Синко беше со бактерија во нос и испи доза амоксиклав. Мрсулите не престанаа и повторив брис, пак ја имаше. Матичната даде само капки за нос, антибиотик локално. Во петок се пожали на уво, веднаш на ушно и едното црвено, другото не. Даде антибиотик јак, сензитивен на бактеријата. Сабајле стана и се пожали дека го боли увото, тоа што не беше црвено. Дадов парацетамол и само што го испи кажа добро било сега. Пак се жали го болело сакал на лекар да оди, убаво било таму. Весел е, јаде повеќе од просечно. Кога му е досадно го боли, ако се игра не се жали. Има шанси да лаже?
Притисни го полека кај увото, ако изреагира, го боли стварно. Иако мислам дека не лаже, подолго време треба да делува антибиотикот на ушна болка.
Парацетамол се дава и за болка,прашај лекар како да дозираш и дали може повеќе пати во текот на денот(кога ќе се пожали на болка)
Го стискам не реагира. Од бебе му ги проверувам, многу беше плачлив и често го проверувам од навика. Од петок пие антибиотик. Кога кажа дека го боли изгеагира на стисок. Денес не. Плус вчера не се жалеше воопшто. Кои се шанси при јак антибиотик да премине инфекција на другото уво а првично беше на едно? Давам цела доза, а за болки може и пола. Дадов и само што голтна кажа поминало. Сам бара на лекар да оди.
Што има сега, каков вирус? Вријам цел ден, па и што навика има секое разболување во раце кај мене го поминува. Само што оздраве и ете го пак 39.5, никаков друг симптом, ништо. А колку е малаксан, душата ме боли.
Не знам, син ми изгледа и вирусче некое има врз бактеријата. Пред малку пак качи темп. Не крева нагло, до кај 38,5 ама малаксува многу и очи на пола копје.
Мононуклеоза и грип Б има по градинкиве. Ова со 39.5 го пројдоа од градинка скоро сите деца, 48 саата темп без други симптоми. Мојов качи темп неколку саата, сеа има потечени жлезди и индикација за мононуклеоза. Утре ќе праиме плус тестови. Веќе аман.. Маж ми болен 3 недели, на уво му мавна, тоа грип б излезе поминале двајцата Од декември до сега пројдовме Грип А Ковид Грип Б РСВ Мононуклеоза И неколку безимени вируси
Неколку пати те имам прочитано дека се тестирате некако за овие потешките вируси. Како оди тоа, кој ве праќа? Пример рсв како се тестира? Зашто нашава докторка според симптомите претпоставува што е и ми дава насоки за лечење ама освен за ковид, ништо друго немаме плус направено.
Мајки од што може да крева тт малово на 4ч? Бевме на лекар сите параметри се во ред Едино парацетамол со неофен неизменично да давам друго што да правам
И црп? Леукоцити мирни? Ако е се во ред тогаш вирус. Кај машки моѓе да биде и нечистотија во курето ако не го отварате ама би покажало процес дека има.
Све мирно само тт до 39 Со курето имавме проблем две недели пред два дена му пукна тие како цистички и не се жали дека го боли повеќе бевме и на лекар А сали можам на 6 сати да давам неофен лепче? Ми го поврат сирупот
Јас мислам на едно бело што се фаќа меѓу кожичката, од урина и нечистотии и знае да направи инфекција. Јас давам најизменично чепче и сируп, а се случува и два пати по ред чепче. Инакку парацетмол давам.
Види во упатството ама мислам дека може на 6 саати само помала доза (ако не комбинираш со парацетамол).
Пнеумослајд преку крв се прави. Има во сите лабаратории.ама освен за научни цели, за да докажеш што има, нема потреба да се прави. Не менува во лечењето.
Да, да такво бело имавме али немаше тт пред два дена пукна и истече се ичисте, на курето нема ни црвенило ни ништо, а и црп е мирно. Ќе проверам денес и мокрача. Вчера беше весел све како треба и послем дневна дремка качи тт 39 и на секои 4часа ми качуваше можи и побрзо од 4ч па го туширав со ракија го мачка ете без чепче се спушти на 37,5. Незнам што да речам
Зависи што сируп. Ако е парацетамол/блокмакс, даваш најрано после 4 до 6 часа ако не спушта, ако спушта, кога ќе качи пак температура. Со помин.
Дека го поврати..ама и звонев на матичната во 4 ми кажа дека веќе делувал следно по 4 часа. Кс мирна ниски леукоцоти,црп мирно,ама ми рече да направиме дека крева високи и не спушта. Пробувам да "фатам"мокрача. Атб во случај да крева цел ден високи.Ама алмацин мислам рече а тој кај неа не помага.
Ако кренала првпат синоќа, рано си ја направила кс, утре ќе покаже поточно со што си имате работа. Ако крева на 4 часа, вироза е најверојатно, периодов ужас е со променливово време. Ќе помине. Терај со течности повеќе за да се измоча, и сирупи за температура. Ќе пројде.