Ќерка ми има 4 ипол години и од септември како почна во градинка нонстоп настинува, повеќе време е дома него во градинка. Ве молам препорачајте ми нешто стварно проверено за имунитет. До сега со години давам молерс, витамин ц и мед со матичен млеч, ама нема некој голем ефект.
Првата година во градинка е таква додека развие имунитет. Немаш што повеќе да даваш ако се само настинки. Мора организмот да ги научи риновирусите.
Најчесто се настинки, растечено носе и слаби кашлици и обично поминуваат без антибиотик, ама од градинка не ми ја примаат таква и стално е дома.
Искрено супер сте така ако проаѓате. Ок ете не ја примаат, а педијатар што вика за дома е или не? Однеси ја ако ти даде потврда ќе ти ја примат. Ако ти рече дома да седи, нека седи. Џабе хемии сирупи за инунитет кога она добро проаѓа тоа ми е зборот
Додека трае настинката нека седи дома, а после тоа нема причина да не оди во градинка. Нека ја прегледа доктор и ако е здрава со потврда мора да ја примат. Секое дете е со растечено носе и поретко кашлица.
Трет ден е со течна столица,некако навечер е позачестена. Имаше и поврајќање но тоа престана има и тт не многу висока до 38,а течната столица не престанува,дури и претерано многу мириса. Омалаксан е премногу од кревет неможе да стане. Испитав кс,црп и мокрача дали е вирус или некоја бактерија? Давам само пробиотик дали ке треба нешто плус?
Личи на стомачен вирус. Пробиотик, електролити зашто е омалаксано, форсирај течности, јадење не мора, ако бара јадење, варен морков, компир, двопек, зелена банана, варен ориз или оризова вода.
Обично или изотонично имаш разно разни: AquaMaris, Isomar, Marisol. ХИпертонични или за затнат нос има од Sinomarin и мислам isomar.
Мајки, помош. Малиот (3 години) се истури од повраќање, има и пролив и температура што не надминува 38. Многу е омалаксан, дури мислев да го носам на клиника, матичната не ми крева, дали на ургентен да го носам или на детска? Или Козле. Немам више памет. Само лежи и спие, повраќа сѐ што ќе му дадам во рок од 2 минути.
Му протекува носето по малку,па сакав нешто послабо. Мм е паничар,земи вика оперил да не се затне Како ги научивте да дуваат нос? Пробав со латици од ружа,не соработува