Линекс најефикасен се покажал до сега, имам давано и смекта, електролити обавезно ако трае подолго и диета за дијареа, компир, ориз, двопек, банана... Кај моево обично дури не помине само не се смирува, и трае подолго, само најбитно е да не дехидрира, на секоја течна столица по неколку лажици електролити и плус други течности. Ако повраќа плус- по една лажичка само на 10-15 минути. Со помин
Ти благодарам. И дадов пробиотик,вели не ја боли веќе меше а имаше 2 течни столици. Сега ќе и дадам електролити.
Na zaripnat glas na dete od 23 meseci so sto pravite inhalacii? Mene mi rece pedijatarot so pulmicort pd 0.25 i 2 ml fizioloski sabajle vecer plus sinomarin no podobrivanje nema deka i e nekoja alergija.pred 10 dena izlegovme od bolnica lezevme 16 dena od bronhopevmonija
Чај со мед сум давала за засипнат глас никогаш не ми дале инхалации... веројатно бидејќи сте лежеле ви дале. Ете пробај и тоа и со млеко и прегорен шеќер.
I prsnav probaby angi sprej vo grloto,i napraviv caj so med ne saka da go dusnee ne jadi voopato blago .prometiv deka posle inhalacija i e pofaten glasot a moram usbte 2 nedeli da ja inhaliram
@Bebence29 како што рекле лекарите така прави. И никако не давај топли напитоци. А анги спреј има прополис па ако ви е нешто на алергиска база може дополнително проблем да направи. Ако мислиш дека инхалациите не помагаат барај совет од лекар. Две недели е долг период, ама зависи од наодот веројатно. @Milkiway зависи од што е засипнат гласот. Ако е ларингит од вирсно потекло инхалации со кортико ден/два најмногу помага. Ова ако е ептен лоша состојбата и влијае на дишење. Ако не се чека само да помине. И ладни напитоци и храна се дава. Така е барем по новите совети од лекари. Топли напитоци како прегорен шеќер никако. Уште повеќе го зголемуваат отокот на гласните жици.
Мајки еве може ќе биде помош на некој од вас што имате проблеми со детенцето повраќање, пролив. Со една апликација на чепче и еве веднаш престанаа сите симптоми . Ќе објавам слика од чепчињата, од Германија се нз дали ги има во Мк или друга држава.
Здраво мајки, да ве прашам за мислење и искуство ако имате. Мали 2 ипол години (а и ние исто) сме настинати втор пат месецов. Тогаш, а и сега малку поткашлува, носот минимално затнат, плуќа чиста, крвна слика супер. Црп му е 2.4 (треба да е помало од 3). Буквално сите параметри му се во нормала. Матичната ни даде антибиотик само затоа што се настинал пак после 25 дена.. Многу чудно ми дојде ова, се мислам дали да му дадам антибиотик, сакам да слушнам мислење и од друг доктор во меѓувреме, но не знам од кој.. Вие некое мислење, искуство со ваква ситуација? Благодарам
Не личи дека е настинато детето. Нормално е периодов подзатнат нос и поткашлување, од променливо време. Нема потреба од антибиотик.
Брисеви не сме ни правеле, никогаш не ни рекла, и јас си мислев да направам на своја рака приватно, али па коа нема знаци никакви на кс зошто да си ја барам бељата.. Уште сум на мисла за тоа.. @Annath фала многу
Курето му се затвори,едвај едно дупченце се познава. Мачкам неколку дена со гентамицин и канестен не помага. Признавам не го ставав во камилица или сода ,не бевме дома за празников. Вака е скоро 7-8 дена. На почетокот го фаќаше и се пожали на болка,сега веќе не. 2ипол има, што друго би можела да преземам или да го носам на лекар да го отворат
Н амоето коа има инфекција му ставам хлорамфеникол пред спиење утре дента е како ново. Незнам какво затварање зборуваш, дали кожичката се залепила?
Има фатено скрама ако се жали. И да нема, ке фати за некое време. Само барај си доктор кој нема веднаш да каже сечење или ке е насилен да го отвори. Кога се жали јас со белогент мачкам, по препорака од лекар.
Да, му се отвараше убаво главичката,сега нема шанси да потегнеш надолу. Веќе намачкав канестен и гентамицин,спие,ќе пробам утре со хлорамфеникол...
Ако не е инфицирано можда не треба да дтаваш ништо такво, само топла купка да се опушти кожичката. затоа е најдобро да се процени од педијатар. На моето му се отвараше главичката потоа некој период не можевме ама постепено пак почна да се отвараа убаво без никакви мачкања, само као има инфекција со оток црвенило болка тогаш се користат такви креми како хлорамфеникол канестен гентамицин и слично секако во консултација со педијатар или уролог. Се надевам дек аче помине што и да е