. Тоа ми е страв,да не е многу брзо
     
  12. stoimanovskamarija

    stoimanovskamarija Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2013
    Пораки:
    509
    Допаѓања:
    1.528
    Некој совет мајки, малата пред една недела и се затна носето полна беше со секрет и ксшлсше кога и се слеваа,кс супер и чиста на гради и грло, и дадоа инхалација со физиолошки и проспан капки. Во четвртокот крена темп 38,5 со сируп се симна и петокот имаше до 38 ни вклучија и вентолин да инхалира и бидејки многу кашлала цефалексин сируп. Направивме и брис од нос и грло денес рез супер негативни. Сабота и недела цел ден весела немаше тем и синоќе пак крена 38,3. Сабајле кс правевме и пак нема ништо супер е а цело време и сега еве има 37 ама весела освен што кашла кога и се слева. Рекоа да продолжи само со инхалации и цефалексинот. Дали е некој вирус со таква константна тем од 37 до 37,7? И два дена има два дена нема ништо... Не знам што друго да и давам
     
  13. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.922
    Допаѓања:
    4.815
    Пол:
    Женски
    Кај оперилот е маката тоа што рпави вазоконстрикција ако се претера може на битни крвни садови да се направи вазоконстрикција што може да даде проблем со исхранта на органот. Затоа се дава со претпазливост и ограничен период. Консултирај се со педијатар.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.891
    Допаѓања:
    31.324
    Пол:
    Женски
    Многу често е една недела пауза за Оперил. Не е добро за слузницата на носот.
    Мене ОРЛ лекар за мене ми рече Оперил само ако сум ептен затната ако не Септоназал поблаг е.
    на детево само еднаш му имам прснато Оперил кога го болеше уво зашто тогаш мораше. А секако Оперил е за над 6 години дозволен за употреба (за помали само ако нема друга опција). Инаку и за детево користиме Септоназал (го има за 2 до 6 години деца и за над 6 години).
     
  15. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.799
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, дали некоја се има соочено со нешто вакво? Темна дамка кај окото (не знам колку се гледа на сликата)
     

    Прикачени фајлови:

  16. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.844
    Допаѓања:
    10.346
    @Sofi.ja земи мералис мнoгу пoмага за над 2 гoдини е.
    Каj мoите ептен се намалува течење на нoсе.
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    18.275
    Рече матичната уште два дена да користиме оперил (иако не било препорачливо) па ќе го префрлела на кортико бидејќи имал оток на слузницата..
     
  18. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.844
    Допаѓања:
    10.346
    Епа мералис е за намалување на oтoк на слузница.
     
    На KuklickaSk и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  19. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    18.275
    Го користевме и тој скоро,ќе видиме за 2 дена на контрола сме...
     
  20. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.824
    Допаѓања:
    13.391
    Кај мојата е откриена стрептокока во нос, и дадоа Панцеф. Пие од саботата, но многу има секрет во нос и кашла. Зошто Панцефот не дејствува? Многу се нервирам. Без оперил П не може воопшто да ми заспие. Ставаме и цитерал капки, но џабе се. Еве и сега се буди, се закашлува. Да ја носам ли на ОРЛ? Имам во четврток закажано, но дека е со бактерија не знам дали ќе ја прегледа. Така ми спомна матичнава. Морало чисти брисеви.