Млеко на 6г? За што? Крвта е слаба а вие млеко давате... Сменете доктор под итно. Од што да му се поправни крвна слика, од млеко сигурно не.
Ние имаме влажна кашлица ретко обично кога спие,стае од псиење икога трча,растечено носе (зелено),премногу поти и тт до 38.8(ја слимнавме),црп-то ние 89,7 превисоко,пиеме Панцефт инхалаци со Вентолин и Пулмикорт во петок сме на контрола,а детето е весело.Многу ми е страв пак да не завршиме во болница,и правам дренажи го чистам носот ја мачкам со мукоплант.Дајте ми совет што друго можам да дадам,да направам
Да пробаат со Киндер Имун на Др. Волц. Зимата му давав јас за имунитет, му отвори апетит многу, и кај други истиот ефект го имаше. Содржи Б витамини и Ц витамин, плус цинк и бета глукани. И за млеко и јас ќе ве советувам, при анемија особено млеко во голема количина не е потребно, ниту е нешто особено корисно.
Ако само млеко пие ќе биде слабокрвно детето. После 2 години млеко и млечни производи треба околу 350 (нјамногу до 500) милилтри дневно да се внесат. Тука спаѓаат и млеко и јогурт и павлака и сирење и кашкавал и урда и се што се прави од млеко. Околу 30 грама сирење е 100 грама млеко на пример. Млекото и млечните производи имаат калциум кој е многу битен за развој,ама ако се претера со количина спречуваат асорпција на железо (не даваат железото да навлезе во крвта). Ако е слабокрвно нема ни апетит. Така што намалете млеко обавезно. И видете што ќе почне друго да прифаќа. за да подобрите крвна слика треба месо, мешунки (грав, грашок, леќа), јајца, спанаќ, цвекло, просо. Иако ако е прилично ниско железото само препарат со железо ќе му помогне на почеток а потоа со исхрана ќе пазите да не падне пак. За апетит пробајте со мултивитамински сирупи или со Б-комплекс сирупи (Б-комплексот отвора апетит). Ама прво лекар прашајте кој точно да го земете. Јас на пример во зима заради имунитет му давам Бекутан Омега 3 сируп или мултивитамински исто од Бекутан и тогаш јаде повеќе. @Bebence29 ако е детето покриено со терапија нема што многу да правиш. Ако е затнат носот помага спиење со кромид исекцан на парчиња ставен во близина на главата на детето (до кревет или под кревет). Ама тоа е за нос. За кашлица од плуќа знам дека се става сало на хартија за печење (истата се продупчува и над неа фолија и така спие детето) или може газа со пчелин восок на гради исто да се стави. Знам ставаат и лој од гуска ама не знам како точно. Е сега овие бабини лекови се повеќе за вирусни инфекции. Ако има детето високо ЦРП тогаш е бактерија и не знам колку ќе ви помогнат.
Бекутан со кафеаво капаче Судокрем Пенатен во лимена кутија. Првото е најслабо последното е најјако за црвенило.
Канестен? На моево мислам Веледа за пеленска регија најмногу му помогна и седењето во чај од кантарион.
Прашај лекар дали е кандида ако е тогаш канестен. Ако ја чеша најверојатно е кандида. Со канестен проаѓа за 7 дема
Мајки совет, мали треба да прима мрп ама веќе 1м има сува кашлица не нешто постојано ама поткашлува. На лекар носен грло градо црп кс супер. Незнам дали да го носам на вакцина дали да одам пак на преглед вака нема друга мака освен заби што вади... има некој сируп на природна база за ова или ја прашав и докторкана ама немам одговор сеуште?
И брисеви чисти има? А проба да дадеш летизен да видиш дали ќе се смири илу нешто за алергија? Што знам, зависи од кашлањето ако секој ден ми се закашлува 3 4 пати не би го носела ако е повремено ок... Јас имав бактерија во нос веќе 14 дена сум со сува кашлица а се ми е ок и кс и црп ... матичнава ми вика може и цел месец да кашлаш. Чисто ти кажувам да не има некоја бактерија, затоа што на син ми на кс и црп не му покажа, а на брис да.
Мајки од што сте задоволни за побрзо смирување на кашлица. Почна со тт, влажна кашлица ама сега веќе како да крчи како посуво, а и грлото му е црвено. На контрола сме понеделник. П.с 2 години, прв пат кашла. Му давам виранто, спреј синомарин.
Не правевме брисеви не ни рече докторката, искрено мислев ако нема ни секрет ништо дека нема потреба ама ете што викаш може треба. А не е константно да неможе да спие ама 10тина пати дневно се заканува нека и го буди
Па можеш да пробаш да испиташ. Него кс мирна а сепак со бактерија . Тоа е многу некако 10 пати дневно суво да кашла, може и алергиски да е ништо чудно... во тој случај лично јас не би го носела на вакцина. Сега требаше да ја прими таа на 18м ја оставив за септември
Исти бевме. Јас сум во Аус, носена редовно на доктор, бидејќи кога се појави кашлицата која траеше добри 5-6 недели , имаше и температура првите недели. ништо на гради, грлото и беше океј. Активна, 300 на саат. Не знам ни јас колку доктори прашав, знаејќи дека се ближат вакцините на 18м, на крај ја однесов во главен траума центар за педијатрија, специјална болница само за деца и педијатри ако не е итно тешко се доаѓа до термин, се чека многу ама отидов во итна помош, чекавме 3 часа дека не беше итно ама зборував со 2 специјалисти кои ја прегледаа детално, не и земаа ни крв за кс, рекоа ако немала темп во последните 7 дена, да ја носам на вакцина и дека кашлицата после вирус може да трае со недели- грлото и беше ок и градите исто. тука се колнат во тие специјалисти и добро беше, немаше реакција од вакцината. Ти во мк можеш и кс и брисеви за да си мирна ако сакаш да направиш.
Моиве и двете имаа два дена само покачена тт, прво малата па после скоро месец и големата. Значи само тт два дена и потоа кашлица,а грло и гради чисти. За една недела помина кашлицата. Ѝ давав сируп Лихен.