1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.866
    Допаѓања:
    30.993
    Пол:
    Женски
    Мојот научи да дува нос на 5 години. Му покажувавме како се дува и тогаш имаше доволно сила и можност да ја сфати техниката. Пред тоа користевме аспиратор за нос (од тие што се влече со уста).

    Ако е за послабо земи било кој изотоничен раствор само да испираш носе. Па потоа одат хипертоничните, па спреј со оригано, па Септаназал, па ако ништо ама баш ништо не помага Оперил (кој е инаку регистриран само за деца над 6 години и се дава строго во консултација со лекар зашто може да ја оштети слузницата).
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.844
    Допаѓања:
    10.346
    И пишувам 5ка на раката, некoгаш успева, некoгаш неjќе :D
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lejlla

    lejlla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2013
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    2.376
    Моиве деца од градинка закачиа некој многу незгоден вурус, денес ни е седми ден откако се разбилеа, започна со течење на носето, па кашлича, па тт која се движеше до 38,5 и еве два дена сме со течна столица. Што витус ќе беше ова незнам, засега сме без антибиотик, децата освен што послабо јадат друго апсолутно ништо не им е. Дури со температура 38 се неверојатно активни, дали некој периодов го имал истиов вурус и колку време трае?
     
  4. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.794
    Допаѓања:
    13.360
    Дали може стрептокока во нос да дава температура со една доза вакцина? Мојата имаше стрептокока пред еден месец, пиеше Панцеф и се оправи. Појде во градинка три дена и пак има затнат нос, плус мрсули и качи температура. Преку глава ми е. Не може нонстоп антибиотик да пие.
     
  5. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    2.964
    Малото вчера качи висока температура два пати, прво 39.5, па после 3 часа 39.8, се симна со чепче и сирупче. Утрово имаше 38.6, па ја симна сам, сега е добар. Ама му излезе како осип утрово, прво по рачињата, се повеќе и повеќе, а сега веќе и по ноџиња. Педијатарот ми е достапен дури во понеделник, буквално немам каде да се обратам за време на викендов. Има ли некоја да ме посоветува, од што може да биде вака нафрлан.
    20220513_192214.jpg 20220513_192221.jpg
     
  6. LjLj

    LjLj Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2020
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    495
    Варичела сипаница може да е. Осипот се менува во меурчиња со течност, така би препознала дали е варичела.
    Но, може и друг вирус да е што дава осип и температура..
     
  7. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.900
    Допаѓања:
    4.811
    Пол:
    Женски
    Мојот сите три дози ги има примено и од стрептокока во нос два пати качуваше мн висока температура и зелени мрсоли кашлица од истите....
     
  8. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.794
    Допаѓања:
    13.360
    И што терапија му даваше?
     
  9. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    2.964
    Ако е варичела, после колку време би требало да се промени осипот во меурчиња со течност и можно ли е да е сипаница, а да има само еден ден тт?
    Читав дека и после висока тт, знае да се појави осип, можно ли е од тоа да е?
     
  10. LjLj

    LjLj Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2020
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    495
    За ден-два менува фаза осипот, во бранови неколку излегуваат , прво темп. па осип, и така неколку дена после веќе се сушат.
    Да, може и од темп да е осипот, секако ако пак качи темп и не се повлече осипот, носи го на лекар.
     
    На Marge му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.900
    Допаѓања:
    4.811
    Пол:
    Женски
    Првиот пат амоксиклав примаше, се оправи после 1 недела откакл беше добар го однесовме во градинка за 2 дена пак се разблле исти симптоми бевме на орл специјалист ни даде капки дексазон со неомицин зошто овој пат крвната слика беше добра и така му помина. Па к седеше дома некое време еве го пуштивме пак во понеделникт во вторник ноќта пак со нос растечен зелени мрсоли....
     
  12. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.220
    Допаѓања:
    18.962
    Друго нешто има нос да му тече кашла? Колку месеци/години има?
    Може варичела, ама ми личи и на морбили ова од што сум гледала слики.
    Знам дека кај морбилите се јавува нос течење, кашлица и мислам разликата беше дека осипот се јавува по линија на челото ама не сум многу сигурна...
    Да видиш на нет морбили и варичела спореди слики на што ти личи. И на дежурно да го видат најдобро ако ижа други симптоми
    А и трето може да е вирусно исфрлањаво да не е сипаница
     
    На Marge му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    2.964
    Ништо, ништо друго нема. Вчера најнормално бевме во градинка, кога си дојдовме наеднаш качи 39.5. Не живеам во Мк, се јавив кај педијатар, рекоа дете после 3 дена тт, се носи на лекар, пред тоа не :^) И наводно од заби било, вади 4ка. 13 месеци е. Инаку сега за сега само на рачиња и на ноџиња има. Како што читав на нет, сипаниците прво на стомак или грб се појавувале, ама може не е правило. Ако има утре поизразена реакција или пак тт, ќе го носам на хитно.
    И уште нешто, ако се сипаници, јас немам прележано, кога да очекувам кај мене?
     
  14. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.220
    Допаѓања:
    18.962
    Мислам во наредни 14 дена.
    Јас уште памтам првата сипаница на рака ми излезе, крупната и беше одма меур со вода полн.
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.394
    Допаѓања:
    200.855
    Пол:
    Женски
    Ова може и коксаки да е. Има околу устата или внатре осип?
    Иначе не е варичела, не е ваков осипот.
     
    На Marge му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.409
    Допаѓања:
    9.012
    Пол:
    Женски
    Sea proagame varicela i mene ne mi lici na toa. Baska race noze posledni se isfrlaat ne prvi. Veke sleden den kaj varicela ke imas bar edno meurce ama ubavo golemo nema utka ko plikce
     
    На Marge му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    2.964
    Има како две црвени точки околу устето и една на јазичето. Од вчера до сега нема нови, само тие на рачињата се многу зацрвенети. Ако е коксаки, треба ли нешто да го мачкам до понеделник, додека отидеме на педијатар? Како да го третирам, што да му давам? Си јаде и пие нормално, можеби нијанса помалку од вообичаено, ама не е да одбива.
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.394
    Допаѓања:
    200.855
    Пол:
    Женски
    Ништо посебно, терапија како за вирус. Ако има температура, форсирај течности, јадење ако сака и полесна, незачинета храна да не го иритира јазикот. Мислам дека осипот не се мачка со ништо.
     
    На Marge му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Alea123

    Alea123 Активен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2021
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Zdravo mimicki edno prasanje malava nemam mn appetite da jade i e oslabnata kazete mi iskustva
     
  20. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.220
    Допаѓања:
    18.962
    Денес немам др на распокагање па ајде тука се надевам од искуство ќе знаете да ми кажете.
    Дали укажува на нешто кс? Нос тече проѕирно, се закашлува, вчера 37.5 малку крена и толку немаше од тогаш.
    Брисевите се чисти 20220514_120311.jpg
     
    Последна измена: 14 мај 2022