1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.220
    Допаѓања:
    18.962
    А грлото како му е?
    И колку дена ова трае? Имаше температури?
    Зашто воопшто отиде на лекар ?
    Прашувам може ти е паничар докторката си отишла пак, а немало потреба ако е практично без јаки симптоми... плус и сама викаш настинати сте сите.
    Ја праша зошто ти го дава антибиотикот?
    За мало поткашлување и растечен нос јас не го носам одма ако нема други пропратни симптоми па ни кс не правам...
    Оди било каде на дежурно, ама ти дури отидеш на второ мислење ќе оздрави он. Не го шетај по амбуланти, бар како што мислам јас ако нема некои симпт да не јаде, не пие, темп, грло црвено, кашлица да не може воздух да земе...
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. hotsauce

    hotsauce Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2022
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    326
    Пол:
    Женски
    Ајде пак јас. Како што кажав малата веќе 2 месеци на 10-14 дена ми качува температура 38.6 највисоко до 38.9.

    Во англија сум, не се прават кс, брисеви бидејќи на секое одење на доктор и ги гледаат ушите, тоа е океј, гради чисто, грло океј.

    На мое инсистирање направија брисеви од нос, бактерија не покажа,
    ама покажа аденовирус и рино вирус. Нит сум слушнала нит знам нешто ама нели за вирус не се дава атб.

    Докторот ми вели да пазам на ептен висока температура, проблеми со дишење, да е хидрирана добро, и така.

    Што да правам веќе, 2 месеци на точно 10-14 дена претежно од градинка ми се јават да ја земам секако. Па седиме дома па вадам потврда ако е здрава, ја враќам и ете поминуваат денови, дошло времето за 3-4 дена пак качува во овој процес.

    Аман веќе. Од работа ме толерираат, се е океј, можам и од дома да работам ама конкретно носот веќе и е растечен 3 месеци.
    Докторот ме прашува зелено ли е нонстоп, искрено некогаш е ептен светло зелено, некогаш е баш зелено.
    Какви се овие вируси, имате искуства?
    Дали е можно да пропуштиле за бактерија? Дека докторот вели резултатот кажува “не е детектирано” ама као можно е и да е пропуштено…
    Тој вели дека мисли дека е вирус па друг вирус во прашање…
    Аман веќе :sweat:
     
  3. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.504
    Допаѓања:
    7.377
    Пол:
    Женски
    Мм го однесе вчера тој е паничар, јас искрено не планирав да го носам и не знам сеа што точно му кажала докторката. Инаку имаше температура еден ден, во петокот, утрото ново дете. Ај викам 5ки вади може од тоа беше. А вака почна да поткашлува после 2-3 дена од температурата, не памтам точно кој ден беше, понеделникот мислам. Офф многу се мислам, грлото мм ми рече докторката рекла црвено му е малку. Ќе видам што ќе правиме, ваков е на 2 недели од кога тргна во градинка, сега е со најблаги симптоми, антибиотик баш сега, за ова ако пие, натака стварно кога ќе има потреба... крвни слики цело време правам, црп кога му беше 6 не му дадоа ништо, и тогаш грлото му беше црвено плус, сега на 2 ми даваат.. фала ти на мислењето.
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  4. no name5

    no name5 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2018
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.086
    Пол:
    Женски
    Здраво , 1 год и 4 месеца сме дали сме некое сирупче за кашлица на природна база , мислам дека до 2 години не се препорачува но ме интересира дали е некј давал и што ? позз
     
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.031
    Допаѓања:
    101.534
    Пол:
    Женски
    Баланитис. Оди на детска хирургија да го средат за да не се инфицира.
     
  6. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.157
    Допаѓања:
    18.261
    Како ќе го средат? Хируршка интервенција?
     
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.031
    Допаѓања:
    101.534
    Пол:
    Женски
    Не, му ставаат локална анестезија во вид на гел и го отвараат, повеќе плачат од што ги држат одошто ги боли.
     
