1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Дали кружи некој вирус со упорна температура? Два дена под 37 не ѝ спаѓа. До кај 39 се качува, давам далерон. Нема ништо друго вака, не тече нос, не кашла, не хрчи, јаде пие, колку толку. Утре планирам кс да правам. Година и пол е.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    4.438
    Пол:
    Женски
    Ајде и овде совет да побарам...минатата недела имавме малку секрет од нос, некогаш безбојни мрсули некогаш зелени..ама само од едната ноздра...неколку дена го чистев со физиолошки и кога ќе шприцнев излегуваше зелениот секрет иначе течеше како водичка...

    во текот на неделата бевме кај матичната сакав да го прегледа зошто сакам да го вакцинирам со МРП и кажав за носот, го прегледа немаше ништо на слушалка, немаше црвено грло, само рече малку има како секрет да му се спушта од нос накај грло и ајде рече да направиме крвна слика и брисеви

    викендот си легна нормално, спиеше неколку часа се разбуди на сред ноќ и беше топол...му дадов млекце како нормално, го раслеков реков ќе го пратам, проба да заспие и наеднаш се што испи поврати во еден голем млаз и веќе почна да гори...му мерев темп 38.6 и ајде сируп одвај се изборивме никако не сакаше да пие..после некое време ајде реков пак да му дадам млеко дека целото го поврати претходно ама пак го поврати...не успеав да му мерам температура многу плачеше се опираше, стигна топлометарот некаде до 38 сигурно му беше над пак...ајде пак сируп одвај и некако заспа...цел ден креваше горе долу, иначе давав далерон ама очигледно не делуваше, матичната ми рече купи блокмакс, два пати дадов преку ден и толку повеќе не крена температура...

    Направивме крвна слика, седиментацијата беше 12, а леукоцитите му беа мирни некаде 6, ги однесов резултатите кај матичната, пак го прегледа, нема ништо освен тој секрет што му се слева позади грло...денес зедов резултати од брисеви, чисти се..матичната ни даде само 7 дена виранто, сеуште не и ги имам пратено резултатите од брисевите ама бидејќи се чисти не верувам дека нешто ќе ни даде...

    Искуство на некоја мамичка вака со течење нос, само со еден ден температура...незнам дали следно да правам уринокултура или сепак е нешто вирусно
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.395
    Допаѓања:
    200.856
    Пол:
    Женски
    Вироза е. Што толку форсираше млеко кога ти повратило? Давај незасладен чај или вода кога има покачена температура, не млеко.
    Давај пробиотик некое време, ако се повтори температурата, провери урина. Ако не, нема потреба.
     
    На MemoryOfUniverse, mal.ecka, doubleinfinity и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    @doubleinfinity Кога детето има температура не давај млеко и благо, дури некои доктори ми имаат кажано и јајца да избегнувам.
     
    На MemoryOfUniverse и doubleinfinity им се допаѓа ова.
  5. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    4.438
    Пол:
    Женски
    Само така заспива ако се разбуди навечер :( ама откако ми поврати два пати си реков дека не требаше да му дадам млеко, паралелно со температурата сигурно многу му стежна на стомачето...благо и онака не јаде освен бебе бисквити некогаш, јајце исто не јаде, само жолчка ама следниот ден го чував само на полесна храна, овошје и житарици за доручек, чист зеленчук за ручек, не сакав да го товам со месо бидејќи цел ден беше омалаксан од температурата...друг пат не давам млеко
     
  6. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Колку што знам над година е детето, ако не грешам. И да не е болно нема потреба од млеко ноќе, пробај да го презаспиваш со вода и со тек на време и од тоа ќе се одвикне.
    Вироза е, ќе помине како што ти кажа Ана погоре.

    Ние мака мачевме со носето 4 месеци. Сега додека беше штрајкот не идеше во градинка туку скоро секој ден бевме во природа. Магично му помина и сега само зборам на сите природа, чист воздух. Нема подобар лек.
     
    На Филотеа, elimkd, doubleinfinity и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    4.438
    Пол:
    Женски
    оооо сори сум те скокнала не ми стигна нотификација дека си ми пишала...не знам ни јас искрено зошто форсирав млеко, као последно беше јаден во 7 а веќе беше 5 сабајле па да не е гладен, мислев полесно ќе заспие со полно меше...со пробиотик не сум ни престаната, имаме и Атопичен Дерматит и веќе година и 4 месеци давам редовно секој ден

    Да да година и 4 месеци е, ајде ќе пробам со водичка, чај не пие, сок не пие, ништо не пие освен вода и млеко, никако дента кога беше со температурата неможев ни електролити да му дадам, ми ги препознава дека не се вода...да му пренесам на татко му да си го носи во планина почесто :)

    Фала ви многу на одговорите
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.395
    Допаѓања:
    200.856
    Пол:
    Женски
    Течности само. Млеко ако ептен бара, инаку и навечер веќе нема потреба да јаде. Ќе биде добро, има еден куп вируси цело време. Пробиотик штом даваш, добро е.
     
    На MemoryOfUniverse, mal.ecka и doubleinfinity им се допаѓа ова.
  9. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.409
    Допаѓања:
    9.012
    Пол:
    Женски
    Moeto pa a e bolno na cicka visi...zatoa i ne ja odbivam...ili za majcino ne vazi muabetov?
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Joraa

    Joraa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2021
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    933
    Пол:
    Женски
    Zdravo devojki , imam vnuk od 6 godini i toj od koga e roden imat problem so hemoglobinata vo krv, e veke site mozni ispituvanja sme mu praele vo Skopje vo site reparti i na kraj dondoa deka toa e naslesdvo i nemat nikakva bolest. E sega dali zaradi hemoglobinata e toa sto na celo telo ama osobeno na nozete imat kako modrici bas vakvi golemki krugoi modrci i dali znaete sto da piet da mu se trgnit.
    Istiot problem e imat i majka mu
     
  11. bebedjakova

    bebedjakova Активен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    здраво. се работи за 4 годишно дете .. третиот крај му е многу отечен .. не пратија кај др Афродита Јакимовска за преглед и да виде за операција ... на секој две недели воспаление на увото и грло фаќа од крајникот ... некој искуство со докторкава и колку отприлика се чека за операција бидејќи не може ниту да спие навечер
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.395
    Допаѓања:
    200.856
    Пол:
    Женски
    Мајчино млеко е посебна категорија, за него не важи ова.
     
