На снко од сабајле почна да му тече носот, проѕирен секрет како чешма, и очите му се зацрвенети и му солзат. Нема температура. Што да му давам, читам по темиве за Виранто, дали е за ваква ситуација? му немам давано до сега
Да, јас давам Виранто во таков случај и си останува на тоа или поминува за брзо. Што побрзо се даде после први симптоми поголема ефикасност има.
Што да дадам на мали, од пладне нос му тече и поткашлува сега сега стана ќе повратите од шлајм неможе да спие ме преплаши
Солен раствор влечи со пумпица и септаназал или оперил пп. Виранто земи дај му. Течности многу од утре друго нема што да му дадеш. Ако ептен не спие прегорен шеќер ама тој повеќе е за сува кашлица мислам.
Јас давам одамна за над 2г се ама ради проблеми со уши ставам. А го чујам дека е затнат почнувам. Олеснува. 5дена макс се корстат. 20месеци се веќе можеш
Мајки децата ми ги фатиа вирус, една ноќ со повраќање, потоа температура која се движи до 39, и не многу досадна дијареа, едното од вчера е супер, спадна тт но другото веќе четврти ден денес со температура, вирусно е, давам само сируп за температура, но многу ми е жал што толку време го држи, го исцрпи, несака да јаде, едвај млекце и водичка… што правите во вакви ситуации кога не спаѓа температурата? Дали има и некој друг со ваков одвратен витус? Инаку и мене ме префати за белата да е поголема
Мајки, облоги освен со оцет со што друго може за температура? Имам ациди борици и алкохол 70% ми качува до 37.7 без веднаш температура а мо е страв да не качи повеќе со туширање не симнува
На 3 месечно бебе му имам ставано оперил по препорака на педијатар. Ако е многу затнато детето повеќе корист има да прснеш.
Леле јас овде во англија се молам нешто за носот да ми препишат. 21 месец е, уште само солени капки ми даваат, така требало За Мк ќе идам скоро, што можам да земам од аптека за олеснување кога има вирус и не даваат ништо? Само оперил за деца? Виранто за што давате, да земам ли? Помогнете плс Инаку ми рекоа дека ќе се оштети слузницата ако давам нешто што не е за нејзина возраст ама веќе е 21 месец, што знам
Па не знам, многу добар доктор му препиша тогаш, сега има 2г7м и дали 3 пати се на се имам ставано оперил. Ама за цитерал капки и било какви антибиотски ми кажа да не ставаме за секоја бактерија дека од тоа се оштетува. Пример за мораксела не ставаме. Земи виранто, се дава при вирис исто и капки мералис. Иста фунција како оперил само подобри се.
Септаназал се подобри од оперилот имале некоја додатна заштита за слузница. Виранто на први симптоми на настинка.
Мајки некој совет ако може,малата е 23 месеци и пред две недели носот почна да и тече па и се направи шлајм. Крвна слија супер, брисеви негативни а таа кашла и се слева шлајм во грлото и ги голта. Неколку пати и ги поврати. Матичната и даде 5дена инхалација со синомарин и 6 дена капки цитерал,завршивме и никаков ефект нема шлајм уште има во носето. Навечер не кашла ама преку ден кога игра шлајмови вади. Некое ваше искуство како да го исчисти шлајмот или сепак треба подолго време да го искашла. Фала многу
Син ми е 14 месеци, од вчера по рачињата му се појавија 3 црвени точки, денес се доста пораснати, тврди се некако на допир и ме загрижува дека се поголеми од вчера. Да беше убод од инсект, претпоставувам би требало да се смалува. Не ми изгледа дека го чеша. Се јавив кај лекар, ми рече само да следиме ситуација, ако биде вака и во наредните денови, да се јавам пак. Да ми кажете, вие со повеќе искуство, што би можело да биде, не знам дали добро се гледа на сликиве. @Annath ќе те тагнам и тебе, знам дека имаш повеќе искуство, ако можеш да видиш, минатиот пат кога имаше пак црвенила, беше во право за коксаки вирусот.
Ова е или комарец или пајаче. Каснато е, и обично вториот или третиот ден се поголеми, после се смалуваат, синопен ако имаш намачкај или нешто за после убоди од инсекти.
А зашто ти дала цитерал ако нема бактерија? Септаназал земи . Ќе почнат пари од септаназал да ми даваат ама ја со тоа го оправам син ми... И влечеш со аспиратор така? Носко купи го тоа со усисвач што се влече во анифарм го има. И земи аква марис ти се со пумпа под притисок убаво прскаат