  8. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.933
    Допаѓања:
    48.103
    Пол:
    Женски
    Лани педијатарот нас ни препиша Летизен, најдобро да се консултираш
     
    На no name5 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.385
    Допаѓања:
    38.279
    Пол:
    Женски
    Се извинувам што ќе пишам тука, не е итно ама најактивна е темата, а ми треба совет.
    Малиот почна на фудбал, многу е активен секако преку ден, ама некогаш ноќе се жали од болка во нозете. Мислам дека го фаќа грч, барем матичната ми рече така. Го масирам и поминува. Ми рече да му давам по пола ќесичка магнезиум пред спиење, нормално не пие- грди му биле.
    Дали има некој сируп ефикасен или нешто за деца специјално со подобар вкус, магнезиум и калциум заедно?
     
  10. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.419
    Допаѓања:
    12.001
    Пол:
    Женски
    Од Natural Weight земи му кесички магнезиум 9 денари е една, и јас не можам да го пијам од Алкалоид тој што е, одвратен ми е, претпоставувам дека и ти таков му даваш па затоа не го пие..
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.385
    Допаѓања:
    38.279
    Пол:
    Женски
    Да, јас тој од Алкалоид го пијам и таков му дадов. И мене ми е грд искрено. Ќе земам денес и ќе пробам, и јас ќе го сменам штом е подобар вкусот. Фала :)
     
  12. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.419
    Допаѓања:
    12.001
    Пол:
    Женски
    Natural Wealth бил, извини..
    Screenshot_20220428_122214_com.huawei.browser.jpg
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Нема таков сируп, сите се над 3 години. Откријте од што е кашлицата најдобро, мало е уште.
     
    На Snowflake92 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.157
    Допаѓања:
    18.261
    Пишував дека на малиот му е залепено курето.
    Бевме вчера кај педијатарот и рече дека најверојатно е предизвикано од антибиотикот кој неодамна го пиеше, претпоставува кандида.
    Ми рече да го мачкам по 3 пати на ден со маст нистатин,еднаш да го измивам со гел за интимна нега Алкагин и два пати да го мијам со чај од жалфија.

    Се замислив сега за чајов од жалфија, до сега сум го одмивала со камилица, да не згреши докторкава?? Сте користеле ли чај од жалфија за одмивање?
     
    На Snowflake92 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Прв пат слушам и јас, јас го одмивав со камилица или кантарион.
     
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.031
    Допаѓања:
    101.534
    Пол:
    Женски
    Жалфијата има антивоспалително својство, нели кога имаме воспалено грло се пие/гаргара жалфија, не е грешка. Камилицата има едни ситни мали спори кои може да направат голем проблем, сум имала мака, сум видела и од тоа кажувам. Во око ми направи страшна иритација камилица, на микроскоп ми ги покажа докторката, како мали иглички што навлагаат на меко ткиво и прават уште поголемо воспаление. А што се однесува до курето јас би однела дете на хирургија не кај матичен само, мада нашиот матичен ич не се челичеше на ова туку одма ни даде упат за хирургија, да не дојде до хируршка интервенција после па да се искомплицира. Стварно е мала и малку болна интервенција и не прави голем проблем за да се одложува.
     
    На MemoryOfUniverse и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  17. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.624
    Пол:
    Женски
    јас ваков имам давано ама не е за искашлување него за ублажување кашлица и многу им помагал,незнам колку се гледа на сликава од интернет ја извадив пишува дека е за деца над 1 година ХЕРБИОН-ИСЛАНДСКИ-ЛИШАЈ-сируп,-150-ml.jpg
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.031
    Допаѓања:
    101.534
    Пол:
    Женски
    Многу ми помогна во моментов, ние имаме некоја иритирачка кашлица па да земам одма.
     
    На Bella* му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.624
    Пол:
    Женски
    баш ми е мило, земи го навистина ефикасно се покажа кај моиве
     
  20. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    2.964
    Малото вчера ми се исфрли по чело и малку надолу по лицето. Пред да се исфрли, беа надвор со татко му во двор, помислив да не е нешто да го полазало или од кремата со фактор (мада цело време од истата користам), ама еве денес како стана од спиење уште е исфрлен, па дури и повеќе можеби. Ќе закачам слика, не знам колку се гледа, како мали бубулички по цело чело и многу малку беше вчера вцрвенето, ако може некој да ми каже од што би можело да биде. За жал сме во изолација до понеделник, позитивни сме на корона, не можам никаде да го однесам на лекар. Не ми изгледа дека го чеша.

    20220429_183058.jpg