    На Pacient srna, mal.ecka и Jana06 им се допаѓа ова.
  13. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Не, не. Мислеше на ад или тетрапак кога веќе не е примарна храна.
     
    На Pacient srna и mal.ecka им се допаѓа ова.
  14. Asja

    Asja Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    1.111
    Пол:
    Женски
    Поздрав мајки,сакам и ваш совет ако имате вакво искуство.Од саботата малиот ми е со температура,и до понеделникот давав Блокмакс,ама не му спушти скроз па во понеделник отидов кај матичната му направив кс и брисеви.Крајниците му биле многу отечени,леукоцити покачени,црп 16,и она ни препиша Оспен.Меѓутоа откако ми почна со Оспенот,секој час ми плачеше од стомачни болки иако давав пробиотик.Утредента почна и да стенка често,темп. пак не спушти,и во среда навечер го однесов во Козле,една специјализантка го прегледа,рече на гради е чист,грлото малку црвено и му направи исто кс,кај што се виде дека црп се покачило на 36,значи Оспенот не делувал.Ми порача утредента да одам таму на Орл преглед,и така направивме.Утредента,на наша огромна среќа,ја начекавме др.Лидија,она само што го слушна кажа дека малиот има пневмонија.Многу ми падна тешко оти цела недела по лекари сме.Продолживме со ртг,и само се потврди пнеумонијата,го боцнаа со Урбазон еднаш и ѓи препиша Панцеф и инхалација со Вентолин на 8h.Меѓутоа на излегување ми рече ако не ти се свиѓа терапијава,дојдете утре лежете тука,п ќе видиме.Се двоумам дали ќе му помине со Панцефот или сепак да одам во Козле? Ова му е првпат што се разболи вака,скоро 4 години е и ептен е исплашено.Што би ме советиле?Фала однапред
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.181
    Допаѓања:
    4.874
    Пол:
    Женски
    Здраво, син ми има 4 год, околу 19кг.Веке 2 месеци е болен, крвна слика добра, а тој кашла со шлајмови, и носот полн, апетит никаков.Не јаде ништо.Неколку пати го носеев на лекар, крвна слика добра, малку лимфоцити само покачени, брисеви чисти.Прво испи виранто, го попушти 2-3 дена, после тоа ни даде Мукоплант и лоратадин, па после нив Риностоп и флексоназе спреј, и пак ништо.Нема температура ама кашла со шлајмови како пушач, носот исто цело време му е полн, весел е, многу игра со вода мислам дека од тоа е болен и се му жешко се соблекува, трча постојано, скока и се мокри и мислам дека од тоа неможе да оздрави. матичната вика ништо не му е.Не јаде ич, мн пребира. Да не има некои запчиња да раснат на 4-5 години?Што да давам нешто да оздрави, во аптека ми препорачаа тулол хот сируп ама тој е за над 6 год.
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.395
    Допаѓања:
    200.856
    Пол:
    Женски
    Ништо не му е, не е болно. Ми личи на нормално здраво дете, не клукај го за џабе со лекови без потреба. Секретот од носот може да е на алергиска база, тоа не е исклучено. Од вода, потење и физичка активност не се настинува. А болни деца генерално не се физички активни, весели и не си играат, напротив.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.181
    Допаѓања:
    4.874
    Пол:
    Женски
    Баш напротив, не мие намерата да го клукам со сирупи, од како е роден 2 пати има пиено антибиотик само, здраво дете е, ама од лани како фативме ковид од тогаш цело време ми се разболува, или нос ке му тече, или ке кашла, давам ацерола само и витамин д, и чат пат виранто ако го фати многу. Сега ме буни веќе што 2 месеци никако да му пројде, се плашам да не испушти матичната нешто, многу кашла и не јаде,а активен е 300 на саат од сабајле до вечер,нема да се истрча па да се смири, цело време скока, трча, не седнува повеке од 2 минути во место, и се шлака со вода,не слуша, се пресоблекува по 20 пати, со поглед да го следиш ке се премориш а многу малку јаде.Се надевам дека е фаза:wasntme:(fingers)
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.220
    Допаѓања:
    18.962
    Ист е син ми. Ковид немаме прележано. А има дупло повеќе пати пиено антибиотик. Носот му тече и мислам дури не отидеме на планина или море нема да му прекине.
    Крвна слика супер брисеви чисти
     
    На mimiiiii, MemoryOfUniverse, macalavica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.395
    Допаѓања:
    200.856
    Пол:
    Женски
    Ама не е болно, што да пројде, течењето нос е нормално за тој период, јас не знам дете што не му тече нос, без разлика дали оди во градинка или не. Особено оти е активен физички, и поминува доста време на отворено (претпоставувам).
    Ако имало нешто, крвната слика сигурно ќе покаже, а таа е чиста како што кажуваш.
     
    На macalavica и mal.ecka им се допаѓа ова.
  20. Madrugada

    Madrugada Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2021
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    185
    Пол:
    Женски
    Земи сируп за исклашлување секрет од аптека и често прскај му Синомарин спреј во нос.